Црна хроника
Приведени двајца македонски државјани за поседување 1,3 кг хероин

Министерството за внатрешни работи заедно со Царинската управа уапсија двајца македонски државјани од кои заплениле 1 кг 300 гр хероин, при што е пресечен меѓународен канал.
Министерството за внатрешни работи заедно со Царинската управа уапсија двајца македонски државјани од кои заплениле 1 кг 300 гр хероин, при што е пресечен меѓународен канал.
Имено, околу 20.40 часот, во средата, на ГП „Табановце“ на излез од Македонија по претходно добиено сознание, во автобус кој сообраќал на редовна автобуска линија Струга – Луцерн, Швајцарија од страна на царински службеници од Царинската управа извршен е претрес и преглед на патници и багаж при што во двојно дно на куфер со залепена карта за багаж на рачката во сопственост на А.П.(54) од Кичево патник во автобусот пронајдени се четири црни најлонски пакувања со непозната прашкаста материја за кое што утврдено е дека се работи за наркотична дрога хероин.
Тој, за 1.500 евра бил ангажиран да го изврши транспортот до Швајцарија од страна на лицето М.Ј.(35) од Гостивар кој бил организатор на транспорт кој исто така патувал во автобусот и седел во непосредна близина на лицето транспортер. Одземената прашкаста материја е предадена во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР, за понатамошно вештачење. По извршено вештачење утврдено е дека се работи за хероин со вкупна маса од 1 кг 258 грама. Од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога до ОЈО Куманово, поднесена е кривична пријава против двете лица за сторено кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.