Спорт
Инцидент по кошаркарскиот натпревар Лирија-МЗТ
По завршувањето на првиот четвртфинален натпревар одигран во рамките на кошаркарскиот Куп на Македонија, помеѓу екипите на Лирија и МЗТ, околу 19:40 часот се случил инцидент во кој што полесно се повредени тројца полицајци, додека МВР нема информации дали има повредени меѓу навивачите.
Според информациите на Министерството на внатрешни работи, натпреварот го следеле околу 1000 гледачи во салата во Сарај.
Дел од навивачите по завршувањето на натпреварот се обиделе да ги нападнат кошаркарите на МЗТ, односно гостинскиот тим, но полицијата ги спречила. По ова навивачите почнале да фрлаат со столчиња и со други предмети кон полицијата.
Униформираните полициски службеници успеале да ги совладаат навивачите и ги спровеле во автобусите и возилата.
По кратко време дел од навивачите се вратиле и повторно се судриле со полицијата, и повторно почнале да фрлаат предмети кон нив.
Министерството за внатрешни работи ќе го испита инцидентот, а против инволвираните навивачи во инцидентот ќе бидат поднесени и соодветни пријави.
Инаку натпреварот на теренот заврши со победа на МЗТ од 83:74. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Клементе за Јамал: Ако продолжи вака, неговата кариера нема да трае долго
Поранешниот селектор на Шпанија, Хавиер Клементе, го критикуваше еден од најдобрите фудбалери на Барселона, Ламин Јамал.
На искусниот стручњак не му се допаѓа однесувањето на 18-годишникот надвор од теренот и се плаши дека неговата кариера нема да трае долго поради тоа.
„Како играч, тој е многу добар, но проблемот е што не знае како да се однесува надвор од теренот. Ако продолжи вака, неговата кариера нема да трае. Тоа е јасно“, остро рече Клементе.
Од друга страна, на Клементе му е јасно дека станува збор за извонреден играч.
„Тој прави брилијантни работи, но ривалите веќе знаат како игра, знаат како да го гледаат. Тие знаат дека тој е еден од оние играчи на кои не треба да им се дозволи да играат затоа што е со висок квалитет, а може да направи толку многу на теренот“, заклучи Клементе.
Спорт
Флорентино Перез се повлекува од Реал
Легендарниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез, одлучи да се пензионира пред крајот на својот мандат.
Долгогодишниот прв човек на Реал Мадрид планира да ја напушти својата функција во 2026 година, две години пред крајот на актуелниот мандат, објавува новинарот Пепе Алварез.
Како што е наведено, 78-годишниот Перес сака уредена и планска транзиција на власта во клубот, без оглед на тоа дали членовите на клубот ќе ги поддржат неговите предлози на референдумот или не.
Перес стана претседател на Реал за прв пат во 2000 година, првата ера траеше до 2006 година, а втората, која започна во 2009 година се уште трае.
За време на неговиот мандат, фудбалскиот клуб Реал Мадрид беше прв во Европа седум пати, победник на Суперкупот исто толку пати, со пет трофеи од Ла Лига и три Купа на кралот.
Во тој период, кошаркарите освоија седум титули во АЦБ лигата, три Евролиги и седум Купа на Кралот.
Перез е синоним за модернизација на Реал – не само на теренот, туку и преку проекти како што се реновираниот „Сантијаго Бернабеу“ и глобалната експанзија на брендот.
Засега не е познато кој би можел да го наследи.
Спорт
(Видео) Меси и Лаутаро за рутинска победа на Аргентина во Ангола
Аргентинската фудбалска репрезентација ја победи Ангола со 2:0, како гостин, во пријателски натпревар одигран на стадионот „11 Ноември“ во Луанда.
Централна фигура на натпреварот беше Лео Меси, кој беше пречекан од домашните навивачи како божество или барем како национален херој.
Меси се најде во почетниот состав диктиран од неговиот имењак Скалони, како и повеќето од најдобрите играчи на Аргентина, па публиката можеше да ги види светските шампиони во акција во речиси најсилниот состав.
Меси и Лаутаро беа главни протагонисти во триумфот, со по асистенција и гол.
Гостите поведоа во 43-та минута кога Меси го проигра Лаутаро, кој со удар од првиот допир ја погоди мрежата на Ангола.
Во продолжението, Аргентинците ја контролираа ситуацијата на теренот, а победата ја запечатија во 82-та минута кога Мартинез му се реваншира на Меси, несебично го проигра, а тој рутински го дуплираше водството на „гаучосите“.
Меси го постигна 895-от гол во кариерата.
LIONEL MESSI SCORES !!!!!!!!!!!!!!!!!!
THE BEST PLAYER IN THE WORLD, THE BEST PLAYER EVER !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
HE CAN DO IT EVEN AGAINST ANGOLA, MESSI CAN SCORE AGAINST ANYONE !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
pic.twitter.com/86NAauoXX8— TheScreenshotLad (@thescreenlad) November 14, 2025
Пред натпреварот, славниот Аргентинец доби посебен подарок од претседателот на Ангола по повод педесетгодишнината од независноста на оваа африканска земја од Португалија, а централниот дел од прославата беше токму натпреварот против светските шампиони.
Аргентина од овој натпревар заработи 12 милиони евра.
🚨The President of Angola presented a special award to Leo Messi to celebrate the 50th Independence anniversary of the country.
Messi is a symbol of unity⚽️❤️🐐 He unites all with his greatness
— 𝐂𝐀 𝐕𝐀?🐐🐐 (@psg_chief) November 14, 2025

