Контакт

Надворешна политика

УНХЦР: Во Македонија рекорден влез на 5.600 мигранти во еден ден

Објавено пред

Рекордни 5.600 мигранти влегле во четвртокот во Македонија од Грција, двојно повеќе отколку вообичаена досегашна бројка кога тој број осцилираше меѓу 2.000 и 3.000лица, објави во петокот Високиот комесаријат на ОН за бегалци – УНХЦР во соопштението за медиумите.

dobivaj vesti na viber

Претходно во петокот македонското Министерство за внатрешни работи објави дека во четвртокот дека биле издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за азил на вкупно 1.808 странски државјани меѓу кои 310 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 125 деца кои патуваат без родител.

„Вчера (во четвртокот, 3-ти септември) во Македонија влегле 5.600 луѓе“, се наведува во изјавата на портпаролката на УНХЦР, Мелиса Флеминг. Станува збор за рекорден број влегувања во Македонија од Грција во еден ден, истакнува Флеминг и појаснува дека е тешко да се предвиди како ќе се развиваат работите следните денови и седмици.

Претставникот на УНИЦЕФ, Бертран Десмулинс, пак, предупредува дека македонските власти успеваат да регистрираат само половина од мигрантите коишто пристигнуваат од Грција, поради што во прифатните центри имаат отежнат пристап до хуманитарната помош. На новинарско прашање во седиштето во Женева, тој не знаеше да одговори дали причините за тоа се од логистички или, пак, од политички карактер.

Вообичаено од почетокот на октомври, поради влошувањето на времето на Средоземјето, ослабува притисокот на бегалците врз Грција и Италија, но последните бројки и натаму се високи без оглед на временските прилики, додава Флеминг. Од јануари годинава Средоземјето го минале 365.000 мигранти, објави Меѓународната организација за миграции (IMO).

Во периодот од 19-ти јуни до 4-ти септември во Македонија се издадени потврди на вкупно 58.959 странски државјани, од кои, 40.318 се мажи, 8.047 се жени, 9.277 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 1.317 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил, објави во петокот Министерството за внатрешни работи.

Од почетокот на 2015 година, бројот на регистрирани бегалци и мигранти е поголем од 130.000, а доколку продолжи ваквиот тренд на нивниот прилив од Грција, се проценува дека до почетокот на зимата ќе надмине 200.000 лица.

Говорејќи во четвртокот за Словенечката телевизија, македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски истакна дека Македонија, којашто веќе подолг период е соочена со навалицата од мигранти и бегалци „не доби многу помош од Европската унија, но неоправдано стекна многу негативен публицитет поради наводните бруталности на нејзините безбедносни сили“.

„Единствената конкретна помош изнесуваше 18.000 евра за македонскиот Црвен крст“, реле Попоски, додавајќи дека трошоците коишто Македонија ги има со мигрантите се изразуваат во милиони евра.

„Лесно е да се осудува Македонија од далеку, а да не се помага да се надмине проблемот. Би можеле да се однесуваме неодговорно и да кажеме дека тоа не е наша грижа, и да ја отвориме границата за сите, но тоа би било неодговорно и би ја засилило кризата во Европската унија“, предупреди Попоски./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет59 минути

Трамп: Знам точно што правам, решив 6 војни за 6 месеци

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се пофали со своите мировни достигнувања пред денешните потенцијално клучни разговори за Украина. „Знам точно...

Свет2 часа

Зеленски: Трамп има моќ да ја принуди Русија да склучи мир

Кога зборуваме за мир за една земја во Европа, тоа значи мир за цела Европа, порача украинскиот претседател, Володимир Зеленски....

Култура3 часа

Љутков од Слоештица: Меморијалната соба на Петре М. Андреевски не е запоставена, а ракописите се безбедно зачувани

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска ја посети Општина Демир Хисар, каде што оствари средба со градоначалникот Никола...

Македонија5 часа

Одбележан 18 Август – Денот на Армијата

Во присуство на највисокото државно и воено раководство, во касарната „Јане Сандански“-Штип, се одржа централната свеченост за воениот празник „18...

Свет5 часа

(Видео) Зеленски објави видео од нападите врз Украина: „Војната мора да заврши. И Москва мора да го чуе зборот: „Стоп“.“

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, остро реагираше на ноќните руски напади низ Украина, велејќи дека тие јасно ги демонстрираат намерите и...

Македонија5 часа

(Видео) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња

205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење....

Македонија6 часа

Поради пожар, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Македонија6 часа

(Видео) Јанковиќ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?

Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+. Зошто в.д. директорката не е разрешена кога е...

Свет7 часа

(Видео) Еден од најголемите протести во Тел Авив досега: „Запрете ја војната“

Десетици илјади демонстранти се собраа во Тел Авив за да побараат крај на војната во Газа и итно ослободување на...

Свет9 часа

„Зеленски се соочува со тешка средба со Трамп, мировните услови нема да бидат во корист на Киев“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочува со тешка средба со американскиот лидер Доналд Трамп во Белата куќа. Условите за евентуален...

Македонија9 часа

Се уште гори кај Јасен, под контрола пожарот во Јегуновце

Центарот за управување со кризи извести деак во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово низ земјава се регистрирани вкупно 28...

Македонија10 часа

Постапка против осум лица за масовна тепачка во Скопје: фрактура на черепот со крварење на мозокот, скршена долна вилица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата „Славеј...

Свет12 часа

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денеска, објавен распоредот на клучните состаноци

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денес, со распоред што вклучува клучни средби меѓу американскиот претседател Доналд Трамп...

Свет12 часа

Се огласија Русите: На Москва исто така ѝ се потребни веродостојни безбедносни гаранции

Русија се согласува дека секој иден мировен договор за Украина мора да обезбеди безбедносни гаранции за Киев, но на Москва...

Свет12 часа

Трамп: Некои работи не се менуваат, нема враќање на Крим и нема приклучување на Украина кон НАТО

Трамп се огласи на својата платформа Truth Social за да го повика украинскиот претседател да постигне договор за прекин на...

Свет12 часа

Зеленски пристигна во Вашингтон: Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Зеленски ќе се одржи денес во 13:15 часот по локално време...

Свет22 часа

Зеленски: Украинскиот Устав не допушта тргување со територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Брисел им упати низа клучни пораки на европските лидери, зборувајќи за трансатлантското единство, мировните...

Македонија1 ден

(Видео) Избегната катастрофа кај Брезница, пожарот се движи кон Козјак

Денес се регистрирани десет пожари на отворен простор, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, предупредувајќи дека...

Свет1 ден

Америка ѝ нуди на Украина заштита слична на НАТО, Путин, наводно, се согласил

Американскиот претставник Стив Виткоф изјави во интервју за „Си-ен-ен“ дека рускиот претседател Владимир Путин за прв пат се согласил да...

Топ1 ден

Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56...