Надворешна политика
Македонија е посветена на стратешкото партнерство со САД
На вториот ден од работната посета на САД, министерот за одбрана, Зоран Јолевски и членовите на неговата делегација остварија повеќе значајни средби, меѓу кои и со помошникот секретар за одбрана за меѓународни безбедносни прашања, Дерек Колет.
На вториот ден од работната посета на САД, министерот за одбрана, Зоран Јолевски и членовите на неговата делегација остварија повеќе значајни средби, меѓу кои и со помошникот секретар за одбрана за меѓународни безбедносни прашања, Дерек Колет.
На средбата со помошникот секретар Колет во Пентагон, Јолевски најнапред ги пренесе стратешките определби на Република Македонија, односно укажа на тоа дека нашата држава останува на патот чија цел е целосно интегрирање во Алијансата.
Воедно, министерот информираше дека Владата на Република Македонија ја разгледува можноста за идно учество во мировни мисии под покровителство на НАТО и ОН.
Во текот на средбата беа разменети повеќе идеи во насока на идниот ангажман на Армијата на Република Македонија во мисијата „Одлучна поддршка“, а од страна на министерот беше понуден и Центарот за обука на пилоти како можност за обука на пилоти на авганистански безбедносни сили.
Колет се заблагодари за севкупниот ангажман и за успесите кои ги направи Армијата на Република Македонија со своето учество во мировните мисии во Ирак и во Авганистан и додаде дека Република Македонија може да продолжи со зајакнување на меѓународните односи со учество во мултинационалните вежби под покровителство на НАТО.
Јолевски во оваа прилика ја истакна потребата да се унапреди стратешкото партнерство меѓу САД и Македонија, врз основа Декларацијата за стратешко партнерство и соработка потпишана во 2008 година, посебно во областа на одбраната. При ова беше констатирано дека е истото ќе биде од особено значење за двете земји.
Во текот на денот министерот Јолевски оствари средби и со сенаторите Дајен Феинстеин и Бил Нелсон, како и со конгресмените Пол Кук, Адам Смит и Џеф Милер, при што од нивна страна беше искажана благодарност за поддршката на Република Македонија во обезбедување на глобалниот мир, стабилност и демократските вредности. Истовремено, сите соговорници изразија недвосмислена поддршка за аспирациите на земјата за членство во евроатлантските организации./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.