Бизарно
Нови Сад: Ја „погодила“ песната, скокнала од мост и минала без повреди
Една дваесетгодишна девојка, во вторникот вечерта, во Нови Сад, скокнала од 25-метарски мост во реката Дунав, од бизарна причина, како што рекла „ја погодила песната“. Неименувата девојка, како што објави агенцијата Бета, минала без повреди.
„Сакав да дознаам дали јас тоа смеам да го направам и дали можам. И сега знам дека можам. Ова повеќе нема да го повторам, полицијата ми забрани бидејќи тоа е кривично дело, законите не дозволуваат скокање од мостови, велат дека е премногу опасно“, изјавила девојката која инсистирала на анонимност.
Таа седела во кафуле на популарната плажа „Штранд“ во Нови Сад, која се наоѓа во близина на мостот „Слобода“, најголем и највисок мост во овој град.
Девојката рекла дека скокнала од 25-метарскиот мост бидејќи „ја погодила една песна“.
„Јас не сакав да се убијам, јас го сакам и уживам во животот, иако живеам помалку лудо“, рекла девојката.
Веднаш откако испливала на брегот покрај екипа на полицијата на местото се појавила и екипа на итната медицинска помош. По извршените прегледи лекарот констатирал дека девојката минала без повреди. крај/мф/нц
Извор: beta.rs/blic.rs
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Бизарно
Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа
Украдената статуа на легендарниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли, која беше поставена во големиот градски парк во Мостар во 2005 година, беше пронајдена од полицијата, а злосторникот што ја украл и сокрил е уапсен.
Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одвоена од постаментот со пила и украдена. Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.
Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи статуата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.
Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати беше мета на вандали кои неколкупати го оштетуваа, па градските власти претходно го отстранија поради санација и доработка.
Бизарно
(Видео) Мона Лиза посипана со супа: Две жени го нападнаа познатото ремек дело во Лувр
На снимката се гледаат две демонстрантки како се прикрадуваат под бариерите заштитувајќи го ремек-делото на Леонардо да Винчи пред да ја потурат сликата со супа.
Потоа и двете ги соблекле јакните за да откријат бели маици на кои со големи црни букви беше испишано „Riposte Alimentaire“ – што значи „Одговор на храната“.
Сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз.
Демонстрантите, наводно, барале право на „здрава и одржлива храна“.
Ова не е прв пат Мона Лиза да биде мета на климатски активисти – во мај 2022 година, демонстрантите фрлија торта врз неа.
Маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли торта врз непроценливото дело, пред да извика „мислете на планетата!“ додека беше придружуван надвор од зградата.
Се обидел да го скрши и заштитното стакло пред сликата, но не успеал.
ALERTE – Des militantes pour le climat jettent de la soupe sur le tableau de La Joconde au musée du Louvre. @CLPRESSFR pic.twitter.com/Aa7gavRRc4
— CLPRESS / Agence de presse (@CLPRESSFR) January 28, 2024
Бизарно
УФЦ шампион донел девојка дома да ја вери, па дознал дека веќе е омажена
Навистина бизарна ситуација му се случила на актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Алекс Переира. Тој тврди дека неговата поранешна свршеница Мерл Кристин во текот на целата врска криела дека веќе била мажена за друг маж!
Се чинеше дека на Переира му цветаат рози на сите полиња. Тој е непобедлив во октагонот, а одлично му оди и на љубовен план… Беше во долгогодишна врска со избраничката Мерл Кристин и планираше да се венчаат, но потоа откри дека неговата саканата водела двоен живот.
Кристин била во брак додека била во врска со познатиот борец. Барем така тврди Переира.