Европа
Лавров: САД се обидуваат да ги контролираат односите на сите земји со Русија
Соединетите држави се обидуваат да го држат под контрола односите, без исклучок, на сите земји со Русија, изјави во понеделникот рускиот министер за надворешни работи, Сереј Лавров, за Россия сегодня.
„Американците, во принцип, се обидуваат да ги имаат под контрола односите на сите земји со Руската Федерација, и тоа без исклучок. И фактот дека во големиот број цели на нивните упорни повици да не се биде активен во односите со Русија, вклучително и повеќекратните такви повици до Кина, мене ме тера сериозно да се посомневам во адекватноста на одлуките кои се носат, не знам на кое државно ниво“, рече Лавров.
„Меѓутоа, сите партнери со кои се среќаваме, када и да патувам, или оние кои доаѓаат кај нас, моите колеги, мора да пред средбата да соработуваат или со американскиот амбасадор или со некој на пониско ниво што се донесува извесни услови, или, пак, со некој емисар на Вашингтон по регионот и дели предупредувања…“, додаде шефот на рускаа дипломатија.
Лавров притоа како најочигледна поткрепа на своите тврдења го посочи дуелот меѓу чешкиот претседател Милош Земан и американскиот амбасадор во Прага, Ендрју Шапиро околу најавената посета на чешкиот челник на Москва по повод парадата во чест на Денот на победата, 9-ти мај. „.. Како што амбасадорот Шапиро во Прага изрази жалење што Земан кусогледо постапува патувајќи во Москва. Тоа дури и не заслужува да го коментирам“, додаде Лавров.
Американскиот амбасадор Шапиро кон крајот на март изрази „неразбирање“ за одлуката на Земан да патува во Москва на прославата на крајот од Втората светска војна, кој во Русија се одбележува како Денот на победата со грандиозна воена парада на која се канат светските државници. За чешката телевизија изјави дека претседателот Земан би можел да биде единствениот челник на земја членка на Европската унија на прославата во Москва. „Тоа е помалку непријатно“, рече американскиот дипломат, додавајќи дека не е негова „задача“ да му кажува на претседателот на Чешка што треба да прави.
„По таа изјава, вратата од Прашкиот замок, се затворени за амбасадорот Шапиро“, изјави Земан оваа неделата за интернет весникот Parlamentnilisty.cz. Прашкиот замок, е некогашна резиденцијата на чешките кралеви, а подоцна на претседателите на земјата.
„Не можам да замислам дека чешкиот амбасадор во Вашингтон на претседателот на САД би му делел совети каде да патува. Не дозволувам некој амбасадор да учествува во планирањето на моите патувања“, порача чешкиот претседател./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

