Контакт

Европа

Локални избори во Италија, тест за владата и десницата

Објавено пред

Околу 13 милиони Италијанци се повикани во неделата да гласаат на првиот круг од делумните локални избори, чиј исход е важен и за разединетата десница и за левоцентристичката влада на премиерот Матео Ренци чија партија заостанува во престолнината Рим. 

dobivaj vesti na viber

Според сајтот на министерството за внатрешни работи, ќе можат да гласаат 13,3 милиони избирачи, од кои 18 илјади првпат ќе може да го остварат ова право. Гласачките места ќе бидат отворени од 7 часот а ќе бидат затворени во 23 часот. Ќе се избираат претставниците во 1.342 италијански општини, како и во големите градови како Рим, Милано, Неапол, Торино, Болоња, Трст и Каљари.

Најмногу избирачи има во Рим, каде што ќе се избира нов градоначалник, како и нов состав на градскиот совет, додека најмалку избирачи има во гратчето Мортероне, во покраината Леко, каде што се регистрирани само 31 гласач.

Најголемо внимание на изборите е посветено кон трите најголеми градови Рим, Милано и Неапол. Особено е интересно во главниот град, каде што претходниот градоначалник од владејачката Демократската партија, Инацио Марино, беше принуден да поднесе оставка по разгорувањето на скандалот за трошоците, а за нов градоначалник на Вечниот град претендираат дури 13 кандидати.

Прашањето е кој ќе победи во Рим, кандидатката на Движењето 5 ѕвезди (M5S), на сатиричарот Бепе Грило, која води во анкетите, или кандидатот на Демократската партија (PD) на премиерот Матео Ренци.

Медиумите како најверојатен победник ја именуваат кандидатката на M5S, Вирџинија Раџи, која во анкетите има околу 30 отсто од гласовите, наспроти 24 отсто за Роберто Џакети, кандидатот на PD кој е потпретседател на Домот на пратениците. На третото место е претседателската на партијата „Италијански браќа“, Џорџија Мелони, која е во шестиот месец од бременоста.

Во Милано на градоначалничката позиција претендираат девет кандидати, но главната борба најверојатно ќе се води меѓу кандидатот на левоцентристичките сили Џузепе Сала и кандидатот на десноцентристите, Стефано Паризи.

Во Неапол има десет градоначалнички кандидати, меѓу кои и актуелниот Луиџи де Маџистрис, кој според анкетите има и најголеми шанси да добие уште еден мандат.

Поразот на Демократската партија во Рим би бил лош сигнал за владата четири месеци пред клучното гласање за нејзино преживување на референдумот за уставните промени, покрај чиј успех Ренци би го врзал своето политичко преживување, најавувајќи го своето заминување во случај на неуспех. Неуспехот би бил уште поголем, доколку неговиот кандидат не би успеал ниту во Милан, од каде дојде актуелниот премиер, каде што е во тесна позиција со кандидатот на десната опозиција.

Успехот, пак, на Движењето 5 ѕвезди на национално ниво, би ѝ дал можност на оваа партија, која е често оспорувана како партија, да покаже дали умее или не да управува со најголемиот италијански град, и ќе претставува сериозен противник на следните парламентарни избори.

Пребројувањето на гласовите ќе започне веднаш по затворањето на гласачките места во 23 часот, но бидејќи се гласа во најголемите градови во земјата и во многу општини, конечните резултати ќе бидат објавени во понеделник. Доколку на изборите за градоначалници победниците нема да бидат познати веќе во понеделникот, вториот круг ќе се одржи на 19-ти јуни./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Руската елитна единица „Рубикон“ ја уништува клучната предност на Украина: „Многу е опасно да се биде оператор на дронови“

Објавено пред

Елитната единица Рубикон на Русија, нова дивизија специјализирана за електронско војување и лов на оператори на беспилотни летала, драматично го менува балансот на моќ на бојното поле и ја уништува претходната предност на Украина во војувањето со дронови, објавува „Фајненшл тајмс“.

dobivaj vesti na viber

Украинските пилоти на беспилотни летала, кои успеаја да им нанесат големи загуби на руските единици речиси две години, сега се цел на интензивен надзор и напади. Рубикон ја комбинира сопствената флота од борбени беспилотни летала, напредни системи за електронско извидување и брза ротација на тимовите за да лоцира и елиминира оператори до 10 километри зад линијата на фронтот.

„Лесно е да се замени дрон, но тешко е да се замени пилот“, рече украинскиот пилот Дмитро, кој опиша како за малку избегнал смрт кога руски дрон почнал да го следи над шума во близина на фронтовската линија.

Појавата на Рубикон предизвика застрашувачки превирања на дигиталното бојно поле, уништувајќи една од најголемите тактички предности на Киев. Неговиот успех дополнително ја оптоварува украинската војска, која веќе е во дефанзива против поголемите и подобро финансирани Руси.

Рубикон е „нашиот главен проблем“, рече Артем Карјакин, украински војник во близина на Покровск во Донецката област, клучен град на фронтовската линија кој се чини дека е на работ на колапс по една година борби.

„Доколку Русите немаа толку способни оператори на беспилотни летала, нивната пешадија немаше да може да влезе во градот“, рече Карјакин. „Многу е опасно да се биде оператор на беспилотни летала во моментов“.

Рубикон наводно има околу 5.000 членови и огромни ресурси. Наместо да се фокусираат на пешадијата, тие се насочени кон клучните украински оператори и логистика, возила, беспилотни летала и опрема што ги снабдуваат првите линии. Во исто време, тие обучуваат други руски единици и развиваат тактики, технологија и процедури за напредна контрола на беспилотни системи.

Аналитичарите од RUSI и Foreign Policy Research институтот велат дека Рубикон е еден од ретките, но значајни докази дека руската војска почнала да воведува иновации, оддалечувајќи се од ригидните бирократски структури што ја придружувале во раните години од инвазијата.

Украина се обидува да одговори со формирање сопствени тимови против беспилотни летала и воведување нови правила за операторите, менување на рутините, подобро прикривање, потивка работа и избегнување на непотребно движење.

„Најдобро е да седите во ров и да не се движите“, рече Дмитро. „Мислев дека можам малку да се шетам, но тоа е многу лоша идеја.“

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Фото) Русија го нападна Киев со стотици дронови и ракети: десетици повредени

Објавено пред

Русија изврши масовен воздушен напад врз Киев во ноќта помеѓу 13 и 14 ноември, користејќи стотици беспилотни летала и повеќекратни ракети. Според официјални лица, во нападот загинало најмалку едно лице, а 24 се повредени, а пет лица, меѓу кои и бремена жена, се хоспитализирани.

dobivaj vesti na viber

Експлозиите одекнувале низ целиот град, а бројни станбени згради биле погодени, објавува „Киев Индепендент“.

Шефот на воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, за време на нападот предупреди: „Русите се насочени кон станбени згради“. Тој додаде дека бројни станбени згради се погодени низ Киев, во речиси сите области.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека најмалку 11 станбени згради се погодени во ноќниот напад.

Државната служба за вонредни состојби на Украина објави дека спасувачките екипи евакуирале повеќе од 40 лица од погодените згради.

Напади, пожари и евакуации се пријавени во областите Подилски, Днепровски, Десњански, Соломјански, Свјатошински и Оболонски. Во областа Десњански, избувна пожар кој се прошири на петтиот до осмиот кат од станбена зграда, при што загина едно лице.

Покрај станбените згради, нападите оштетија и болница, училиште и дрвени конструкции на спортски центар.

Градоначалникот Кличко, исто така, извести за штети на делови од градската мрежа за греење, а службите за итни случаи во моментов ја проценуваат големината на штетата.

За време на нападот, прекини на електричната енергија се регистрирани и во неколку градски области.

Во поширокиот регион на Киев, шест лица се повредени во нападот, вклучувајќи и едно дете, изјави гувернерот Микола Калашник.

Четири лица се хоспитализирани со посекотини, изгореници и контузии на главата, додека седумгодишно момче претрпело повреди на лицето и добива медицинска помош. Калашник додаде дека во регионот биле погодени куќи, магацини, индустриски погони и автомобили.

Додека зградите гореа во Киев, украинските воздухопловни сили пријавија бранови беспилотни летала насочени кон централните, јужните и источните делови на земјата.

Групите за мониторинг соопштија дека повеќе од 120 беспилотни летала и мамки биле насочени кон главниот град, а десетици крстосувачки и балистички ракети биле лансирани кон различни региони. Предупредувањата за воздушни напади беа во сила низ целата земја.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Гори руски нафтен терминал на Црното Море: Украинците го нападнаа со дронови

Објавено пред

Украински дронови го нападнаа рускиот пристанишен град Новоросијск во Краснодарскиот крај преку ноќ, оштетувајќи нафтен терминал и предизвикувајќи голем пожар, објавија неколку руски Телеграм канали и локални претставници.

dobivaj vesti na viber

Нападот го погоди нафтениот комплекс Шешарис, оштетувајќи ја инфраструктурата и предизвикувајќи пожар. Големиот извозен терминал служи како крајна точка на нафтоводот на државната компанија Транснефт, најголемата светска компанија за нафтоводи.

Оперативниот штаб на Краснодарскиот крај го потврди нападот врз терминалот и рече дека неколку крајбрежни објекти биле оштетени во нападот. Официјалните лица велат дека пожарот во комплексот Шешарис е изгаснат.

Рускиот државен медиум РИА Новости, исто така, објави дека цивилен брод во пристаништето бил погоден за време на масовниот напад со беспилотни летала, при што биле повредени тројца членови на екипажот. Руското Министерство за одбрана соопшти дека единиците за воздушна одбрана собориле 66 дронови над Краснодарскиот крај преку ноќ.

Андриј Коваленко, раководител на украинскиот Центар за борба против дезинформации, проговори за нападот на социјалните медиуми. „Ова е нафтениот терминал во Новоросијск по нападот“, напиша тој на Телеграм. „Во меѓувреме, Русија ги таргетира станбените згради и енергетската инфраструктура.“

Нападот врз Новоросијск се случи откако Русија истовремено го бомбардираше Киев со бранови беспилотни летала и ракети во масовен напад во кој беа повредени најмалку 14 лица и беа запалени десетина станбени згради.

Новоросијск, клучен центар за руската логистика и енергетска инфраструктура на Црното Море, е цел на повторени украински напади. Киев ги смета руските рафинерии и петрохемиски фабрики за легитимни воени цели бидејќи тие обезбедуваат финансиска поддршка за воените операции на Русија.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции

Поранешниот министер за правда, Кренар Лога, објави дека се повлекува од партискиот живот и од сите функции што ги извршувал...

Македонија14 часа

Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот: предвидена набавка на 80 нови автобуси, реконструкција на улици, паркови

На денешната седница на Советот на Град Скопје беше усвоен ребалансот на Буџетот со еден глас против и еден воздржан....

Македонија16 часа

(Видео) Кузеска: Итно да се објави целиот извештај за непотребните операции на срце

Се соочуваме со еден од најголемите скандали во здравството во историјата на државата. Министерот за здравство јавно соопшти дека се...

Топ17 часа

Осум дена притвор за насилникот кој претепа и му се закануваше со нож на дете во Скопје

Судот определи притвор од осум дена за насилникот кој нападна и му се закануваше со нож на 12-годишно дете во...

Македонија17 часа

Гаши за барањата за датумот на одржување на изборите: Собранието постапува само врз основа на рокови

Во врска со сите барања и прашања што се однесуваат на одредувањето на датумот за изборите за градоначалник во Гостивар,...

Македонија18 часа

Коцевски алармира: Недостигаат финансиски средства и кадар, вработените во обвинителствата работат со натчовечки напори

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, денеска, пред пратениците алармира за состојбата во која се наоѓаат обвинителствата. Тој укажа дека недостигаат финансиски...

Македонија19 часа

Судиите со остра критика до Мицкоски: Вашите коментари ја преминаа границата на добро однесување

Судиите упатија остра критика до премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговите изјави дека моралот не му дозволува да се...

Македонија20 часа

Лекарите открија 10 непотребни операции на срце или неправилно упатени пациенти, засега велат дека не е етички да ги кажат болниците

Непотребно оперирани или неправилно упатени пациенти се пронајдени во десет од анализираните 19 случаи на кои работи домашната комисија формирана...

Македонија21 час

„Минималната плата оди на 26.400 денари, почнува новата економска ера“, велат од „Влен“

„По плебисцитната победа на локалните избори, каде што граѓаните албанци во секоја општина јасно ја искажаа својата доверба во ВЛЕН,...

Македонија22 часа

„Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта на Мицкоски“: СДСМ бара проширување на истрагата

„Корупцискиот скандал со ИПАРД фондовите не е изолиран случај, туку доказ за длабоко вкоренет, организиран систем на злоупотреби создаден и...

Македонија22 часа

„Поранешни соработници му го свртија грбот на Филипче поради недоверба во него и влијанието на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Расте незадоволството во СДС и потребата од итни реформи во врвот на СДС. СДС е во длабока криза која е...

Регион23 часа

(Фото) Турски пилот загина во Хрватска, а преживеа пад на авион пред 2,5 месеца

Авионот „Ер Трактор АТ-802“ се урна во близина на Сењ, додека беше на повратен лет помеѓу Риека и Загреб, соопшти...

Свет23 часа

Поранешен шеф на МИ6: Путин не е подготвен за договор со Украина

Поранешниот шеф на британската разузнавачка служба МИ6, Ричард Мур, изјави дека проценките на разузнавањето покажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин...

Европа23 часа

(Фото) Русија го нападна Киев со стотици дронови и ракети: десетици повредени

Русија изврши масовен воздушен напад врз Киев во ноќта помеѓу 13 и 14 ноември, користејќи стотици беспилотни летала и повеќекратни...

Европа24 часа

(Видео) Гори руски нафтен терминал на Црното Море: Украинците го нападнаа со дронови

Украински дронови го нападнаа рускиот пристанишен град Новоросијск во Краснодарскиот крај преку ноќ, оштетувајќи нафтен терминал и предизвикувајќи голем пожар,...

Свет1 ден

Би-би-си му се извини на Трамп

Би-би-си му се извини на американскиот претседател Доналд Трамп за погрешно изменетата верзија на неговиот говор од 6 јануари 2021...

Свет1 ден

Американците погодија брод на Карибите: „Четири наркотерористи убиени“

САД го извршија својот 20-ти напад врз бродови за кои се верува дека се користат за трговија со дрога, објави...

Свет1 ден

По одложувањето, екипажот на кинеското вселенско летало „Шенжоу-20“ се враќа на Земјата

Тројца кинески астронаути чие враќање на Земјата беше одложено поради вселенски отпад што го погоди нивниот вселенски брод минатата недела,...

Македонија2 дена

Ако правосудството работи по закон, и мојата плата ќе им ја донирам, рече Мицкоски кој засега не поддржува зголемување на примањата на судиите и обвинителите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека моралот не му дозволува да се согласи со зголемување на платите во правосудниот сектор,...

Регион2 дена

Истрага за странските викенд-снајперисти во Сараево: „Носеа пушки што личеа како за лов, ги таргетираа децата“

Обвинителството во Милано повторно ја активира истрагата за т.н. викенд-снајперисти – странци кои за време на опсадата на Сараево биле...