Европа
Норвешката влада ќе се жали дека не ги нарушила правата не Брејвик

Норвешката влада не се согласува со пресудата на судот според кој затворските услови за масовниот убиец Андерс Бехринг Брејвик ги кршат неговите човекови права, и ќе се жали на таквата пресуда, соопшти норвешкиот министер за правосудство Андерс Анудсен.
Судот во норвешката престолнина Осло донесе на 20-ти април пресуда според којашто на Андерс Брејвик, кој во нападите во 2011 година на две локации уби 77 луѓе, му се прекршени човековите права, бидејќи престојува во самица опишана како „целосно изолиран свет“.
„Од канцеларијата на државниот правобранител побарав да вложи жалба на таа пресуда. Затворските услови во кои престојува Брејвик, според мислењето на државата, не се нехумани и деградирачки“, како што е дефинирано со членот 3 од Европската конвенција за човекови права, истакна министерот за правосудство Андерс Анудсен.
Со пресудата од 20-ти април Брејвик го доби делумно судскиот процес против државата Норвешка, кој го покрена тврдејќи дека во затворот бил жртва на кршење на човековите права.
„Забраната за нехуман и понижувачки третман е темелна вредност на демократското општество. Тоа важи за сите…, и тогаш кога станува збор за терористи и убијци“, се наведува во пресудата на судијката Хелене Андеанаес Секулиц. Но во неа не се наведува и дека норвешката држава не го прекршила правото на Брејвик на приватен и семеен живот.
Брејвик е во затвор откако во 2011 година со автомобил бомба во центарот на Осло во близина на владиниот комплекси и подоцна од огнено оружје на блискиот остров Утеија, уби вкупно 77 луѓе, претежно млади луѓе учесници на летен камп на норвешката лабуристичка партија.
На рочиштето овој март, по вложената тужба, тврдеше дека неговиот престој во самица претставува кршење на Европската конвенција за човековите права, но норвешкото државно обвинителство тврдеше дека изолацијата на Брејвик е неопходно потребна бидејќи е „вонредно опасен“ и дека условите во кои престојува во затворот се „над границата на прифатливото“, во согласност со Европската конвенција за човекови права.
Бревик на располагање во затворот има три ќелии: една за живеење, втората за учење и третата за физичка активност. На располагање му се собен велосипед, конзола за видео игри, книги и весници, а дозволени му е учество и на затворските прослави на празници./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин