Свет
Американскиот раст во вториот квартал најсилен во последните две ипол години

Американската економија пораснала во второто тримесечје од годинава со најбрзото темпо во последните две ипол години, покажаа во петокот објавените ревидирани процени, со позитивен придонес на речиси сите сектори.
Американската економија пораснала во второто тримесечје од годинава со најбрзото темпо во последните две ипол години, покажаа во петокот објавените ревидирани процени, со позитивен придонес на речиси сите сектори.
Американското министерство за трговија ја повиси прогнозата за растот на бруто домашниот производ (БДП во вториот квартал од 2014 година на 4,6 отсто, од досега проценетите 4,2 проценти. Во првиот квартал економијата во САД се намали за 2,1 отсто.
Во периодот од април до јуни, активностите се забележале најсилен раст од четвртиот квартал во 2011 година, благодарејќи првенствено на посилната потрошувачка на компаниите и јакнењето на растот на извозот, повеќе отколку што претходно беше проценето.
Така, потрошувачката на компаниите на опрема скокнала дури за 11,2 отсто, во однос на досега проценетите 10,7 отсто. Компаниите повеќе вложувале и во инфраструктурата, како што се платформи за дупчење нафта или гас, а пораснале и вложувањата во истражувањето и развојот.
Извозот на американските компании пораснал за 11,2 отсто, што е најсиното темпо во до последното тримесечје во 2010 година, во однос на претходно проценетите 10,1 проценети.
Процената на личната потрошувачка во САД, пак, е потврдена на 2,5 отсто, имајќи предвид дека зајакнатите издвојувања за здравствената грижа биле амортизирани од послабите издатоци за рекреација и помалата потрошувачка на трајни добра.
Посилниот раст во вториот кварта од годинава осигурува поцврста основа за тековното тримесечје, при што досега објавените економски податоци, како што се оние за производството, трговијата и изградбата на куќи, сигнализираат продолжување на залетот, се истакнува во заклучокот на Reuters./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.