Свет
Русија ги обвинува САД за кршење на договорот за разоружување
Руското министерство за надворешни работи во сабота ги обвини Соединетите држави дека го прекршиле договорот за разоружување што го потпишаа двете земји
Во април претедателите на САД и на Русија, Барак Обама и Дмитриј Медведев во Прага го потпишаа досега најсеопфатниот договор во последните неколку децении за нуклеарното разоружување, што беше протолкувано како подобрување на претходно заладените односи меѓу Москва и Вашингтон.Москва во сабота ги обвини САД дека го прекришле претходникот на договорот од Прага, договорот START-1 кој истече на 1 декември 2009 г. Како што пренесува РИА Новости, Вашингтон спротивно на тој договорт во базата Ванденбург со пресретнувачки проектили повторно опремиле пет силоси во кои претходно се наоѓаа интерконтинентални балистички проектили. Исто така, Русија изрази загриженсот и заради повторното вооружување на американските бомбардери.„САД се уште не понудија уверливи докази дека пренаменетите бомбардери не можат повторно да бидат вооружени со нуклеарно оружје“, стои во соопштението на руското министерство за надворешни работи што го пренесуваат руските електронски медиуми.Притоа се додава дека американската администрација повторно ги прекршува и одредбите од договорот за биолошкото и хемиското оружје.Според руските медиуми, руското минситерство поседувало доверливи информации дека тајни документи од лабораторијата за нуклеарно оружје во Лос Аламос на армијата на САД во 2006 г. завршиел во рацете на огранизирана група на криумчари со дроги.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.
Свет
(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати
Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.
„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.
🤬 Russians massively attacked Dnipro and its suburbs with kamikaze drones. One of the drones punched through a residential block, collapsing several floors.
Eyewitnesses have shared photos of the aftermath. pic.twitter.com/6vIC0HsbYY
— Denys from Kharkiv (@GlushkoDenys) November 7, 2025

