Европа
Во Ингушетија убиени осум милитанти поврзани со IS

Осум исламистички милитанти од немирната северна кавкаска република Ингушетија кои ѝ изразиле лојалност на џихадистичката организација Исламска држава (IS) се убиени во текот на операција не безбедносните сили во неделата, а еден од ликвидираните е осомничен дека е организатор на нападот врз владините објекти во чеченската престолнина Грозни во декември 2014 година.
„Во рамките на сложената операција за откривање и спречување на нелегални активности на припадници на нелегалните криминални вооружени групи (како што руските власта официјално ги именуваат исламистичките бунтовнички групации на Северен Кавказ – з.м.), во планинските терени на Сунженската област на Република Ингушетија, припадниците на Федералната служба за безбедност открија група вооружени лица. Во престрелката неутрализирани се осум милитанти“, изјави за агенцијата ТАСС неименуван извор од рускиот Национален антитерористички комитет (НАК).
Соговорникот на агенцијата истакнал дека според податоците со коишто располагале руските безбедносни служби, станува збор за група милитанти кои неодамна изразиле лојалност и станале дел од радикалната сунитска терористичка група Исламска држава, и сите биле барани за „голем број терористички дела, вклучително и убиство на полициски службеници и изнудување пари од бизнисмени“.
Истакнал и дека меѓу убиените бил идентификувам Адем Тагилов, еден од водачите на криминалното подземје кој е осомничен за организирање на нападот врз државните органи во Грозни во декември 2014 година, кога загинаа вкупно 25 лица,меѓу кои најмногу полицајци.
Во извештајот се додава дека на местото на судирот е откриено големо количество оружје и муниција, импровизирани експлозивни направи, лекови и храна, како и дека нема настрадани меѓу припадниците на безбедносните сили./крај/мф/сн
Извор: ТАСС
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Авион со руски туристи принудно слета во Естонија поради украински напад со дронови

Патнички авион што превезуваше руски туристи до Санкт Петербург беше принуден да слета во Естонија вчера по украинскиот напад со беспилотно летало врз Русија.
„Авионот беше пренасочен кон Талин бидејќи не можеше да слета на аеродромот Пулково поради неговото привремено затворање“, потврди Маргот Холтс, раководител на комуникациите и маркетингот на аеродромот во Талин.
Во ноќта од сабота кон недела, украински беспилотни летала погодија гасен терминал во регионот Ленинград и рафинерија за нафта во регионот Самара. Извор во Службата за безбедност на Украина потврди за „Киев Индепендент“ дека разузнавањето стои зад нападот врз терминалот за течен природен гас во регионот Ленинград.
Авионот, управуван од египетскиот превозник „АлМасрија Јуниверсал Ерлајнс“, полетал од Шарм Ел Шеик и слетал во Талин во 5:33 часот по локално време. Тој го продолжил своето патување кон Санкт Петербург речиси шест часа подоцна.
Според Холтс, на патниците и екипажот не им било дозволено да го напуштат авионот додека биле на аеродромот во Талин.
Украинските напади со беспилотни летала, кои сè повеќе го нарушуваат цивилниот воздушен сообраќај во Русија, се дел од пошироката украинска стратегија за поткопување на руската логистика далеку над линиите на фронтот. Во првите месеци од 2025 година, украинските напади со беспилотни летала наводно ја принудиле Русија да затвори аеродроми повеќе од 200 пати.
фото: принтскрин
Европа
Украинци: Русите извршија 500 напади врз Запорожје за еден ден

Во текот на изминатите 24 часа, руските сили извршија 500 напади насочени кон 13 населени места во регионот Запорожје, објави на Телеграм Иван Федоров, началник на Воената администрација на Запорожје.
„Руските сили извршија четири воздушни напади врз Билохирија, Полтавка и Червони. Три напади со повеќекратен ракетен систем (MLRS) ги погодија Плавни и Мала Токмачка. Вкупно 327 беспилотни летала (главно дронови FPV) ги погодија Запорожје, Биленки, Плавни, Хулајпол, Шчербаки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно. Исто така, 166 артилериски напади се регистрирани во Плавни, Хулајпол, Орихив, Шчербаки, Преображенки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно“, се вели во соопштението.
Властите добија 19 пријави за штети на станбени згради и помошни згради. Немаше пријави за цивилни жртви.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Патниците врескаат во агонија, трепка црвено светло: пекол на летот за Рим

Патниците врескаа од страв откако силни турбуленции го погодиле летот од Шпанија до Рим, принудувајќи го пилотот итно да слета.
Преплашените патници гласно врескаа додека авионот се бореше со силни турбуленции на летот од Аликанте до аеродромот во Рим.
Turbulence caught on camera today on a Wizz Air flight from Alicante to Rome, forcing a diversion to Bologna.pic.twitter.com/sbLjXUp1DH
— The Age Of Genz (@TheAgeOfGenZ) August 21, 2025
Кога авионот изврши итно слетување во Болоња, патниците „му се заблагодарија на Бога што се живи“.
Снимките од кабината го покажуваат авионот како силно се тресе, со светла претежно изгаснати, а црвено светло трепка надвор од прозорецот.
Лошите временски услови во регионот предизвикаа проблеми за авионот додека се обидуваше да слета во Рим.
По неколку обиди за слетување на аеродромот во Рим, авионот беше пренасочен кон Болоња. Слетал таму во 3:53 часот наутро, речиси три часа откако требаше да пристигне во италијанската престолнина.
Патот од Аликанте до Рим обично трае нешто помалку од два часа.