Контакт

Спорт

Рој Хоџсон е тренер на годината во Англија

Објавено пред

Тренерот на „Фулам“, Рој Хоџсон е прогласен за најдобар тренер во Англиската премиер лига, пишува на официјалната страна на клубот

dobivaj vesti na viber

Хоџсон го доби ова признание од страна на сојузот на тренери од Англија затоа што оваа сезона го доведе Фулам до финалето од Европа лигата а во домашното првенство тимот заврши на 12-та позиција. Хоџсон го презеде тимот на Фулам во 2007 година и го спаси од испаѓање во втората лига а минатата година стигна дури до 7-то место од домашното првенство. Претседателот на Фулам, Мохамед Ал Фајед вели: „Почестен сум што Рој ја добива оваа награда. Тој не е само фудбалски менаџер, туку е и извонреден човек. Задоволство е да се работи со него. Имаме одлични деловни односи“„Оваа награда покажува дека одвреме навреме во фудбалот се донесуваат добри одлуки. Сега, Рој треба само да ја освои Лигата на Европа, а јас ќе платам за да се донесе трофејот дома. Честитам“, додава Ал Фајед.

Фулам утре во Хамбург ќе игра против Атлетико Мадрид во финалето од Европа лигата.

За најдобар тренер од втората Чемпионшип лига во Англија е прогласен Крис Хатон затоа што успеа да го врати тимот на Њукасл од втората во првата лига по само една сезона.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Интер сака да го врати Онана

Објавено пред

Интер наводно повторно ја следи ситуацијата со својот поранешен голман Андреа Онана откако Манчестер јунајтед го изостави од составот за отворањето на сезоната во Премиер лигата.

dobivaj vesti na viber

Според „Сан“, италијанскиот клуб внимателно го следи неговиот статус бидејќи има сè повеќе шпекулации за иднината на Камерунецот на „Олд Трафорд“. Се додава дека Интер е заинтересиран за враќање на 29-годишникот, кој замина во Јунајтед во 2023 година.

Од неговото доаѓање, тој не ја оправда отштетата од 56 милиони евра, а со оглед на тоа што тренерот на Интер бара нов голман, додека Јан Сомер во моментов е прв избор, враќањето би можело да стане реална опција.

Фото/ Принтскрин

Прикажи повеќе...

Спорт

Лукаку ќе го пропушти првиот дел од сезоната

Објавено пред

Тежок удар за Наполи пред почетокот на сезоната во Серија А во која ја бранат титулата. Ромелу Лукаку се повреди и го очекува подолга пауза.

dobivaj vesti na viber

Напаѓачот кој минатата сезона забележа дабл-дабл учинок од 14 гола и 11 асистенции го повреди квадрицепсниот мускул и ќе му биде потребна операција. Се очекува да отсуствува четири до пет месеци.

Огромен проблем за Конте и Наполи. Бидејќи сега Наполи како класичен напаѓач го има само Лоренцо Лука засилувањето од Удинезе.

Затоа е јасно дека Наполи ќе мора да се активира на пазарот. Според првите информации, целта е Расмус Хајлунд од Манчестер јунајтед. Идејата на Наполи е да го доведе на позајмица.

Сепак, Наполи не е единствениот што е заинтересиран за Данецот. Милан е во игра веќе некое време и преговара со „црвените ѓаволи“ и го сака Хојлунд во случај да не постигнат договор со Душан Влаховиќ. Како што стојат работите, Хојлунд е на добар пат да се врати во Серија А.

Прикажи повеќе...

Спорт

Нотингем Форест го засили нападот

Објавено пред

Арно Калимуендо, до неодамна играч на Рен, потпиша договор со Нотингем Форест.

dobivaj vesti na viber

Францускиот клуб доби 30.000.000 евра обештетување, а двократниот европски шампион со овој трансфер најави големи амбиции во новата сезона, во која ќе се натпреварува и во Лига Европа.

Калимуендо ја започна својата кариера во Пари Сен Жермен, но таму играше многу малку. Пред три години се пресели во Рен, каде што одигра одлични натпревари. Постигна 40 гола и имаше 14 асистенции.

Третиот е најскапото засилување на клубот во овој преоден рок. Форест издвоија повеќе од него за Омар Хачинсон и Ден Ендо.

Нотингем, ја отвори новата сезона во Премиер лигата со убедлива победа од 3:1 против Брентфорд.

Фото/ Принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет26 минути

(Видео) Европските лидери и Трамп разговараат за безбедносите гаранции за Украина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, украинскиот претседател, Володимир Зеленски, и високи претставници од ЕУ и НАТО седнаа на маса на...

Свет2 часа

Војната ќе заврши, на целиот свет му е доста од тоа – Трамп верува дека можно е да се договори мир додека траат борбите

Претседателот на САД, Доналд Трамп беше прашан дали ги разбира „коренските причини“ за војната за време на состанокот со украинскиот...

Свет3 часа

Tрамп на состанок со Зеленски: Украна ќе добие безбедносни гаранции

Претседателот на САД, Доналд Трамп за време на состанокот во Овалната соба со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина...

Свет5 часа

Трамп: Знам точно што правам, решив 6 војни за 6 месеци

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се пофали со своите мировни достигнувања пред денешните потенцијално клучни разговори за Украина. „Знам точно...

Свет6 часа

Зеленски: Трамп има моќ да ја принуди Русија да склучи мир

Кога зборуваме за мир за една земја во Европа, тоа значи мир за цела Европа, порача украинскиот претседател, Володимир Зеленски....

Култура7 часа

Љутков од Слоештица: Меморијалната соба на Петре М. Андреевски не е запоставена, а ракописите се безбедно зачувани

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска ја посети Општина Демир Хисар, каде што оствари средба со градоначалникот Никола...

Македонија9 часа

Одбележан 18 Август – Денот на Армијата

Во присуство на највисокото државно и воено раководство, во касарната „Јане Сандански“-Штип, се одржа централната свеченост за воениот празник „18...

Свет9 часа

(Видео) Зеленски објави видео од нападите врз Украина: „Војната мора да заврши. И Москва мора да го чуе зборот: „Стоп“.“

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, остро реагираше на ноќните руски напади низ Украина, велејќи дека тие јасно ги демонстрираат намерите и...

Македонија9 часа

(Видео) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња

205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење....

Македонија10 часа

Поради пожар, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Македонија10 часа

(Видео) Јанковиќ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?

Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+. Зошто в.д. директорката не е разрешена кога е...

Свет11 часа

(Видео) Еден од најголемите протести во Тел Авив досега: „Запрете ја војната“

Десетици илјади демонстранти се собраа во Тел Авив за да побараат крај на војната во Газа и итно ослободување на...

Свет13 часа

„Зеленски се соочува со тешка средба со Трамп, мировните услови нема да бидат во корист на Киев“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочува со тешка средба со американскиот лидер Доналд Трамп во Белата куќа. Условите за евентуален...

Македонија13 часа

Се уште гори кај Јасен, под контрола пожарот во Јегуновце

Центарот за управување со кризи извести деак во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово низ земјава се регистрирани вкупно 28...

Македонија14 часа

Постапка против осум лица за масовна тепачка во Скопје: фрактура на черепот со крварење на мозокот, скршена долна вилица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата „Славеј...

Свет16 часа

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денеска, објавен распоредот на клучните состаноци

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денес, со распоред што вклучува клучни средби меѓу американскиот претседател Доналд Трамп...

Свет16 часа

Се огласија Русите: На Москва исто така ѝ се потребни веродостојни безбедносни гаранции

Русија се согласува дека секој иден мировен договор за Украина мора да обезбеди безбедносни гаранции за Киев, но на Москва...

Свет16 часа

Трамп: Некои работи не се менуваат, нема враќање на Крим и нема приклучување на Украина кон НАТО

Трамп се огласи на својата платформа Truth Social за да го повика украинскиот претседател да постигне договор за прекин на...

Свет16 часа

Зеленски пристигна во Вашингтон: Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Зеленски ќе се одржи денес во 13:15 часот по локално време...

Свет1 ден

Зеленски: Украинскиот Устав не допушта тргување со територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Брисел им упати низа клучни пораки на европските лидери, зборувајќи за трансатлантското единство, мировните...