Свет
Во три експлозии во Багдад најмалку 25 загинати

Три силни последователни експлозии го потресоа централниот дел на Багдад во недела, при што загинале најмалку 25 луѓе, пренесе Associated Press
Една од експлозиите се случила во близина на иранската амбасада, изјавил Касим ал-Мусави, портпарол за командата за главнот град Багдад, додека другите две се случиле малку позападно од центарот на градот. „Најмалку 25 лица загинаа, а 42 беа повредени во експлозија пред амбасадата, која се верува дека е предизвикана со активирање на експлозив поставен во автомобил управуван од бомбаш-самоубиец“, рекле дваја припадници на багдадската полиција, додавајќи дека повеќето од жртвите се вработени во блиската државна банка.Амбасадорот на Иран во Ирак, Хасан Казем Куми, изјавил дека се’ уште не се знае дали амбасадата била цел на нападот.„Експлозијата се случи пред влезот на амбасадата. Има некои оштетување на зградата на амбасадата, но меѓу вработените нема повредени“, рекол иранскиот амбасадор. Експлозиите во недела доаѓаат два дена откако во близина на Багдад во сунитско село беа убиени најмалку 24 цивили, кои најверајтно се одмазда затоа што локалната милиција ја змени страната и сега се бори против припадниците на ирачката Ал Каеда. Ирачките власт страхуваат дека можат да се повторат меѓусекташките крвопролевања од 2006 и 2007 г.Се забележува и дека последните крвопролевања доаѓат во време на политичките превирања во Ирак, кои се закануваат дополнително да ја дестабилизираат државата. Се страхува дека жестоката партиска реторика и меѓусебни обвинувања, може да предизвика ново насилство и да го забави повлекувањето ан американските војски од Ирак, кое треба да заврши во 2011 г. Државната ирачка телевизија соопштила дека на експлозиите кои се случиле утрово пред 11 часот, им претходеле повеќе помали експлозии в текот на ноќта во кои ден цивил загианл а десет биле повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Украина потврди напад врз најголемиот руски нафтен терминал на Балтикот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека специјалните единици на украинската служба за безбедност (СБУ) нанеле значителна штета на најголемиот руски нафтен терминал на Балтичкото Море во Приморск.
„Најефикасните санкции се пожарите во руските рафинерии и терминали. Го ограничивме рускиот нафтен сектор, а со тоа и нивната воена машина“, изјави Зеленски во своето вечерно обраќање.
Зеленски се заблагодари на украинските специјални сили за „одлично завршената работа“ и најави натамошно јакнење на домашното производство на оружје.
Нападот, кој се случи на 12 септември, резултираше со пожар во нафтенoто пристаниште Приморск, а според медиумските извештаи, оштетени се и два руски танкери.
Регион
Невреме ја зафати Србија, два авиони кружат на небото чекајќи подобри услови за слетување

Силна бура со грмотевици го погоди Белград, поради што два авиона не можат да слетаат веќе некое време. Станува збор за летови од Виена и Анкара, а овие два авиона кружат над Смедерево.
Бурата придружена со грмотевици и дождови ја погоди цела Србија, а потоа и Белград. Црни облаци се надвиснаа над главниот град. Републичкиот хидрометеоролошки завод предупредува дека се очекува силен град и бурни ветрови, пишува „Телеграф“.
Србија е под влијание на циклони и студени фронтови, кои носат посилна промена на времето, со дожд и грмежи.
Свет
Катар: Ќе продолжиме да се бориме за мир и покрај израелското дивјаштво

Катар остро го осуди најновиот израелски напад во Доха, при што загинаа шест лица, меѓу нив и катарски безбедносен функционер, но истовремено вети дека нема да се повлече од посредничките напори за прекин на војната во Газа.
„Израелското дивјачко однесување нема да нѐ поколеба да ги продолжиме искрените напори заедно со Египет и Соединетите Држави за ставање крај на овој војна“, изјави катарскиот премиер и министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани на состанокот на високи дипломати од арапските и исламските земји во Доха.
Ал Тани предупреди дека нападот може да ги поткопа преговорите за примирје и ослободување на заложниците, кои со месеци се во ќор-сокак.
Во неделата во Доха се собраа министрите за надворешни работи на Арапската лига и Организацијата за исламска соработка (ОИС) во пресрет на итниот самит што ќе се одржи во понеделник. Целта е усогласување заеднички став околу израелскиот напад врз Катар, кој предизвика глобална осуда и дури ретки критики од американскиот претседател Доналд Трамп.
„Овој самит ја отсликува пошироката арапска и исламска солидарност со Катар во соочувањето со израелската кукавичка агресија“, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџид ал-Ансари.
Според катарските медиуми, лидерите на самитот ќе разгледуваат неколку можности – од недвосмислена осуда на нападот и координиран дипломатски притисок врз Израел на меѓународните форуми, па сè до економски мерки што би можеле да прераснат и во бојкот.
Израел, според официјалните извори, целел врз лидерите на Хамас во егзил. Меѓу жртвите е и синот на Халил ал-Хаја, една од највлијателните личности на Хамас во странство, како и неговиот началник на штаб.
Хамас соопшти дека врвното раководство го преживеало обидот за атентат, но нападот остави сериозни последици врз регионалните дипломатски иницијативи и дополнително ја заостри кризата околу војната во Газа.