Економија
Пуштена во употреба првата когенеративна централа на природен гас
Во „Рудници и Железарница“ Скопје во вторник беше пуштена во употреба „Когел Север“, првата когенеративна гасна централа во државата
Вредноста на проектот изнесува 20 милиони евра и е прв приватен и пазарно ориентиран проект во енергетскиот сектор во држвата и во регионот на Југоисточна Европа. Финансиска поддршка на проектот обезбеди и Austrian Trade, дел од Австриската федерална економска комора чија цел е промоција на надворешната трговија. На свеченоста на која присуствуваа голем број претставници од власта, дипломатскиот кор и луѓе од енергетскиот сектор, се обрати премиерот Никола Груевски кој рече дека енергетскиот сектор е клучен фактор за економски раст и развој на Република Македонија„Енергетика е поставена високо во приоритетите на Владата, а основната интенција е изнаоѓање нови извори на енергија, енергетско поврзување со регионот, изградба на енергетски производни капацитети и нови инвестиции во областа на енергетиката. Оваа електрана во целост се вклопува во напорите на Владата за привлекување инвестиции и проширување на капацитетите на електроенергетскиот систем. Ваквите инвестиции за нас се охрабрување за натамошно олеснување на условите за стопанусување, за водење бизниси и континуитет на соработката со јавниот сектор. Тие се и добар показател за мерките на Владата за ублажување на глобалната криза,“, рече премиерот Груевски.Директорот на електраната, Александар Гечовски, зборуваше за централата как прв комерцијален проект за комбинирано производство на електрична и топлинска енергија на природен гас, кој е во целост изведен во рамките на интернационалниот „механизам за чист развој” (ЦДМ) согласно Кјото Протоколот за заштита од климатски промени.Покрај нив свои обраќања имаа и инистерот за економија, Фатмир Бесими, Невен Пецотиќ, извршен регионален директор на General Electirc Energy за државите од Балканскиот и Каспискиот регион, како и Валтер Нојхаузер, главен директор и одговорен за финансии во GE Energy’s Jenbaher – сектор за гасни мотори. Според презентираните подтоци наСе очекува на овој начин таа да обезбеди околу 185 илјади сертифицирани кредити за намалени емисии годишно, што одговара на еквивалент од 185 илјади метрички тони CO2, чија продажба треба да придонесе кон финансиската исплатливост на проектот.Отворањето на когенеративната гасна централа е дел од националната иницијатива за инсталирање на енергетски поефикасни индустриски и топлификациски системи со цел да се подобри регионалната енергетска стабилност и да се намалат емисиите на стакленички гасови. Покрај намалувањето на зависноста на државата од увоз на електрична енергија по пат на зголемување на локалната енергетска ефикасност и сигурност, когенеративната гасна централа ќе придонесе за ублажување на локалните штетни влијанија врз животната средина од процесот на производството во енергетиката и во челичната индустрија. Когенеративната технологија овозможува комбинирано производство на електрична енергија и топлина и заштеда на примарна енергија од околу 40 проценти преку намалена потрошувачка на фосилно гориво. Произведената електрична енергија ќе ја поддржува работата на индустриско-металуршкиот комплекс Железара. Целата електрична енергија и пареа добиена од отпадната топлина на гасните мотори ќе биде искористена исто така во металургиските процеси. Дел од топлинската енергија за време на грејната сезона ќе биде искористена и за затоплување на градот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Microbalkans 2025: Никола Јошевски за усогласувањето на правните рамки со директивите на ЕУ
Никола Јошевски, генерален менаџер и сопственик на Mint Fintech Group и претседател на Групацијата на финансиски друштва при Стопанската комора на Македонија, учествуваше на престижната регионална конференција Microbalkans 2025, што се одржа во Дубровник, Хрватска, од 5 до 7 ноември 2025 година.
Како панелист на високопрофилната дискусија „Усогласување на правните рамки со директивите на ЕУ“, Јошевски се приклучи на водечки европски партнери и институции кои активно придонесуваат за развојот на социјалните финансии во регионот на Западен Балкан.

Панелот се фокусираше на регулаторната хармонизација, финансиската инклузија, платните системи и усогласувањето со процесот на пристапување кон ЕУ, со посебен акцент на улогата на микрофинансиските институции и финтек решенијата во одржливиот развој и регионалната соработка.
Во своето обраќање, Јошевски ја нагласи потребата од создавање на стабилен и интегриран финансиски систем што ги надминува класичните регулаторни рамки, посочувајќи:
„Главниот предизвик не е само во пренесувањето на директивите на ЕУ во националното законодавство, туку во создавањето на целосен екосистем – таков што нè прави конкурентни, инклузивни и силни дома.“
Панелот поттикна значајна дискусија за иднината на финансиската регулатива во регионот и улогата на микрофинансиските институции во зајакнување на финансиската стабилност, транспарентност и дигитална трансформација.

Конференцијата Microbalkans 2025, поддржана во рамките на соработката со Европската унија, го обедини врвот на експертизата од Европа и Западен Балкан, создавајќи дијалог за унапредување на социјалните финансии, микрокредитирањето и финтек иновациите.
Присуството на Mint Fintech Group на овој настан уште еднаш ја потврди посветеноста на компанијата кон модернизација на финансискиот сектор во Македонија, создавање инклузивна економија и промовирање европски вредности во финансиските услуги.
Со своето учество, Јошевски ја зацврсти позицијата на Македонија како активен партнер во градењето на современ, конкурентен и одржлив финансиски екосистем, кој ја поврзува регионалната соработка со европските стандарди и отвора нови можности за раст и развој.
(ПР)
Економија
СДСМ: Инфлацијата зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта
Инфлацијата повторно расте и во октомври достигна 4,5 проценти, спротивно на владините уверувања дека ќе се намали и под 3%, велат од СДСМ.
„Овој пораст е јасен показател дека економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашени и без никаков резултат. Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, ги јаде платите кои не се покачуваат туку стагнираат, цените на храната и основните производи растат, сметките се повисоки, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите. Платите и пензиите заостануваат далеку зад растот на цените, граѓаните секојдневно плаќаат повисоки цени за леб, млеко, масло, лекови, за сметки а платите не мрдааат. За само година и половина ДПМНЕ донесе економска стагнација, раст на инфлацијата и пад на животниот стандард“, се наведува во соопштението.
Економија
Електродистрибуција го имплементира најновиот систем SIEMENS SCADA за дигитално управување со мрежа – Скопје
Во финална фаза на имплементација е најновиот SIEMENS SCADA систем за дигитално управување со среднонапонска и високонапонска мрежа, со што значително ќе се унапреди дигиталната трансформација и системите за далечинско управување и мониторинг, соопштија од компанијата.
Со помош на најновиот SCADA систем, како што е појаснето, ќе се оствари меѓусебно поврзување на диспечерските центри на ЕВН и МЕПСО со цел поквалитетно водење на целата електроенергетска мрежа во државата.
„Со инвестиција од еден милион евра, најсовремениот SCADA систем овозможува повисоко ниво на автоматизација, сигурност и оперативна контрола, што претставува клучен предуслов за ефикасна енергетска транзиција и поголема диверзификација на изворите на електрична енергија во земјата. Системот има особено значење во периоди кога сѐ поголем број фотонапонски централи се приклучуваат на дистрибутивната мрежа. Досега се регистрирани 2.963 нови приклучоци од обновливи извори, со вкупна инсталирана моќност од 860 MW, што во одредени ситуации може да претставува предизвик за стабилноста на енергетскиот систем. Со ваквите инвестиции во дигитализација на клучните процеси, Електродистрибуција обезбедува поквалитетни, доверливи и поефикасни услуги за своите корисници и ја зацврстува сигурноста и ефикасноста на мрежата, потврдувајќи ја својата заложба за модерна, транспарентна и дигитална енергетска инфраструктура“.

