Спорт
Пол Пирс влезе меѓу легендите на Селтикс
Пол Пирс ја одбележа ноќта во НБА лигата, тој го предводеше тимот на Бостон до петтата победа во низа, а на клупската листа го мина Лери Бирд на второто место.
Пол Пирс ја одбележа ноќта во НБА лигата, тој го предводеше тимот на Бостон до петтата победа во низа, а на клупската листа го мина Лери Бирд на второто место. Пирс во победата на Бостон над Шарлот од 94:84, постигна 15 поени и сега на своето конто има 21.797 поени. Пред него на вечната листа, на најдобри стрелци во историјата на Бостон, сега е само Џон Хавличек кој има постигнато 26.395 поени. Во историскиот меч на Пирс малку му недостигаше да забележи „трипл-дабл“, покраЈ 15-те поени имаше уште 8 скока и 9 асистенции. Мајами забележа убедлива победа над Кливленд од 107:91, Леброн Џејмс против својот поранешен клуб постигна 24 поени, два повеќе уфрли Двејн Вејд, додека Крис Бош заврши со 15 поени и 9 скока. Ентоан Џејмисон со 25 поени го предводеше Кливлен, који оваа сезона е еден од најслабите тимови во лигата. Кевин Дурент одигра уште еден брилијантен натпревар, тој имаше учинок од 33 поени, 10 скока и 7 асистенции, со кој ја предводеше Оклахома во победата над Голден Стејт од 119:116. Вообичаено на Дурент му асистираа Расел Вестбрук со 31 и Џејмс Харден со 19 поени. Голден Стејт не успе да го избегне поразот и покрај тоа што Монта Елис уфрли 48 поени, Дејвид Ли додаде 25, а Стивен Кари 16 поени. Стив Неш со победа го прослави својот 38 роденеден. Ветеранот со положување на пет секунди до крајот на Феникс му донесе победа над Милвоки од 107:105. Неш мечот го заврши со 18 поени и 11 асистенции. Индијана, во интересен меч забележа победа над Јута од 104:99, Пејсерси тешко стигнаа до победата иако во третиот период имаа 21 поен предност. Дарен Колисон 25 поени и Рој Хиберт со 17 поени и 10 скока беа најзабележителни во домашниот тим. Тесна победа забележа и минесота, 86:84 над Сакраменто. Во отсуство на првата звезда Кевин Лав, Минесота ја предводеше Црногорецот Никола Пековиќ со 23 поени и 10 скока. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

