Контакт

Политика

Решение за изборните правила доцна ноќеска, повикани и лидерите на партиите

Објавено пред

На истекот на крајниот рок за донесување решенија за изборните правила, пред почетокот на средбата на работните групи, белгискиот експерт Питер Ванхауте изјави дека очекува да се постигне договор околу полноќ или утре сабајле,а на денешната средба треба да присуствуваат и лидерите на четирите политички партии, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи.

dobivaj vesti na viber

Ванхауте не одговори дали е подготвен предлог на изборниот законик од страна на меѓународните претставници. Ванхауте не сакаше да коментира околку законското решение што се очекува да им биде доставено на претставниците на партиите по предлог на Брисел.Дека е поканет од мисијата на ЕУ во Скопје изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев.„Со комесарот Јоханес Хан договоривме рок за завршување на преговорите поврзани со изборната регулатива и тој треба да се почитува. Денеска влегуваме во фотофиниш, за што зборува фактот што и јас, а мислам дека и другите лидери се повикани да учествуваме и се надевам дека ќе ги изнајдеме најдобрите решенија за граѓаните на Република Македонија“, рече Заев.Тој ги демантираше шпекулациите дека е постигнат договор дијаспората да не гласа на изборите наредната година, а рече дека по ова прашање сите учесници во преговорите биле единствени дека иселениците треба да имаат право на глас.„Дијаспората мора да гласа, но не вака како што е сега. Мора да имаме цензус или гласовите на дијаспрата да се враќаат во матичната изборна единица“, рече Заев. Работната група денеска треба да ги затвори најважните прашања како пречистување на избирачкиот список, гласањето на дијаспората и финансирањето на предизборните кампањи.  Во меѓувреме, Македонското женско лоби на Ванхауте му достави предлог за зголемување на квотите на жени на изборните листи на 40 отсто.Сите претставници од партиите на работните групи се пристигнати во Клубот на пратеници./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Мицкоски од Пробиштип повика на масовна излезност во вториот круг

Во првиот круг коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ освои 33 градоначалници. Двајца во меѓу време, помеѓу првиот и вториот круг,...

Македонија7 часа

Уапсени двајца полицaјци осомничени за разбојништвото на златарницата во Гостивар, се трага и по други лица

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение дека како соизвршители...

Македонија8 часа

Приведени две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“

Приведени се две лица од раководството на Комунална хигиена, соопштија од Основното јавно обвинителство. Како што додаваат од таму, лицата...

Македонија10 часа

Локацијата на ГОБ „8 Септември“ на Мицкоски му изгледа како одлична за нов клинички центар: Има три булевари, гасна поврзаност, но да оставиме експертите да кажат

Премиерот Христијан Мицкоски чека да завршат локалните избори за да распише повик за финансиски институции што ќе понудат кредити за...

Македонија10 часа

Мицкоски: Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црната листа на САД

Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црната листа на САД,...

Топ11 часа

Кривична против полицаец: пукал со пиштолот во просторија во СВР Струмица откога потпишал решение за отстранување од работното место

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија13 часа

(Фото) Општина Центар: Се отстрануваат паднатите дрвја кај училиштето „Киро Глигоров“

Општина Центар информира дека во моментот екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на...

Топ13 часа

(Фото) 30-дневен притвор за скопјанецот што со пиштол крадеше во филијали за брзи кредити

Вчера во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 25-годишниот Б.А. од Скопје. Тој се сомничи дека...

Топ14 часа

На „Дижонска“ уапсен скопјанецот што пукаше со пиштол во Чаир

Вчера околу 20 часот на улицата „Дижонска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот Р.Т....

Европа15 часа

(Видео) Путин се пофали со летачкиот „чернобил“, Трамп: Треба да ја завршите војната во Украина, а не да тестирате ракети

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најавата на неговиот руски колега Владимир Путин за тестирање на крстосувачка ракета со нуклеарен...

Македонија16 часа

Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот

На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот...

Европа16 часа

Полскиот премиер: Русите имаат една голема предност пред Европа

Полскиот премиер Доналд Туск откри дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му рекол во неодамнешен разговор дека Украина е подготвена да...

Европа16 часа

(Видео) Голем напад со дронови врз Москва, одекнуваат експлозии

Москва беше цел на десетици дронови синоќа, потврди градоначалникот Сергеј Собјанин, кој информира за ситуацијата во текот на целата ноќ....

Топ1 ден

Скопјанец ограбил две компании за брзи кредити, па го фрлил оружјето од Камени мост и побегнал во Хрватска

Обвинителството поведе истрага против 25-годишен скопјанец, осомничен за две разбојништва извршени во август оваа година во објекти на компанија за...

Македонија1 ден

Мицкоски: Кога Јакимовски бараше поддршка го замолив да нема бетонизација, а потоа ми рече ‘морам од нешто да живеам’

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од маалска средба во општина Карпош порача дека е време за промена и крај на,...

Македонија1 ден

И меѓународната заедница гледа со неверување дека некој во 21 век може да се однесува така, рече Мицкоски по повиците за етничко гласање во вториот круг

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Брвеница испрати порака дека сите кои работат за иднината на државата имаат негова...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче најави политички и кадровски промени во СДСМ

Претседателот на СДСМ,Венко Филипче, во изјава за медиумите по првиот круг од локалните избори истакна дека партијата бележи раст во...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ деновиве ќе одлучи кого ќе поддржи во општините каде што нема свој кандидат за градоначалник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата во следните денови ќе одлучи кого ќе поддржи во општините каде што...

Свет2 дена

Двајца уапсени по спектакуларната кражба во Лувр: полицијата се сомнева на помош од внатре

Француската полиција уапси две лица осомничени за кражба на непроценливи крунски драгоцености од музејот Лувр, извршена на 18 октомври. Истрагата...

Свет2 дена

Трамп му постави услов на Путин: „Нема да губам време“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин сè додека не се постигне...