Свет
Стејт департмент: Викиликс ги загрозува животите на луѓето

Американскиот Стејт департмент оцени дека со објавувањето на тајните белешки на американската дипломатија, Викиликс ги загрозува животите на луѓето. Реакцијата на Стејт департментот доаѓа откако Викиликс започна да објавува нови белешки во кои се наведуваат имиња.
Американскиот Стејт департмент оцени дека со објавувањето на тајните белешки на американската дипломатија, Викиликс ги загрозува животите на луѓето. Реакцијата на Стејт департментот доаѓа откако Викиликс започна да објавува нови белешки во кои се наведуваат имиња.„Покрај тоа што ги доведува во прашање нашите дипломатски напори, ја загрозува и безбедноста на луѓето, и се заканува на нашата национална безбедност и ги урива нашите напори да работиме со други земји, како би ги решиле заедничките проблеми“, изјави портпаролот на Стејт департментот Викторија Њуланд. Американската администрација, додаде таа, продолжува да се ангажира како би ги намалила штетите кои и се нанесени на националната безбедност. Њуланд, според досегашната пракса на Стејт департментот, одби да ја потврди автентичноста на белешките. Викиликс е интернет страница специјализирана за објавување на тајни документи, првите белешки страницата ги објави во ноември 2010 година, од таму демантираа дека во новата серија од околу 134.000 американски дипломатски белешки, објавени минатата недела, го открил идентитетот на изворот. Викиликс претходно белешките им ги доставуваше, ексклузивно, на некои весници, меѓу кои беа Њујорк тајмс и францускиот Монд. Тоа Викиликс го правеше за да се оневозможи да биде идентификуван изворот на информации. Викиликс сега директно го објавува остатокот од околу 250.000 документи, а токму Њујорк тајмс откри дека во некои од последните белешки ги има и имињата на изворите. Агенцијата АП наведува дека по прегледувањето на повеќе од 2.000 белешки, кои неодамна ги објави Викиликс, и дека тие содржат идентитети на најмалку девет извори кои побарале заштита. крај/б/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателскa земји“

Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателски земји“, постојат само земји со влади кои не се пријателски настроени кон Москва, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Постепено се оддалечуваме од терминот непријателска земја, иако тој останува во законодавството“, објави Лавров на прес-конференција посветена на подготовките за „Интервижн“, пренесува ТАСС.
Лавров одговори дека Русија нема непријателски земји, туку дека постојат само земји кои „имаат непријателска влада во однос на Руската Федерација“.
Фото: принтскрин
Свет
Затворени плажи во Хургада поради појава на ајкули

Неколку плажи во египетските одморалишта Хургада и Макади беа затворени во последните денови откако ајкули беа забележани во близина на брегот. Ова го објавуваат локалните медиуми.
Според туристите, неколку хотели одлучиле да ги затворат своите плажи како мерка на претпазливост, додека некои од нив во меѓувреме се отвориле повторно.
Како што објавуваат медиумите, експертите предупредуваат дека видови како што се тигрести и леопардски ајкули, кои се сметаат за особено опасни за луѓето, може да се појават во Црвеното Море. Поради оваа причина, се препорачува да се биде дополнително внимателен и да се почитуваат сите мерки пропишани од одморалиштата и службите за спасување, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
Подготвени сме за секакво сценарио за време на посетата на Трамп, објави британската полиција

Британската полиција објави дека е целосно подготвена за сите можни ситуации и сценарија пред државната посета на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, оваа недела.
– Многу сум задоволен што испланиравме многу сеопфатен план за полициска и безбедносна операција што ги зема предвид речиси сите можни сценарија што би можеле да се случат – изјави помошникот на главниот комесар Крисјан Бант од британската полиција.
Бант изјави дека ќе бидат присутни значајни, многу видливи полициски сили, но одби да го прецизира бројот на распоредени полицајци.
Тој, исто така, објави дека воздушниот простор над замокот Виндзор ќе биде затворен, а специјализираните полицајци ќе бидат подготвени да се справат со секаков протест што може да се случи.
Британскиот крал Чарлс ќе го пречека Трамп во замокот Виндзор утре, пред американскиот претседател да ја продолжи својата посета во четврток на имотот на британскиот премиер Кир Стармер.
Фото: принтскрин