Економија
Неочекувано голема загуба на Сони Ериксон
Сони Ериксон денеска информираше за неочекувано голема загуба во последното тромесечје пред преминот во целосна сопственост на јапонски Сони, наведувајќи ја како главна причина острата конкуренција, глобалното забавување и преструктуирањето.
Сони Ериксон денеска информираше за неочекувано голема загуба во последното тромесечје пред преминот во целосна сопственост на јапонски Сони, наведувајќи ја како главна причина острата конкуренција, глобалното забавување и преструктуирањето.Заедничкиот проект на јапонски Сони и шведски Ериксон соопшти за загуби пред оданочувањето во висина од 247 милиони евра во четвртото тромесечје. Аналитичарите очекуваа помала добивка.Во целата година компанијата забележа 243 милиони евра загуба, заради што шведски Ериксон, сопственик на 50 отсто од акциите, најави дека неговата оперативна добивка во четвртото тромесечје ќе биде пониска за 1,1 милијарди шведски круни(160,32 милиони долари).„Нашите резултати во четвртото тромесечје ја одразуваат силната конкуренција, неповолните макроекономски услови и последиците од природните катастрофи на Тајланд во тоа тромесечје“, истакна извршниот директор на Сони Ериксон Берт Нордберг преку соопштение.Компанијата наведе дека испорачала само девет милиони мобилни телефони во четвртото тромесечје, што е 20 отсто помалку од истиот период лани. Испораките на паметните телефони не го надоместија падот на вкупната продажба на телефони.Деветиот во светот производител на мобилни телефони го пропушти процветот на паметните телефони, што го покрена растот во конкурентските Епл и Самсунг.Аналитичарите сметаат дека компанијата подобро ќе работи под капата на Сони, кој сака да ги интегрира мобилните телефони со останатите производи во сегментот на потрошувачка електроника.Сони ќе ја преземе целосната контрола над компанијата кон крајот на овој или на почетокот на следниот месец. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

