Контакт

Вести

Извештај: САД по „грешка“ ја бомбардирале болницата во Кундуз

Објавено пред

Американскиот авион ја бомбардирал болницата на меѓународната невладина организација Лекари без граници (Médecins Sans Frontières – MSF) во северниот авганистански Кундуз поради „човечка грешка“, заклучува истрагата којашто ја спровеле американските власти.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесува во средата британскиот јавен сервис BBC News, истрагата утврдила дека екипажот на авионот „AC-130“ ја заменила зградата на болницата со зградата на владата којашто била заземена од авганистанските талибаните, изјави во средата американскиот командант во Авганистан, генерал Џон Кемпбел.

Во нападот од 3-ти октомври, во Кундуз кого талибанските сили речиси цела седмица го држеа под контрола. Лекари без граници (MSF) го опишаа нападот како воено злосторство и побараа темелна истрага од меѓународна комисија.

Американската армија подоцна призна дека нападот бил грешка и отвори истрага. Екипажот на авиони ја идентификувала зградата на болницата на основа на визуелен опис добиен од авганистанските сили.

„Трагично е што таа идентификација продолжила и во продолжувањето на операцијата, иако постоеле некои спорни показатели“, изјави генералот Кемпбел.

Американската војска претходно призна дека изведувала воени операции „во близина“ на болницата, наводно гаѓајќи ги талибанските бунтовници кои пукале врз американски воен персонал и дека го истражува случајот. НАТО призна дека во еден американски воздушен напад „можеби е сторена колатерална штета врз блискиот медицински центар“

Истовремено се водат три истраги – американска, авганистанска и на НАТО, за да се одредат околностите во коишто е донесена одлуката за бомбардирањето на болницата.

Лекари без граници (Médecins Sans Frontières – MSF), коишто ова бомбардирање го нарекоа воено злосторство и побараа независна и транспарентна истрага, го отфрлија првичното американското објаснување и тврдеа дека бомбардирањето „за жал, не е грешка“.

Во воздушниот удар траел подолго од еден час за кое време лекарите од MSF директно се јавувале во штабот на НАТО во авганистанската престолнина Кабул и на американски воени функционери во Вашингтон со молби нападите да престанат. Првата бомба паднала во 2,10 часот утрото, на персоналот на MSF се јавил во штабот на НАТО во Кабул во 2,19 часот, а воените функционери во Вашингтон ги информирале неколку минути подоцна, но бомбардирањето продолжило до 3,13 часот, соопштија Лекари без граници.

Во нападот загинаа најмалку 30 луѓе, од кои три деца и повеќе од дванаесет лица персонал на MSF. Покрај тоа ранети беа уште 37 луѓе. Во болницата во моментот на нападот имало 105 пациенти и 80 лекари и друг медицински персонал, а според целосно беше уништено болничкото крило за травматологија.

Од MSF, исто така, негираат дека од нивната болница талибаните пукале врз авганистанските и силите на НАТО. Авганистанското министерство за одбрана претходно изјави дека талибанските борци ја нападнале болницата и ја користеле зградата како „човешки штит“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ23 минути

Истрага за свирепо убиство во Челопек: Млад маж убил старица што живеела сама, се проверува и поврзаноста со слични злосторства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија32 минути

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на...

Свет52 минути

Украински генерал: Можеме да се бориме уште со години

Олександр Пивненко, командант на Националната гарда на Украина, изјави дека Украина е способна да води војна уште неколку години и...

Македонија2 часа

Ристоска со реакција на изјавата на Мицкоски дека таа не е во игра за нов државен јавен обвинител

Во врска со изјавата на премиерот, Христијан Мицкоски, дека Ленче Ристоска не е во игра за нов државен јавен обвинител, што...

Македонија3 часа

Ако сѐ било по пропис, зошто Владата не ги објавува листите со патници во авионот, прашува СДСМ

Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави...

Свет4 часа

Европските дипломати претпазливи во врска со подемот на Венс, оценуваат експертите

Европските сојузници внимателно го следат политичкиот подем на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кого некои аналитичари го сметаат за поидеолошки...

Свет4 часа

Финскиот претседател: САД не можат да ни забранат да се бориме против Русија

Финскиот претседател, Александар Стаб, изјави дека САД не можат да ѝ наредат на Финска да се откаже од својата одбрана...

Свет4 часа

Принцот Ендрју е првиот член на британското кралско семејство уапсен по 400 години

Иако наводно бил омилен на неговата мајка, кралицата Елизабета II, поранешниот принц Ендрју долго време е извор на проблеми за...

Свет5 часа

(Видео) Трамп: Сакав да си го доделам Медалот на честа затоа што бев неверојатно храбар кога отидов во Ирак

Доналд Трамп рече дека сака да си го додели Конгресниот Медал на честа. 79-годишниот Трамп зборуваше на митинг во Ромео,...

Македонија15 часа

По 100 дена мандат, Ѓорѓиевски порача: „Скопје повторно почна да дише“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави отчет за првите 100 дена од мандатот, наведувајќи дека ја презел функцијата во...

Македонија20 часа

Донесени пресуди за случајот „Премин“, обвинителството најави жалба

Денеска, во Основниот кривичен суд Скопје, беше објавена неправосилна пресуда во предметот со кодно име „Премин“, застапуван од Специјализираното одделение...

Македонија20 часа

Поранешен градоначалник на Росоман исплатил личен долг од 500.000 денари од општинскиот буџет

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Н.(29) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената...

Македонија23 часа

Сиљановска – Давкова: Имаме најмало и најстаро владино авионче во регионот, секогаш имам дилема дали да летам со него

Претседателката, Гордана Сиљановска – Давкова, призна дека секогаш има дилема кога треба да се вози со владиниот авион затоа што...

Македонија1 ден

Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион, ама затоа Заев бил со семејството на одмор во Амстердам, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Семејството на премиерот Христијан Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион. Но, очигледно е дека работи фројдовскиот елемент кај СДС,...

Македонија1 ден

Кривични против претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип, си присвоиле над 300.000 денари

Полицијата поднесе кривични пријави против поранешни претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип за сторени продолжени...

Македонија1 ден

Сопствениците на кучиња да го почитуваат законот и да ги микрочипираат милениците, апелира АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за...

Економија1 ден

Николоски: Воведовме 23 нови линии во авиосообраќајот, имаме рекордна бројка на патници, а годинава очекувам да порасне над 4 милиони патници

Од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови, охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, оваа...

Европа1 ден

(Видео) Зеленски: Десетици илјади Украинци загинаа за Донбас, не се работи за земјата, туку за луѓето

Претседателот Володимир Зеленски вчера повтори дека Украина нема да отстапи територија на Русија, ниту да се повлече од областите што...

Регион1 ден

(Видео) Дете висеше од ски-лифт на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат

Вчера, дете падна од жичницата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето....

Свет1 ден

Утре прв состанок на Одборот за мир на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе претседава со првиот состанок на Одборот за мир, во сенка на нерешени прашања за...