Компании
Ребрендирани вината „Александрија“ на „Тиквеш“
„Тиквеш“ направи модернизирање и одвојување на популарниот вински бренд „Александрија“ во посебна линија, која покрај добро познатите црвена и бела „Александрија“ е збогатена и со ново полусуво розе вино
Инаку, новото вино „Александрија розе“, уште пред неговото лансирање на пазарот, покажа дека ќе биде совршена екстензија на еден од најпопуларните и најпреферирани вински брендoви во земјава и регионот. Имено, на реномираниот меѓународен вински натпревар „Citadelles du Vin“ што се одржа во Бордо, Франција, најновиот член на линијата „Александрија“ освои златен медал, како и сребрен медал на натпреварот „Concours Mondial de Bruxelles“ во Брисел, Белгија.„Ако денот се познава по утрото, тогаш освоените медали за новото „Александрија розе“ е најдобар показател за оправданоста на нашата одлука и на вложувањата во дополнување на исклучително популарниот вински бренд „Александрија“ и негово издвојување во посебна линија. Веруваме дека и со оваа иновација во нашето продуктно портфолио креиравме дополнителна вредност за љубителите на квалитетното вино и за продложување на традицијата на овој вински бренд и неговата полуларност која е присутна во целиот регион, уште од неговото појавување пред 35 години, па сѐ до денеска“, објаснува генералниот директор на ВВ „Тиквеш“, Игор Илиевски. Дополнително, направена е и промена и подобрување на изгледот на вината од линијата „Classic“ кои добија нова поексклузивна амбалажа што ќе ги направи уште попривлечни за потрошувачите, како во земјата, така и на странските пазари.Посетителите на овогодинешниот „Вино-Скоп“ и љубителите на овие вина, може да земат учество во натпреварот за најдобра фотографија на популарната социјална мрежа Instаgram (#СекојаКапкаЕИнспирација) и со тоа да се приклучат кон кампањата „Секоја капка е инспирација“ која го комуницира новиот изглед на „Александрија“./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

