Свет
Помалите индустриски нарачки укажуваат на забавување на германската економија
Најновите податоци за забавување на растот на нарачките во германската индустрија во јули годинава ја зголемија загриженоста на економистите дека најголемата европска економија забавува заради економската и политичката неизвесност во светот.
Бројот на договори за испорака на стока произведена во Германија порасна во јули само 0,2 отсто во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на германското Министерство за економија, објавени во вторник. Тоа е послабо од очекувањата на економистите, кои во анкетата на Reuters проценуваа нивен раст за 0,5 отсто.Домашната побарувачка, при тоа, паднала за три отсто, додека странските нарачки пораснале за 2,5 отсто, при што побарувачката од еврозоната скокнала за 5,9 отсто. Тоа се првите податоци за индустриските нарачки за целиот месец откако Британија гласаше за напуштање на Европската унија(ЕУ).„Економската и политичката неизвесност ги придушуваат активностите за нарачки ширум светот“, вели Томас Гицел, економист од банката VP Bank. Тој додаде дека британскиот референдум за напуштање на ЕУ е само еден од факторите.„Покрај американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, следната неизвесност е зад аголот“, рече Гицел, укажувајќи на острата реторика на Трамп против слободната трговија. Инаку САД се најважниот германски извозен пазар. /крај/хн/ст
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Свет
Градоначалникот на Чилпасинго убиен шест дена по преземањето на функцијата во Мексико
Алехандро Аркос, градоначалникот на Чилпансинго, главниот град на мексиканската држава Гереро, е убиен во неделата, помалку од една недела по преземањето на функцијата, потврди гувернерот на државата.
Аркос е убиен само шест дена откако станал градоначалник на Чилпанцинго во југозападно Мексико, град со околу 280.000 жители, пренесува Ројтерс.
„Поради неговото убиство, целата заедница на државата Гереро тагува и не исполнува со гнев“, рече гувернерката на таа држава Евелин Салгадо во изјавата споделена на социјалните мрежи.
Свет
Западноафриканските земји најавуваат подобра жетва, но какаото и чоколадото нема да поевтинат
Клучните производители на какао во Западна Африка, Гана и Брегот на Слоновата Коска најавуваат дека бербата на плодовите од какаото ќе биде поуспешна од претходните сезони, но дека е извесно дека тоа нема да ја намали цената на чоколадото на светските берзи.
Временските услови се подобри, а локалните производители добија пестициди за контрола на какао болестите и очекуваат приносите да бидат значително повисоки од минатата година, пренесува Блумберг.
Бербата започнува веќе во октомври.