Надворешна политика
Попоски и Коциас разговараа за надминување на грчката блокада
Надминување на долгогодишната блокада и почеток на преговори за членство на Република Македонија во Европската унија, отстранување на препреките на тој пат, вклучително и позитивните ефекти што тоа би ги имало врз напорите за надминување на наметнатиот спор за името, беа главните теми на разговорите меѓу шефот на македонската дипломатија Никола Попоски и неговиот грчки колега Никос Коцијас, во понеделникот во Брисел.
Попски, како што информираат од Министерството за надворешни работи, се сретнал и со шефот на словенечката дипломатија, Карл Ерјавец, при што било разговарано за предизвиците за справувањето со мигрантската криза, како и за поддршката на Словенија за почеток на пристапните преговори.Попоски во понеделникот заедно со вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими, учествуваа на работен појадок во Брисел со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во организација на министрите за надворешни работи на Унгарија и на Австрија, Петер Сијарто односно Себастијан Курц.На состанокот земјите членки искажаа став дека имаат интерес Македонија да биде успешна во евро-интеграцискиот процес и што поскоро да ги започне пристапните преговори. Сметаат дека Македонија досега покажала капацитет и дека е професионален и кредибилен кандидат за членство во ЕУ. Пристапниот процес е блокиран предолго и сите се согласуваат дека имплементацијата на политичкиот договор и одржувањето на успешни избори се патот кој води кон отворање на европските асоцијативни преговори. Особено беше подвлечена позитивната и одговорна улога на Македонија во справувањето со мигрантската криза. Министерот за надворешни работи, Попоски потенцирал дека по седум последователни препораки за почеток на преговорите време е ЕУ да овозможи кредибилитет на евро-интегративниот процес на Македонија што истовремено ќе ја унапреди политичката клима во земјата. Искажа подготвеност за целосно исполнување на политичкиот договор и реформските приоритети. „Со успешно спроведени избори Македонија ќе биде во можност да ја зајакне својата позиција и да им даде аргументи на земјите членки за неодложен почеток на преговорите. Во 2016 треба да се затвори овој циклус и да започне ново поглавје: од една страна Македонија да го спроведе политичкиот договор кој завршува со договорените избори; од друга страна Советот на ЕУ потоа да не пропушти да ги отвори преговорите за членство на Македонија во ЕУ, во спротивно принципиелноста на тие кои одлучуваат ќе биде ставен под знак прашалник“, истакна Попоски./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.