Спорт
Мразот ја спречи пливачка трка во Лондон

Невообичаеното студено време во Велика Британија го оневозможи денеска одржувањето на еден од најдолготрајните традиционални божикни настани-натпреварот во пливање на отворено во езерото во лондонскиот Хајд Парк
Четириесеттемина конкуренти беа подготвени да учествуваат во трката на сто метри во езерото Серпентини во централниот дел на Лондон, но организаторите поради мразот мораа да го откажат традиционалното натпреварување, првпат по 30 години.Десетина пливачи сепак го скршија ледот и симболично се фрлија во студената вода. „Не можевме да одржиме нормална трка, но успеавме да го скршиме мразот и на кратко да пливаме“, рекол почесниот секретар на пливачкиот клуб „Серпетини“, Брајан Томас.„Езерото последен пат било замрзнато во 1981 година. Тоа е навистина редок случај“ изјавил Томас.Божикната трка во езерото Серпетини првпат е одржана во 1864 г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) 100 ултраси на Рома уапсени во Ница

Повеќе од 100 навивачи на Рома беа уапсени во Ница, поради обид да предизвикаат инциденти во градот пред фудбалскиот натпревар меѓу двата клуба во Лигата на Европа.
Како што објави „RMC Sport“, безбедносните камери помогнале да се пресретнат навивачите кои се приближувале кон стариот град во Ница. Полицијата запленила железни шипки и месингани боксерки.
Префектурата Ница соопшти дека уапсила 102 лица, идентификувани како „вооружени ултраси на Рома“.
„Полицијата ги запре тие лица и го заплени целото оружје“, се вели во соопштението.
24.09.2025, Nice🇫🇷 – As Roma🇮🇹, city center Nice before match, mob 120-130 Nice looking for 70-80 Roma, Nice forced a police roadblock but no real contact with the Italians, click for more here: https://t.co/huOi9YrBah
FOLLOW NEW IG: https://t.co/nxIt71sbXp
All in one place.… pic.twitter.com/1UXpTAqXMX
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) September 23, 2025
Префектурата, исто така, потврди зголемено полициско присуство поради натпреварот и изјави дека околу 400 полицајци ќе се грижат за јавниот ред.
Ќе има забрана за консумирање алкохол на улиците, а ноќните клубови во областа ќе се затворат порано.
Натпреварот меѓу Ница и Рома се игра вечерва во 21:00 часот.
Фото/ Принтскрин
Спорт
(Видео) Хаос на „Маракана“, жестока тепачка меѓу навивачите и полицијата

Инциденти го обележаа четвртфиналениот натпревар меѓу Флуминенсе и Ланус на легендарната „Маракана“м одигран во Копа Судамерикана.
Инцидентите започнаа на полувремето, ги започнаа гостинските навивачи. поради што почетокот на второто полуврмеме беше одложен за 30 минути.
Според извештаите, инцидентот наводно започнал по тепачка меѓу навивачите на Ланус во ходникот или тоалетот на стадионот, што дополнително ги зголемило тензиите.
Pelea entre hinchas de Lanus y la policia de Rio.#Lanus #FLUxLAN #Fluminense #Rio pic.twitter.com/s2nZvxeqta
— Rodrigo Machado (@machadorodrigo7) September 24, 2025
Полицијата реагирала со сила: солзавец игумени куршуми биле употребени за растерување на толпата.
🇧🇷 🇦🇷
Enfrentamiento en Brasil, entre hinchas de Lanús y la policía de aquel país.
— Luis Omar Tapia (@LuisOmarTapia) September 24, 2025
Играчите на Ланус одбиле да се вратат на теренот додека не се смири ситуацијата, а судијата Хесус Валензуела го одложил почетокот на вториот дел по консултација со преставниците на клубовите.
Што се однесува до самиот натпревар, Флуминенсе водеше со 1:0 на полувреме, со што го израмни вкупниот резултат откако го загуби првиот натпревар со ист резултат.
Ланус успеа да го издржи притисоко, успеа да изедначи и да се пласира во полуфиналето.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Касемиро бесплатно ќе го напушти Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед е подготвен да го пушти бразилскиот играч од средниот ред Касемиро да го напушти клубот како слободен агент во јуни, ако не успеат да најдат купувач дотогаш, тврди поранешниот скаут Мик Браун, пишува „GiveMeSport“.
Клубот од „Олд Трафорд“ наводно се подготвува за заминувањето на 33-годишникот за помалку од десет месеци, со оглед на тоа што Касемиро нема иднина во долгорочните планови на менаџерот Рубен Аморим.
Бразилецот беше исклучен во победата на Јунајтед од 2:1 над Челзи во саботата поради втор жолт картон, откако претходно го постигна вториот гол за својот тим.
Се шпекулира дека клубовите од Саудиската професионална лига се заинтересирани за искусниот играч од средниот ред веќе долго време и нема да имаат проблем да ја покријат неговата неделна плата од 400 илјади евра.
Според Браун, Манчестер јунајтед би можел да се обиде да го продаде Касемиро пред да му истече договорот во јуни 2026 година, но ако не успеат да го сторат тоа, веројатно ќе го пуштат да си замине без надомест.
„Дојде време Касемиро да си замине. Доколку Манчестер јунајтед добие понуда за него што им одговара, би можеле да одлучат да го продадат, но во спротивно, слушнав дека веројатно ќе му биде дозволено да си замине како слободен играч. На негови години, со парите што ги заработува, нема да има смисла да го задржи. За него имаше интерес од Саудиската професионална лига и мислам дека тоа е веројатно потег што ќе му одговара во оваа фаза“, рече Браун.
Касемиро пристигна во Јунајтед од Реал Мадрид во август 2022 година за 70 милиони евра и досега има одиграно 130 натпревари за клубот, постигнува 18 гола и 12 асистенции. Во својата прва сезона, тој му помогна на клубот да се врати во Лигата на шампионите, натпреварување кое го освои пет пати со Реал Мадрид.
Фото/ Принтскрин