Контакт

Надворешна политика

Кендис Милер: Нема причина Македонија да не биде членка на НАТО

Објавено пред

Во април поднесе резолуција за поддршка на Македонија во НАТО, беше еден од иницијаторите и меѓу 40-те конгресмени потпишани во писмото до државниот секретар Кери со слична содржина, и е на чело е на Конгресната група за Македонија и македонските Американци – конгресменката Кендис Милер верува дека Македонија заслужува да биде членка на НАТО.
 
 

dobivaj vesti na viber

Во април поднесе резолуција за поддршка на Македонија во НАТО, беше еден од иницијаторите и меѓу 40-те конгресмени потпишани во писмото до државниот секретар Кери со слична содржина, и е на чело е на Конгресната група за Македонија и македонските Американци – конгресменката Кендис Милер верува дека Македонија заслужува да биде членка на НАТО.

 

 

 

Во интервјуто за Гласот на Америка на македонски, Милер говори за натамошниот тек и влијанието на резолуцијата, поднесена во април, а деновиве префрлена во надлежниот конгресен поткомитет.

 

„Треба да обезбедиме повеќе конгресмени да пристиснат за резолуцијата и Македонија да го зазеде заслуженото место во НАТО.  Да имаме доволно притисок во Конгресот.  Знаете, има и притисок од обратната страна. Се работи за тоа да ги запознаеме конгресмените колку е важно се што Македонија сработи, се што исполни во однос на нештата потебни за прием во НАТО. Посекако, нема причина Македонија да не биде членка на НАТО“, вели Милер.

 

Но, НАТО е дециден дека нема покус пат до членство и дека Македонија ќе биде примена кога ќе го реши прашањето за името. Републиканката од Мичиген на тоа коментира со сугестија да се погледне пошироката слика.

 

„Секако дека сакаме да продолжиме да соработуваме со Грција и другите коишто можеби притискаат од другата страна, но погледнете на ситуацијата во Украина.  И велам: во време на пресвртни моменти на разни места во светот, посекако во Европа, мислам дека е мошне важно да не дозволиме нешто како името да го попречи приемот на Македонија во НАТО, затоа што слободата, независноста, демократијата и самоопределувањето, подготвеноста на Македонија да застане со сојузниците на проблематични места во светот, да испрати војници, да биде подготвена да ја жртвува својата крв и богатство во борбата за демократија и слобода – сите овие нешта се така големи плусови за Македонија, така што се надевам дека може да го решиме другото прашање, но мора да се гледа во поширок контекст“, потенцира таа.

 

Запрашана за реакцијата на државниот секретар Џон Кери на писмото во коешто, со нејзино залагање, 40 конгресмени укажуваат на украинската ситуација и бараат прием на Македонија и Црна Гора уште на Самитот на НАТО во Велс, таа вели дека немала многу повратни информации од Кери за оваа иницијатива.

 

„За жал, немавме многу повратна информација од секретарот Кери  за тоа писмо, но знам дека го доби и се надевам дека го разгледува. Знам дека е многу зафатен со се друго што сега се случува, но мислам дека кога толку многу конгресмени ќе испратат писмо до државниот секретар, тој не го остава настрана. Тоа беше двопартиски напор и мислам дека има влијание“, вели Милер.

 

Американскиот официјален став за прашањето за името со години е дека Вашингтон ќе поддржи обострано прифатливо решение, во рамки на процесот во ОН.  Но, со фактот дека со години нема видлив напредок во преговорите, конгресменката се согласува со тезата дека би имало полза од поактивна улога на американската влада.

„Како претседавачка на Конгресната група за Македонија, јас сум тука (во Конгресот, н.з.) голем глас. Се обидувам гласот да ми биде што погласен.  Претседателот (Џорџ В., н.з.) Буш беше решителен во врска со ова и мислам дека претседателот Обама генерално е согласен по прашањето, и државниот секретар Кери, назначен од него, затоа и му напишавме писмо. Мислам дека би било корисно да се биде поактивен по ова прашање“, потенцира таа.

 

Милер наведува дека разговара со колегите од демократска страна, но во моментов не може да каже кој би го пополнил демократското место на заедничката функција – претседавач на Конгресната група за Македонија.

 

„Разговарав со неколкумина за ова, но во моментов немам име што би го објавила.  (…)  Ова навистина е двопартиско прашање.  Имавме добра двопартиска соработка во минатото. Треба да обезбедиме позицијата да се пополни“, вели Милер.

 

Таа раскажува дека и пред да влезе во Конгресот, додека била државна секретарка на Мичиген, како главно изборно лице во сојузната држава од речиси 10 милиони луѓе, задолжено тие да го искористат правото на глас, укажувала на македонските Американци како на група којашто разбирала колку е важно правото на глас во демократијата.  Илјадниците македонски Американци во нејзината изборна област се врската со Македонија.

 

 „Македонската врска за мене е – ја претставувам најубавата област во целата земја – тука сум малку со предрасуда – во југоисточен Мичиген.  Горда сум да кажам дека имаме една од најбројните заедници на македонските Американци“, порачува Милер./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија7 часа

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...

Топ9 часа

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам...

Македонија10 часа

(Видео) 73,2% ученици пушачи не биле спречени да купат цигари поради возраста, ИЈЗ спроведе истражување на 7,8 и 9-одделенци  

Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици...

Македонија11 часа

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Топ12 часа

Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата

Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според...

Македонија12 часа

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет13 часа

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија14 часа

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија14 часа

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Регион15 часа

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет15 часа

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет16 часа

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет16 часа

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа16 часа

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија1 ден

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија1 ден

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија1 ден

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија1 ден

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...