Спорт
Еврокуп: Победи на Војдан и Пеџа, пораз за Мејси и Илиевски
Војдан Стојановски и Пеџа Самарџиски со своите екипи се приближија до четвртфиналето во кошаркарскиот Еврокуп, додека Џеремаја Мејси и Владо Илиевски со својот тим се далеку од пласманот меѓу најдобрите осум.
Војдан Стојановски и Пеџа Самарџиски со своите екипи се приближија до четвртфиналето во кошаркарскиот Еврокуп, додека Џеремаја Мејси и Владо Илиевски со својот тим се далеку од пласманот меѓу најдобрите осум. Во рамките на Групата Ј, Доњецк на Војдан Стојановски забележа убедлива победа над Химки од 85:67. Македонскиот репрезентативец натпреварот го заврши со 8 поени, еден скок и 2 загубени топки. По четири одиграни кола, Доњецк, поради подобриот меѓусебен скор го презеде водството на табелата од Химки, двата тима имаат по три победи и еден пораз. Со оваа победа Доњецк избори пласман во четвртфиналето, каде веќе се Валенсија и Спартак Санкт Петербург, единствените две екипи со максимален учинок во четири одиграни кола во Топ 16 фазата. Пеџа Самарџиски имаше одличен настап во победата на Лијетувос Ритас на гостувањето во Берлин кај Алба. Литванскиот преставник, во натпревар од Групата Л, победи со 62:79, а Самарџиски имаше учинок од 7 поени, 6 скока и по две асистенции и украдени топки. Во оваа група пласманот во четвртфиналето си го закомпликува и го направи речиси невозможен Локомотив Кубан, на Џеремаја Мејси и Владо Илиевски. Рускиот тим загуби во Тревизо од Бенетон со 87:76. Мејси натпреварот го заврши со 14 поени и 5 скока , додека Илиевски имаше само епизодна улога, на паркетот мина нешто повеќе од четири минути, за кои во статистиката запиша еден скок и една украдена топка. На врвот Бенетон се израмни со Лијетувос Ритас, двата тима имаат по три победи и еден пораз, додека Локомотив има две победи и два порази. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

