Контакт

Скопје

Објавена програмата за одбележување на 70-годишнината од ослободувањето на Скопје

Објавено пред

Над 80 настани опфаќа програмата за одбележување на 13 Ноември и 70-годишнината од ослободувањето на Скопје што во среда ја претставија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, директорот на Музеј на град Скопје, Љубица Кондијанова и раководителот на Секторот за јавни дејности на Град Скопје, Тања Балаќ.

dobivaj vesti na viber

Годишнината се одбележува под мотото „70 години Скопје слободно чекори напред“. 

„Годинешната програмата под мотото „70 години Скопје слободно чекори напред“ за празнувањето на Денот на ослободувањето на Скопје -13 Ноември е со побогата содржина. Ќе се одржат традиционалните настани крводарителска акција на Црвен крст, фестивалот „Златно славејче“, финални борби и доделување на Златниот гонг, „Пинг-понг градско првенство на средни училишта на Град Скопје“, Меѓународниот детски ликовен конкурс, манифестацијата Го градиме својот град, ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“, Меѓународен шаховски турнир на слепи и лица со оштетен вид, а се организирани и голем број манифестации како дел од големото одбележување на овој значаен празник за граѓаните на Скопје. Во рамки на свеченоста по повод  Денот на ослободувањето на Скопје во Македонскиот народен театар свечено ќе им бидат додели наградите  на добитниците на „13 Ноември“, а по нивното доделување во чест на добитниците ќе биде одржана музичка- сценска  изведба „Скопје слободно чекори напред“, изјави Трајановски. 

Тања Балаќ ги информираше присутните дека за овој јубилеен и значаен историски датум, Градот Скопје подготви програма која содржи над 80 настани различен карактер: хуманитерен, еколошки, образовен, спортски и културно-уметнички карактер. Годинава во оваа прогама се вклучија Општините во Градот Скопје, основните и средните училишта, детски градинки, културни установи, невладиниот сектор,  спортски федерации и клубови. 

Годинава централниот настан ќе се оддржи во објектот на Македонскиот народен театар во 19:30 часот, каде што традиционално ќе им се додели Наградата „13-Ноември“ на Град Скопје за високи достигнувања од областа на културата и уметноста, образованието, науката и здравствена заштита. По доделувањето на  наградите, ќе биде одржана музичка- сценска  изведба „Скопје слободно чекори напред“во режија на Наташа Поплавска, во која учествуваат врвни балетски и  оперски уметници и актери од Македонија – припадници на повеќе етнички заедници кои живеат во Скопје.  

Исто така, на 13 ноември  традиционално ќе се полагаат  цвеќиња  пред Споменикот на ослободителите на град Скопје, на платото пред Владата и пред Споменикот на генерал Михалјо Апостолски на Градските гробишта во Бутел. 

Освен овие активности годинава во програмата влегуваат и одбележување на повеќе  јубилеи и годишнини на средните училишта на Град Скопје,  како што се Никола Карев, Браќа Миладиновци, Васил Антевски-Дрен, и други пригодни сценско-музички програми во градинките и основните училишта, хуманитарни и еколошки акции и слично.  

Централната програма ќе се одржи во соработка со Музеј на град Скопје кој е реализатор на програма, во соработка со Арт Медиа коишто се автори на сценската изведба, логото, видеоспотот и веб-страната и севкупниот визуелен изглед на промотовниот материјал.крај/мф

Македонија

Без вода денеска дел од Центар

Објавено пред

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:

dobivaj vesti na viber

· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Карпош денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“

Објавено пред

Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

dobivaj vesti na viber

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија53 минути

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија57 минути

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија1 час

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија2 часа

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија6 часа

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ6 часа

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет7 часа

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...

Свет7 часа

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на...

Свет7 часа

Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста...

Свет7 часа

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд...

Македонија18 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ22 часа

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија23 часа

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија1 ден

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура1 ден

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија1 ден

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија1 ден

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија1 ден

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија1 ден

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...