Свет
Карла Бруни не сака втор претседателски мандат за Саркози
Првата дама на Франција, Карла Бруни, ги отфрли скандалозните гласини на медиумите дека таа и нејзиниот сопруг имаат романси надвор од нивниот брак.
Првата дама на Франција, Карла Бруни, ги отфрли скандалозните гласини на медиумите дека таа и нејзиниот сопруг имаат романси надвор од нивниот брак.
Истовремено призна дека не сака нејзиниот сопруг да биде реизбран за втор претседателски мандат
“Можеби се плашам за неговото здравје, а можеби сакам времето што го имаме да го минеме заеднички во мир“, истакнува Бруни во интервјуто за медиумите и додава дека веќе се навикнала на улогата на прва дама, и иако е среќна, што е сопруга на Саркози, сепак секогаш ќе остане “девојка“
И Пол Саркози, таткото на францускиот претседател, не го советува синот повторно да се кандидира во 2012 година.
Покрај тоа што го дели таквото мислење, Карла Бруни сепак додава, дека мирно ќе го прифати секој избор кој ќе го направи нејзиниот сопруг./крај/блиц/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Забрзано видео покажува како пожарот зафатил елитен кварт во Лос Анџелес за 90 минути
Забрзано видео од Универзитетот во Калифорнија во Сан Диего ја покажува брзината на првичното ширење на пожарот што беснее низ Лос Анџелес.
Според Би-Би-Си, видеото е создадено за само 90 минути ноќта меѓу 7-ми кон 8-ми јануари, неколку часа по пријавувањето на пожарот, и го покажува неговото брзо ширење низ Палисадес Пацифик, една од луксузните населби во Лос Анџелес.
Снимката претставува како пожарот се проширил од површина од 20 хектари на повеќе од 200 хектари за само 20 минути.
Медиумите објавија уште неколку слични видеа на кои може да се забележи ширењето на огнот:
Свет
Трамп: Русите и пред Путин рекоа дека Украина нема да влезе во НАТО, издлабено е во камен
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ги разбира причините зошто Русија се противи на членството на Украина во НАТО.
За време на прес-конференцијата во неговиот клуб Мар-а-Лаго на Флорида, Трамп исто така остро го критикува претседателот во заминување Џо Бајден за промена на позицијата на САД за ова клучно прашање.
„Голем дел од проблемот е што Русија, долго пред Путин, јасно стави до знаење дека НАТО не смее да ја вклучи Украина. Тоа е како правило поставено за нив“, рече Трамп.
Според него, залагањето на Бајден за членство на Украина во НАТО ги влоши односите и, меѓу другото, доведе до конфликт. „Русија тогаш го има НАТО буквално на својот праг и можам да го разберам нивниот однос кон тоа“, додаде тој.
Русија го наведе проширувањето на НАТО кон нејзините граници како една од клучните причини за почнување на т.н. специјални воени операции во Украина или агресијата што почна на 24 февруари 2022 година.
Во септември истата година украинскиот претседател Володимир Зеленски ја изненади меѓународната заедница со најава на забрзана апликација за членство во НАТО. Иако членките на алијансата во принцип го поддржаа предлогот, Украина до денес не доби официјална покана за членство.
Свет
Руте: Сите мораме да направиме сѐ за да обезбедиме Украина да ја продолжи својата борба
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави денеска, во Германија, пред почетокот на состанокот на контакт-групата за помош на Украина, предводена од Соединетите Американски Држави, дека земјите од алијансата мора да направат сѐ што е можно за да ѝ дозволат на Украина да продолжи со своите вооружени акции.
„Мораме да направиме сѐ што е можно за да ѝ обезбедиме на Украина потребна опрема и обука за продолжување на борбата“, рече Руте.
Тој на средбата истакна дека е клучно да се демонстрира учеството на сите земји од НАТО во давање поддршка на Украина.