Црна хроника
Кривична пријава за кражби од куќи и болници во кичевско

Поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против 29-годишниот Ш.Р.од селото Жубрино, кому му е одредена му е мерка притвор во траење од осум дена,
Како што извести Секретаријатот за внатрешни работи Охрид, осомничениот се товари дека во периодот од март до август минатата година, со употреба на подесен предмет и кршење на бравите и катинарите, насилно отворал врати и прозорци од куќи и помошни објекти во селата Србица и Стрелци. Притоа тој противправно одзел еден агрегат за струја, повеќе моторни пили, како и друг работен алат и прибор.
На идентичен начин, сега притворениот влегол во амбуланта во близина на РЕК „Осломеј“ и во една приватна здравствена установа од каде одзел сирупи и други лекови.
На 17-ти февраури, по наредба на судија во претходна постапка извршен е претрес во неговиот дом при што пронајдени се дел од бесправно одземените предмети. По извршеното препознавање тие се предадени на оштетените сопственици на објектите./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.