Контакт

Книги

Промотивна турнеја на Дениса Дуран во Македонија

Објавено пред

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје ја најавува промотивната турнеја на романската поетеса Дениса Дуран, на која ќе биде претставена нејзината поетска збирка „Сè уште сум млада“, во издание на „Антолог“. Препевот на македонски јазик е на Лидија Димковска.
 

dobivaj vesti na viber

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје ја најавува промотивната турнеја на романската поетеса Дениса Дуран, на која ќе биде претставена нејзината поетска збирка „Сè уште сум млада“, во издание на „Антолог“. Препевот на македонски јазик е на Лидија Димковска.

 

Промотивната турнеја ќе започне в среда, на промоцијата во кафе-книжарницата „Магор“ во Скопје, со почеток во 20 часот. Промотор на делото ќе биде Владимир Мартиновски, а стихови ќе интерпретира Ана Голејшка. Следниот ден, со почеток во 21 часот, Дуран ќе гостува на фестивалот „ДримОН“ во Струга. Настанот ќе се одржи на сцената „Чил аут“ под насловот „Ја тргам земјата со раце“ како мултимедијален перформанс на литература, музика, фотографија. В недела, од 20 часот, нејзината поетска книга ќе биде претставена на јубилејните, десетти  Роднокрајни поетски средби во Струмица. Настанот ќе се одржи во  клубот Industrial. Стихови ќе интерпретира Мануела Златкова, а книгата ќе ја промовира Митко Гогов. Педесетината песни во збирката „Сè уште сум млада“ се распоредени во два циклуса, кои уште со насловите ги сугерираат семантичките врски со топосите на љубовта и смртта: Семка поставена на топло (што асоцира на чинот на оплодување) и Ја тргам земјата со раце (што асоцира на сликата на гробот). Гледано на макроплан, песните на Дуран постојано ги имаат предвид овие две тематски нишки: младоста се осмислува преку љубовта, а се цени и се љуби имајќи ја предвид и смртта. „Младешкиот дух и ентузијазам се огледуваат на повеќе рамништа во песните на Дуран: тие се кратки, директни, конкретни, прецизни, чисти, полни со виталност. Би можело да се каже дека Дуран главно пее за двете стожерни, примордијални теми на уметноста, за еросот и танатосот. Со оглед на тоа дека младоста на поезијата се обновува преку чинот на читање, голема е радоста што поетесата Лидија Димковска им ја продолжува младоста на песните на Дениса Дуран, преку препејувањето од романски на македонски јазик. Дуран, која во Македонија има многу пријатели благодарение на нејзината резиденција во јули 2015 година, со македонското издание на Сѐ уште сум млада во иднина ќе добива нови и нови читатели. И ќе остане млада“, пишува во рецензијата кон книгата Владимир Мартиновски. Книгата е објавена со поддршка на книжевната мрежа „Традуки“. Дениса Дуран е родена на 22 август 1980 година во Радауци, Романија, во семејство на писатели. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Букурешт, а магистрирала на тема од звуковната поезија. Работела како новинар и преведувач, а од 2007 година работи како менаџер за култура во Романскиот културен институт во Букурешт. Нејзината прва збирка поезија Пердувест и механички (2003) ја доби наградата за најдобро дебитантско дело како на Друштвото на писателите на Романија (филијала Брашов) така и на Здружението на писателите на Букурешт. Нејзината втора збирка песни Човек за една употреба (2009) е објавена во Ирска двојазично, на романски и на англиски јазик. Во 2012 година ја објавила третата збирка поезија Сè уште сум млада, а во 2014 година експерименталната збирка Ми се спие, но ти правам друштво. Нејзините први три книги беа потпишани под името Дениса Мирена Пишку. Заедно со австрискиот уметник Бруно Писек во 2015 година реализира радиоемисија на „ОРФ – Кунстрадио“ под наслов Букурешт денес е убав, нели? Во 2016 е објавена нејзината петта стихозбирка, Обвиткано во своето тело.На романски превела поезија од Никола Маџиров, Имануел Мифсуд и од Нил Мекарти. Дуран е вклучена во повеќе книжевни антологии, а избори од нејзината поезија се објавени на тринаесет странски јазици./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

„Немирната совест го натера Заев на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во...

Свет1 час

Врските на Епстин со Силиконската долина биле многу повеќе од комуникација само со Гејтс и Маск

Најновото објавување на милиони документи од Министерството за правда на САД поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин фрли нова светлина...

Европа2 часа

Празната украинска амбасада во Москва казнета поради неплаќање струја

Московскиот суд ѝ наложи на украинската амбасада во Русија, која е затворена од почетокот на руската инвазија во февруари 2022...

Европа3 часа

(Видео) Моќен напад со дронови врз Одеса: погодена зграда, едно лице загина

Руските сили извршија серија напади со ракети и беспилотни летала врз неколку украински градови во текот на ноќта. Во Одеса,...

Европа3 часа

Зеленски: Русија секојдневно ја напаѓа нашата железничка инфраструктура

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија речиси секојдневно ја напаѓа железничката инфраструктура на Украина, но дека Киев сè уште...

Македонија4 часа

Почувствуван земјотрес во Тетово и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23...

Македонија17 часа

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија18 часа

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија21 час

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...

Македонија21 час

Кајмакоски е дома; Рашиќ: „Смирено и храбро се соочил со киднаперите, но му треба мир“

Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис

Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана...

Македонија1 ден

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

Поранешниот премиер Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега е подготвен да одговори со...

Култура1 ден

Почина Бред Арнолд – пејачот на американскиот бенд 3 Doors Down

Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here...

Свет1 ден

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за атентат врз рускиот генерал Алексеев, ФСБ уапси и соучесник во Москва

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот на руската воена разузнавачка служба, Владимир Алексеев, беше приведен во Дубаи и предаден...

Свет2 дена

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија2 дена

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...

Македонија2 дена

Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло

Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад...

Македонија2 дена

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија2 дена

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет2 дена

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...