Македонија
Свеченост по повод промоцијата на нови подофицери на АРМ

Свеченост по повод завршетокот на основниот курс за подофицери (ОКПОФ) на АРМ ќе се одржи денеска во касарната „Алекса Демниевски – Бауман“ во Велес
Свеченост по повод завршетокот на основниот курс за подофицери (ОКПОФ) на АРМ ќе се одржи денеска во касарната „Алекса Демниевски – Бауман“ во Велес.
На свеченоста утре во организација на Командата за Обука во Велес ќе бидат промовирани нови шеесет подофицери на АРМ кои основниот курс за подофицери успешно го завршија во изминативе три месеци.
Инаку, од 2006 година, АРМ започна со имплементација на Концептот за развој на подофицерскиот кор кој е изработен врз основа на искуствата и препораките на претставниците на НАТО советодавниот тим и тимот на Буз Ален Хамилтон.
Согласно овој Концепт, кандидатите за овој курс се селектираат од редот на професионалните војници на АРМ, врз основа на строго утврдените критериуми, според кои се избираат кандидати со највисоки оценки постигнати во работата, а целокупниот процес на воено образование и обука на подофицерите е во надлежност на Командата за обука. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.