Контакт

Надворешна политика

Јолевски на саем за воздухопловство во Париз

Објавено пред

Македонскиот министер за одбрана, Зоран Јолевски, во понеделникот во Париз, оствари средба со Државниот секретар во Министерството за одбрана на Франција, Жан – Марк Тодешини.

dobivaj vesti na viber

 

 

Министерот Јолевски на средбата потенцираше дека Република Македонија ги исполни сите критериуми за полноправно членство во Алијансата.

 

„Ние ги споделуваме вредностите на НАТО, а воедно и активно придонесуваме кон глобалниот мир и стабилност. Интеграцијата на Македонија во НАТО има голема поддршка од граѓаните и е приоритет на Владата на Република Македонија. Со интеграција на Македонија во Алијансата ќе се придонесе кон натамошното зајакнување на стабилноста и просперитетот во регионот и во Европа“, рече Јолевски на средбата.

 

Истовремено, министерот изрази благодарност за развојот на билатералната соработка со Франција која се движи во нагорна линија.

 

Секретарот Тодешини, посочи дека Македонија е докажан партнер на Алијансата кој во голема мера има придонесено во мисијата ИСАФ и продолжува да придонесува во новата мисија „Одлучна поддршка“.

 

Во однос на соработката, секретарот Тодешини укажа на фактот дека тоа е единствениот начин кон побезбедна и попросперитетна Европа, за своите граѓани.

 

Воедно, министерот Јолевски присуствуваше на 51. саем за воздухопловство и вселенска технологија во Париз при што посети голем дел од излагачите, меѓу кои и најголемите и најреспектираните компании во областа на воздухопловството.

 

Министерот посочи дека Република Македонија, која развива мобилна и современа армија секогаш подготвена да го заштити територијалниот интегритет и суверенитет на државата, мора да остане во тек со новите достигнувања во областа на воената технологија.

 

Јолевски на саемот имаше разговори со повеќе соговорници со цел високо развиениот Центар за обука на пилоти во Република Македонија да прерасне во глобален центар за обука. /крај/

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Почнува судењето за пожарот во „Пулс”: Роднини на загинатите молкум го следат пристигнувањето на обвинетите

Под силно полициско обезбедување утрово почнува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во кој загинаа 63 лица. Покрај новинарските...

Свет10 минути

(Фото) Во рускиот напад врз станбени згради во Харков повредени 32 лица, меѓу кои и деца

Руски дронови погодија станбени згради во вториот по големина град во Украина, Харков, при што беа повредени 32 лица, меѓу...

Свет57 минути

ЕУ воведува „воен Шенген“ за побрзо преминување на воени трупи и опрема преку границите

Земјите-членки на ЕУ ќе имаат само три дена во мирно време и шест часа во кризни ситуации за да одобрат...

Македонија1 час

(Фото) Од шахта на булеварот „Александар Македонски“ масивно истекуваше хемиска пена, Ѓорѓиевски: Ќе бидат преземени најстроги санкциски мерки

На социјалните мрежи се појавија фотографии за кои скопјани со право се загрижија, но и за кои ние веќе претходно...

Свет2 часа

Мадуро: САД нè провоцираат, нападот би бил крај на кариерата на Трамп

Претседателот на Венецуела предупреди дека секоја американска воена интервенција во неговата земја би значела „политички крај“ за американскиот претседател Доналд...

Европа3 часа

Русија привремено ги прекина летовите на аеродромот Краснодар

Руската служба за цивилно воздухопловство „Росавијација“ соопшти дека рано утрово привремено ги прекинува летовите на аеродромот Краснодар во јужна Русија...

Свет3 часа

(Видео) Јапонскиот град Оита во пламен: зафатени 170 објекти, едно лице е исчезнато

Пожар зафати повеќе од 170 објекти во јужен јапонски крајбрежен град, гореше преку ноќ и сè уште не е целосно...

Свет3 часа

Пет туристи загинаа во снежна бура во Чиле: двајца Германци, двајца Мексиканци и еден Британец

Спасувачките екипи со часови бараат група туристи кои исчезнаа во снежна бура во Националниот парк Торес дел Пајне во Чиле,...

Свет3 часа

(Видео) Новинарка на „Еј-би-си“ го праша американскиот претседател за Епштајн, Трамп: „Треба да ти се одземе дозволата“

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека на подружниците на „Еј-би-си“, во сопственост на Волт Дизни, треба да им...

Македонија12 часа

Мицкоски: Барам смена на Љупчо Коцевски, не си ја врши својата работа добро

Премиерот Христијан Мицкоски се осврна на работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, потенцирајќи дека ниту тој лично ниту јавноста не...

Македонија14 часа

Само еден месец по отворањето, Штип го издава Дино паркот под ќирија на 15 години

Еден месец откако беше промовиран, Дино паркот во Штип, со одлука на Советот на општината ќе биде даден под ќирија...

Македонија16 часа

100 дена протести во Љубојно: Жителите бараат запирање на сечата на шумата

Жителите на преспанското село Љубојно информираа дека во среда, 19 ноември, ќе се навршат 100 дена откако секое утро одат...

Македонија20 часа

(Видео) Мециновиќ за „Пулс“: На почетокот на декември ќе биде свикана анкетна комисија, да утврдиме каде потфрлиле институциите

На денешната прес-конференција пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, информираше дека на почетокот на декември ќе биде свикана седница на Постојаната...

Македонија22 часа

ЦУК предупредува: Поради интензивни врнежи од дожд, во делови од Западна Македонија се создадоа водни површини под подвозниците и надвозниците

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми...

Македонија23 часа

Утре почнува судењето за пожарот во „Пулс“, Обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март, а во кој животот...

Македонија24 часа

23-годишник од Волково принудувал петгодишно девојче на полови дејства, поднесено обвинение

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишник од Волково, бидејќи се обезбедено докази дека извршил други полови дејствија...

Македонија1 ден

Филипче слепо ја следи агендата на Заев и ја игнорира потребата од реформи во партијата, смета ВМРО-ДПМНЕ

Венко Филипче безрезервно ја следи политичката стратегија на Заев штитејќи ги бизнис интересите на кланот Заеви, а притоа целосно ги...

Македонија1 ден

Почна пријавувањето за набавка на електронски уреди, 55.000 студенти добиваат по 15.300 денари, информира Владата

„Ветеното, го реализиравме. Од вчера официјално започна аплицирањето за набавка на електронски уреди. Студентите ги добиваат ветените 250 евра или...

Регион1 ден

(Видео) Облакодерот во Загреб гори со часови, паѓаат делови од фасадата: штетата е тотална

Облакодерот на Славонска авенија во Загреб, во кој вчера избувна пожар малку пред полноќ, утрово сè уште гори, делови од...

Европа1 ден

(Видео) Нападнати термоелектраните во Донецк: многу населби без струја

Денис Пушилин, прорускиот лидер на регионот Донецк, објави на апликацијата Телеграм дека украинските сили оштетиле две тамошни електрани во ноќен...