Црна хроника
Малолетник избодел тинејџер

Во саботата вечерта на автобуска постојка во Скопје, еден малолетник избодел друг малолетник, кој се здобил со телесни повреди, соопшти полицијата.
Имено во саботата, 22.20 часот во Скопје на бул.„Партизански Одреди“ на автобуска постојка 17 годишен малолетник со нож му нанел убодна рана во градниот кош на 16 годишен малолетник.
Укажана му е лекарска помош во ГОБ „8-ми Септември“, каде му биле констатирана телесна повреда.
По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Заталкан куршум оштетил ветробранско стакло на паркирано возило

Синоќа во 21.25 часот во СВР Скопје, С.С.(45) од с.Глумово, скопско, пријавил дека во дворот на семејната куќа во с.Глумово паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило ветробранското стакло на неговото паркирано возило „фолксваген пасат“.
Полицијата соопшти дека се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Неколкумина повредени во сообраќајна несреќа во Струмичко

Во Полициската станица Струмица вчера во 05.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат 1402, на крстосница за селата Банско, Габрово и Муртино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.М.(33) од Струмица и патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(32) од село Колешино, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни пореди се здобила сопатничката во патничко возило „фолксваген туран“, Е.А.(53) од Струмица, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатниците во возилото „фолксваген“ , С.М.(32) од Струмица, С.Н.(49) од село Банско, струмичко, А.А.(52) од Радовиш, А.А.(28) од Струмица и 17 -годишник од Струмица, констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.
Црна хроника
Загина 38-годишен маж: со мотоциклот излетал од патот

Вчера околу 18.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Копаница-с.Бојане, скопско, мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.С.(38) од с.Буковиќ, скопско, излетал надвор од патот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.Ј.(41) од с.Копаница, скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.