Скопје
Скратени неколку автобуски линии во Скопје
Поради обилните врнежи на снег во Скопје во моментов неколку автобуски линии на ЈСП функционираат со скратена траса, 11 (до пругата во Ѓорче Петров), 47-а (до обиколница), 51 (до мостот пред село Моране), 56 (до Расадник), 58 (до Кисела Вода), 58-а (до Кисела Вода), 60 (до с. Глумово), 61 (до каменолом), 64 (до Волково), 65 (до Црешево), 70 (мост кај Батинци), 74 (до Долно Количани), 81 (до Чучер Сандево), додека автобусот кој сообраќа од Транспортниот центар до Средно Водно е целосно прекината.
Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на денот, од почетокот на врнежите на снег интервенираа на критичните точки на градските сообраќајници – високите зони кон Водно, Пржино, Црниче, Железара, и поголем број на подвозници, а во моментов се интервенири на булеварите и магистрални улици кои се во надлежност на Град Скопје.
Екипите на зимската служба на Град Скопје и јавното претпријатие „Улици и патишта” на терен интервенираа со возила – соларки и соларки со плуг на сите булевари во надлежност на град Скопје.
Во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините. Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Екопатролата при ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје изготви 334 записници во текот на минатата година
Во периодот јануари – декември 2024 година екопатролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје изготви и врачи 334 едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти што се затекнати при одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.
Како резултат на овие активности од страна на сторителите се расчистени 894 кубни метри непрописно одложен отпад. Најголем број записници, вкупно 138, се изготвени во скопската општина Чаир. Во текот на минатата година екопатролата реализира и секојдневни интервентни патролни дежурства на таканаречените црни точки – локации на кои е забележано континуирано непрописно одлагање отпад. Повеќето од овие локации се наоѓаат во скопските општини Чаир и Ѓорче Петров.
„Во општина Чаир секојдневно непрописно се одлага отпад на булеварите Никола Карев (пластичарската улица, на аголот со улицата Максут Садик) и Крсте Мисирков (до ‘Зегин’ на Бит-пазар), како и улиците Џон Кенеди (до ООУ ‘Васил Главинов’) и Славеј Планина (во непосредна близина на скопското Теќе), а во општина Ѓорче Петров станува збор за повеќе локации на улиците Лука Геров, Борис Сарафов, Ѓорче Петров, Христо Батанџиев и Македонска војска“, велат од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.
Скопје
Дел од Кисела Вода и Карпош без струја
Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– од 8 до 13 часот дел од корисниците од улицата Св. Наум Охридски, Црниче (општина Кисела Вода);
– од 10 до 14 часот дел од корисниците од булеварот Илинден, реонот кај раскрсницата со улицата Коле Неделковски (општина Карпош).
Скопје
Отстранети 50 кубни метри отпад од диви депонии во Чаир, Ѓорче Петров и Карпош
Во текот на изминатото деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 50 кубни метри непрописно одложен отпад во скопските општини Чаир, Ѓорче Петров и Карпош.
„Отстранети се 15 кубни метри отпад од картонска амбалажа и петнаесетина автомобилски гуми одложени на јавна површина на улицата Војдан Чернодрински, како и 10 кубни метри кабаст отпад одложен на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) во скопската општина Чаир. Во општината Карпош се подигнати приближно 10 кубни метри кабаст отпад одложен на сообраќајна површина на улицата Загребска, во населбата Козле. ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше активности и во општината Ѓорче Петров, каде што се подигнати 15 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улиците Лука Геров и Ѓорче Петров“, посочија од ЈП Комунална хигиена Скопје.