Македонија
Бесон – Македонија може да смета на француската поддршка
Македонија може постојано да смета на поддршката од Франција во евроинтеграциските процеси бидејќи нејзината иднина е во Европа, порача денеска францускиот министер за имиграција, интеграција, национален идентитет и солидарен развој Ерик Бесон.
Македонија може постојано да смета на поддршката од Франција во евроинтеграциските процеси бидејќи нејзината иднина е во Европа, порача денеска францускиот министер за имиграција, интеграција, национален идентитет и солидарен развој Ерик Бесон.Тој во земјава пристигна еден ден по одлуката за укинување на визите за македонските граѓани, да потпише договор за мобилност на младите.„По укинувањето на визите за Балканот, што е важна етапа од евроинтеграциските процеси, сакав да дојдам веднаш за да потпишам договор за мобилност на младите, кој ќе ја зајакне мобилноста на студентите, младиот професионален кадар и практикантите кои посебно ќе бидат третирани од страна на Франција за да добијат пристап до пазарот на труд“, изјави министерот Бесон по потпишување на договорот со премиерот Никола Груевски.Според Бесон, договорот нема да значи одлевање на мозоци, туку спротивно младите со можноста за студирaње, но и за обука да можат да ја изградат својата европска иднина.Премиерот Никола Груевски го оцени договорот како важен, кој се надоврзува на визната либерализација и ги охрабрува младите за привремена професионална миграција, поттикнувајќи го истовремено враќањето на стекнатото знаење во Македонија.„Целта на договорот е да се постигне мобилност на младите како фактор за економски, социјален и културен развој и да се зголемат можностите за младите луѓе од двете држави меѓусебно да ја запознаат културата, начинот на животот на двете држави низ разни активности како што се студии, обуки и друго“, изјави Груевски.Договорот, како што рече, претставува основа кој натаму треба да се развива, а со негово проширување ќе се овозможат услови за се поголем број млади да се стекнуваат со искуства во Франција и во Македонија.Со договорот Франција се обврзува да обезбеди 250.000 евра годишно за стипендии на младите студенти, за пристап до инженерските училишта, но и за олеснување на пристапот до работни места и во двете земји со цел стекнатото професионално искуство во Франција да го применуваат во Македонија.Ерик Бесон денеска се сретна со претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски како и со заменик претседателот на владата задолжен за европски прашања, Васко Наумовски. Главна цел на посетата е потпишување на билатералниот договор за мобилност на младите, кој беше договорен при неговата средба во Париз со Груевски, 15 мај годинава.Договорот им ја отвора можноста на младите македонски студенти, практиканти и млад професионален кадар, по завршувањето на студиите да престојуваат во Франција во период од една година, за да го докомплетираат своето образование или да се стекнат со првото искуство на професионален план. Договорот е израз на желбата да се прошири полето на визната либерализација за краток престој (90 дена) со цел да се поттикне вклучувањето на младите во европските текови./крај/форум
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти
Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
„Откако устата им беше полна со наводни мигранти, кој ене ги чекале на граница, само што не дошле и што уште не излажаа, денес кога требаше да се дискутира во Собранието на таа непостоечка тема која тие ја отворија, тие го напуштија Собранието. Не само што избегаа од темата, како маче од куче, туку и фамозната Резолуција која ја предлагаа во јавноста и устата пена им фати од говорење дека била најдобрата, ја немаат ниту поднесено во Собрание“, рече Стојаноски.
Тој кажа дека Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ која е поднесена и е на дневен ред, денес ќе биде изгласана и со тоа ќе ја затвориме измислената тема од страна на СДС за наводни мигранти во Македонија.
Македонија
СДСМ: Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски
Свиркачи од Министерството за здравство информираат дека Владата на Христијан Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови со сомнителен квалитет, кој беше укинат во времето на СДСМ, велат од опозициската партија.
„Еве како планира владата на Мицкоски да го направи тоа, со измена на член од Закон за до членство на ЕУ да може да тераат паралелен увоз. Не сакаат во ЕУ заради пари, тргуваат и со здравјето на луѓето. Информациите за намерите на власта ги потврдуваат и некои здруженија но и многу пациенти кои стравуваат од лекови со крајно лош квалитет опасни по здравјето. Токму преку паралелниот увоз на лекови власта на ДПМНЕ и Никола Груевски ги правеше најголемите криминали на штета на здравјето на граѓаните“, велат од СДСМ.
Од таму велат дека во 2016 бил откриен скандал дека во државава биле внесени фалсификувани лекови и тоа дел од нив биле откриени на Клиниката за онкологија каде се лекуваат пациенти болни од рак.
„Затоа СДСМ го забрани. Но, криминалот за ДПМНЕ е поважен од здравјето на граѓаните. Оттука се овие обиди на власта да го врати паралелниот увоз на лекови. Само заради бизниси со тендери. За пари. Ова се случува во време на корупциски скандали и обиди на власта да дефокусира од темите со мигрантите и недостатокот на пари. На мала врата буктаат вакви сериозни и големи работи. СДСМ ги поддржи сите акции кои ќе значат спречување на овој обид на власта да го врати паралелниот увоз и да ги загрози животот на пациените за пари“, наведува СДСМ.
Македонија
СДС да не го злоупотребува случајот со новороденчето за дневнополитички поени, бара ВМРО-ДПМНЕ
СДС да престанат да се однесуваат како хиени и чим дознаат за нечија смрт, да им се јавува павловиот рефлекс, и да се радуваат над нечија тажна судбина како што е случајот со новороденчето на Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Она што е јасно како бел ден е дека сите неопходни протоколи се преземени и сите надлежни институции се известени. И доколку се утврди било каква човечка грешка истите ќе бидат отстранети и ќе има одговорност за причинителите за несреќата. Ниту ќе биде сокриен некој, ниту овој случај ќе биде заташкан како многу претходно кога Филипче беше министер за здравство. Тоа е важната разлика помеѓу оваа и претходната влада. Не е во ничиј интерес да се сокрие било што. Наместо сочувство до семејството, СДС прави политика од смртта на новороденчето. Тоа е за секаква осуда“, велат од партијата.

