Контакт

Политика

СДСМ: Десет причини за нова истрага за смртта на Никола Младенов

Објавено пред

Боја од друг автомобил на задната страна на мерцедесот на Никола Младенов, за која не се знае колку е стара, лоциран преку телефон кој никогаш не е најден, најдени сметки од патарини кои не се признати, истражен судија на кој ова му бил прв случај, утврдена траекторија на движење по базни станици на мобилните телефони, се дел од причините заради кои СДСМ смета дека треба да се повтори истрагата за новинарот Никола Младенов кој загина во сообраќајка на влезот од Скопје, пред две години.

dobivaj vesti na viber

„Доказите ќе докажат 10 причини зошто е неопходно да се спроведе нова истрага за смртта на Никола Младенов. Покрај причината за смртта раскин на аортата, беше соопштено дека се отфрла судир со друго возило, дека телото било пронајдено на седум метри од возилото, дека не бил пронајден телефонот… Од доказите од разговорите кои денеска ќе ги објавиме ќе стане јасно дека ниту една од тие клучни работи се точни. Аудио разговорите ќе го отворат прашањето дали случајот на Никола Младенов може да се затвори како сообраќајна несреќа“, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев, при објавувањето на 30 ткн `бомба`, од наводно прислушувани разговори на државни функционери.

 

Во наводен разговор меѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и шефот на кабинет на премиерот, Мартин  Протугер, лоцирањето на телото на Младенов е преку следење на сигналот на мобилен телефон, иако телефонот во јавноста велеа дека не е пронајден. Сепак, во еден разговор наводно меѓу министерката и нејзиниот помошник Иво Котевски, тој вели дека за да се лоцира не е потребен апарат.

 

„Последен човек со кој се видел со Младенов е Стевчо Јакимовски… не прашав кај се виделе, телефонот му го проверувале… жена му синоќа се слушнала со него околу 22 саат, и и рекол дека ќе си дојде за саат, два. Дури сабајле некое време не се јавил. Ми се јави Павле Трајанов, ми вели да ти го дадам бројот да го лоцирате. Да не џапнал некоја вотка повеќе, он јака кола има мерцедес, да не згазнал повеќе од што треба. Јас му реков дека мора да има барање за лоцирање, оти лоши се тие, ќе рече после што сте ми го лоцирале телефонот.  Жена му одма дојде во полициска, по сигналот на телефонот за два саати го најдовме…“, се слуша во еден разговор женски глас, за кој се тврди дека е на Јанкулоска.

 

Во одговор на новинарско прашање, Заев подоцна појасни дека не е Јакимовски последниот со кој се видел Младенов, туку дека како „маж за маж“ му се нашол и така и кажал на неговата сопруга за да го прикрие.

 

За Протугер, според претпоставка дека неговиот глас го вели тоа, Младенов е „корумпиран, хохштаплер, преварант, шо се има пишено за нас. Шо го величаат?“, а на исто мислење се и Мијалков и неговиот соговорник: „Жена му не знаеше каде е … По телефонот го лоциравте. Да. Бог да го прости, ама зол човек беше. Не беше коректен човек. Тропаше глупости. Новинарски рекетар беше. Тие се најлоши. Бил психолошко-финансиски оптоварен…“

 

Од презентираните разговори на Истражниот судија кој работел на случајот ова му е прв пат да работи на ваков случај. Наводно, Котевски признава дека истражниот судија направил утки, но не треба да се каже во јавноста, и додава дека не знаел каде да го прати автомобилот на Младенов на вештачење. 

 

За фискалните сметки од патарините, што по неколку дена ги најде новинарот Томислав Кежаровски, од презентираните разговори произлегува дека се ирелеантни, а во Извештајот на МВР стои дека тие се најдени, за на завршната прес-конференција, на Јавното обвинителство, кога случајот  е затворен како несреќа, обвинителот Марко Зврлевски да рече дека не се најдени. 

 

Во наводен разговор меѓу Јанкулоска и Котески се слуша „Дека на задниот дел од автомобилот на Младенов имало некаква боја, за која вештаците не знаат колку е стара“.

 

„Преку СМС пораки Јанкулоска го информирала Груевски: „Има една незгодна работа, на колата има боја“. Зошто оваа инфоромација не е споделена со јавноста?. Котевски и Јанкулоска сметале дека траекторијата на движењето на Младенов не требало да се објави во јавноста. Зошто не е спроведена истрага дали и други лица се нашле на исто место и во исто време кај Младенов? Зошто фискалните сметки од патарините не биле причина за дополителна истрага, со кои луѓе се сретнал Младенов и дали тоа е поврзано со сообраќајката. Јавноста ќе слушне дека не работеле камерите на наплатните станици кај патарините, кои ги обезбедува СГС на Мијалков, и дека Јанкулоска сакала тоа да не се објави“, рече Заев.

 

Од разговорите се слуша дека не работеле камерите на наплатните станици, ниту на влезот кај Ченто. Објавени беа и наводни разговори во кои Јанкулоска и Котевски се ситат и се изживуваат врз смртта на Младенов…

 

„Ќе слушнете како се шегуваат велејќи „Кој е следниот?“, како сакале да го прашаат новинарот Героски „Дали ти се напумпани гумите?“, „Дали Геро го испратил Младенов во смрт“., вели Јанкулоска. Овој разговор е важен и поради тоа што Котевски потврдува дека следењето на телефонските разговори се правело без судска наредба“, рече Зоран Заев, лидер на СДСМ, на денешната прес конференција.

 

Уште еден детал е причина за нова истрага според СДСМ, а тоа  е дека телото на Младенов според Извештајот е најдено на оддалеченост од автомобилот од 22,5 местри, додека на прес-конференција е соопштено на седум метри. Исто така, во Извештајот стои дека на ветробранското стакло нема траги од крв, а на облеката на Младенов нема траги од стакло, што, како што рече Заев, е чудно ако излетал низ прозорецот

 

Заев јавно даде збор, дека по смена на власта ќе биде спроведена целосна, темелна истага за случајот со смртта на новинарот Никола Младенов.

 

Сообраќајна несреќа, за којашто не постојат индиции дека е кривично дело. Вака истражните органи го затворија случајот, односно сообраќајната несреќа во којашто на 26 март 2013 година загина сопственикот и новинарот во весникот „Фокус“, Никола Младенов.

 

Досега сè уште не е пронајден неговиот мобилен телефон и јавноста сè уште нема одговор на прашањата каде бил вечерта Младенов, со кого разговарал на телефон и дали се сретнал со некого. /крај/мф/бб

 

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај,...

Македонија4 часа

„Ова не е буцни прачка, пиј вино“ – Тошковски уверува дека се постапува за дивоградбите во Чаир

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба од јавен обвинител во врска со случаите на дивоградби на подрачјето на скопската...

Топ4 часа

Куќен притвор за возачот што го усмрти Југослав на кеј, претходно бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Судот му определи куќен притвор на 25-годишниот скопјанец кој со мотор без дозвола го усмрти Југослав Николовски (68) на пешачка...

Топ5 часа

17-годишник загина во сообраќајка во Кичево – возел мотор и се судрил со „ауди“

Несреќа со смртни последици се случи вчера во Кичево, пришто животот го загуби 17-годишно момче од овој град, кое управувало...

Свет8 часа

Трамп го потпиша својот „голем, прекрасен“ закон: „Никогаш не сум видел толку среќни луѓе“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во Белата куќа потпиша голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на...

Македонија8 часа

Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне 41 степен

Македонија е под топлотен бран. Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...

Македонија8 часа

Маргини: Луѓето не заминуваат оти се откажале од формирање семејства, туку зашто државата се откажала од нив

Коалицијата Маргини ја осудува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе...

Спорт8 часа

Тенис на Вимблдон или трки на коњи во Аскот

Танталови маки за англиската аристократија Од специјалниот известувач од Вимблдон Во Велика Британија временските прилики се најчесто неприлики доколку планирате...

Македонија21 час

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ22 часа

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ22 часа

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија24 часа

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија1 ден

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија1 ден

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ1 ден

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија1 ден

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија1 ден

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ1 ден

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...

Топ1 ден

39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се...