Регион
IS ѝ се закани на БиХ: Ќе ве погоди голема трагедија
‘Не сте свесни што ви се подготвува, наскоро ќе ве погоди голема трагедија, Иншалах. Фала му на Алах којшто им помага на своите искрени робови, муџахиди’, ѝ се закани Исламската држава (IS) на Босна и Херцеговина преку своите портали на босански јазик.
Сé до минатата седмица кога порталот Vijesti Ummeta беше урнат, тој редовно ги објавуваше пораките и најавите на Исламската држава, како и вести од боиштата на Блискиот исток. Откако беше блокиран, џихадистите го отворија порталот Sablja istine, којшто, исто така, подоцна беше блокиран.Не се знае дали порталите ги срушила разузнавачката служба на БиХ, на други држави или Исламската дражва преку екипата на Vijesti Ummeta којашто и натаму работи, намерно сакала да драматизира. Пред два дена терористичката организација Исламска држава најави дека го следи Езхер Бегановиќ од Сараево, уредник на порталот Saff, за кој упатените зборуваат дека е близок со вехабистичкото движење, и дека ќе му ја пресечат главата.Во мај оваа година на БХРТ им стигна порака во која се вели: „Да знаете дека во Босна ви стигна Исламската држава и дека наскоро ќе летате во воздух и дека наскоро ќе исчезнете, а знамето на Исламската држава ќе се вее во Босна. Зората на Исламот стигна, бидете уверени“.Државната агенција за истраги и заштита (SIPA) соопшти дека презела мерки во своја надлежност. Досега не е откриено кој стои зад босанскиот портал на Исламската држава кој со години шири омраза и повикува на тероризам. Доменот е регистриран во Саудиска Арабија и е на име на Абдулах Абдурахман, за кого никој не знае ништо.Според неофицијални информации, екипата која работи за босанскиот портал има седиште некаде во Санџак во Србија,. Според неофицијални информации, околу 300 државјани на БиХ моментално се борат под знамето на Исламската држава во Сирија и Ирак.Од мината година на сила е законот кој забранува војување на босанските државјани на странски боишта, но дека овој закон се применува докажува тоа што досега нема ниеден уапсен. Токму повратниците од Сирија и Ирак се сметаат за најголема опасност по безбедноста на БиХ./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ужас во Загреб: пронајдено тело во автомобил во одводен канал
Граѓани попладнево во одводен канал во Загреб пронашле возило со тело на непознато лице, соопшти полицијата.
Повикот во полиција стигнал нешто по 13 часот.
Полицијата набрзо пристигнала на локацијата меѓу Антуновац и Тења и потврдила дека лицето во возилото починало, пишува Вечерњи лист.
Истрагата е во тек.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.