Компании
Слатката на „Јоми фyд“ од Велес ќе добијат нов автентичен изглед и бренд идентитет
Седум видови на слатко од асортиманот на компанијата „Јоми фуд“ од Велес ќе добијат нов автентичен дизајн и бренд идентитет.
Млади дизајнери и креативци ќе работат на создавање на автентичен дизајн и брендирање на производите во рамките на проектот на „Браво сине“ на Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ“ кое заедно со Skopje Design Week ја избраа велешката компанија откако биле разгледани сите пристигнати пријави од компаниите производители на слатка.
Компаниите што влегоа во потесен круг беа и посетени, по што следеше финалната одлука. Пресудно за изборот на компанијата, соопштија од Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ“ беше асортиманот на слатко од различни овошја, присуство во малопродажната мрежа во Македонија и користење на домашна суровина за производство.
Во вторник беше потпишан и договор за соработка меѓу Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ“, Skopje Design Week и „Јоми фуд“, со кој се предвидува компанијата да го промени целокупното брендирање и изглед на производите во рок од една година.
„Особено сме задоволни од интересот на компаниите за подобрување на дизајнот и брендирањето на производите. Свесни дека имаме квалитетни национални производи, ние се залагаме за подобрување на нивниот естетски изглед во насока на што поконкурентни производи и на домашниот и на странските пазари. Спојот на дизајнот и производот секогаш даваат добри резултати, ги поттикнуваат креативците, ги мотивираат компаниите, а потрошувачите се задоволни“, изјави Ангелка Пеева Лауренчиќ член на Управниот одбор на Движењето за поддршка за креативноста.
„Јоми фуд веќе осум години постои на пазарот и нашето искуство покажува дека за понатамошен развој и за градење на силен национален бренд неопходно е создавање на нов идентитет на нашите производи што ќе раскаже една автентична и препознатлива приказна. Помошта во тој дел од професионални дизајнери со свежи идеи ќе биде од огромно значење за нас, бидејќи ваква шанса не се добива често“, изјави Зоран Аврамов сопственик на компанијата.
По изборот на компанија ќе следи распишување за конкурс на дизајнери и креативци кои ќе добијат конкретни насоки за карактеристиките на производите на компанијата Јоми фуд. Конкурсот ќе биде распишан деновиве, а ќе трае до 1-ви септември годинава. Победничкото решение ќе биде објавено во рамките на годинешното издание на Skopje Design Week во септември, а ќе биде наградено со парична награда во износ од 200.000 денари, која ја обезбедува Движењето за поддршка на креативноста.
“Главна цел на Skopje Design Week е поврзување на креативните идеи со реалниот сектор и создавање на дизајнерски производи кои ќе имаат нова додадена вредност. Токму затоа и овој проект е од огромно значење бидејќи од него ќе произлезе нова успешна приказна на пазарот. Веќе се покажа дека спојот на дизајнери со компании дава врвни резултати“, изјави Марта Наумовска Грнарова претставник на Skopje Design Week.
Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ“, чија цел е поттикнување и поддршка на талентот и креативноста кај младите во функција на создавање силни национални брендови го носи името на еден од основоположниците на современата македонска креативна и маркетинг индустрија – Иво Лауренчиќ. Преку своите активности Движењето за поддршка на креативноста се стреми преку создавање на спој меѓу дизајнот и индустријата да се создадат производи со додадена вредност кои ќе ја зголемат својата конкурентност на домашните и странските пазари.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“
Со огромна посетеност и во празнична атмосфера, овој викенд во Гевгелија и официјално започна со работа новиот, најсовремен ЏАМБО (JUMBO) маркет. Сместен во новоотворениот трговски центар „Gevgelija Mall“, реномираниот бренд ја реализираше својата голема инвестиција во јужниот регион, носејќи светско шопинг искуство за локалното население.
Отворањето помина во знакот на семејната забава и радоста. Најмладите посетители уживаа во целодневната програма исполнета со музика, дружење со маскоти, цртање на лице и игри со сапунени меури, што го претвори првиот работен ден на маркетот во вистински настан за градот.
Новиот објект се простира на површина од 3.000 метри квадратни, дизајниран според највисоките светски стандарди. Купувачите веќе имаат пристап до асортиман од над 20.000 артикли, вклучувајќи производи за домот, играчки, декорации и сезонски изненадувања.
Како значајна новина за купувачите во Гевгелија е интегрирањето на селектиран асортиман од брендот ВЕРО во рамките на самиот маркет. Оваа стратешка синергија им овозможува на потрошувачите на едно место да ги задоволат сите потреби за домаќинството, штедејќи време и уживајќи во квалитетот на двата силни бренда.
Генералниот директор на ВЕРО и ЏАМБО маркетите, Петар Денковски, истакна дека ова отворање е многу повеќе од проширување на продажната мрежа – тоа е исполнување на ветувањето за поддршка на локалната заедница.
„Горди сме што со оваа капитална инвестиција директно влијаеме на економскиот пулс на Гевгелија. Отворивме нови работни места и создадовме силен регионален магнет кој очекуваме да привлекува купувачи не само од градот, туку и од соседството,“ изјави Денковски.
Менаџментот на компанијата потврди дека експанзијата не застанува тука. Успешната приказна продолжува и следната година со најавеното отворање на нов маркет во Струмица, со што ЏАМБО и ВЕРО целосно ќе го заокружат своето присуство во југоисточниот дел на Македонија.
Новиот маркет во Гевгелија веќе работи со полн капацитет, нудејќи креативни решенија и производи за целото семејство, под препознатливиот слоган „За сѐ што ви треба и не сте знаеле дека ви треба“.
(ПР)
Економија
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ го објави конкурсот за стипендирање
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2025 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-30/1 усвоена на ден 31.10.2025 година објавува
КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по фармација
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
· Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по фармација на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во трета или четврта година од студии
· Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
· Да не повторувале година во текот на студирањето
2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
· Молба
· Кратко CV
· Уверение за положени испити и постигнат успех
3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса: Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје Булевар „Александар Македонски“ бр.12
1000 Скопје Документите се поднесуваат од 03.11.2025 година до 19.11.2025 година исклучиво по пошта.
4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година Фармацевтски факултет. Висината на стипендијата ќе изнесува 7.000,00 денари месечно (нетто износ).
Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат. За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Медицинскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2025 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-32/1 усвоена на ден 31.10.2025 година објавува
КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по медицина
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
· Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по медицина на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во трета или четврта година од студии
· Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
· Да не повторувале година во текот на студирањето
2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
· Молба
· Кратко CV
· Уверение за положени испити и постигнат успех
3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса: Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје Булевар „Александар Македонски“ бр.12 1000 Скопје Документите се поднесуваат од 03.11.2025 година до 19.11.2025 година исклучиво по пошта. 4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година Медицински факултет. Висината на стипендијата ќе изнесува 7.000,00 денари месечно (нетто износ). Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат. За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.
Економија
Фероинвест на „Енерго Технома 2025“ – претставено искуството од првата лиценцирана батерија на електрана во Македонија
На штандот на компанијата на годинешниот саем „Енерго Технома 2025“, посетителите покажаа голем интерес за исплатливоста и придобивките од првата поставена батерија на фотонапонска електрана, во заедничка сопственост на ФЕРОИНВЕСТ и неколку партнери, а изведена од ФЕРОИНВЕСТ.
Бројни сопственици на фотоволтаични електрани се заинтересирани за поставување батериски системи за складирање електрична енергија на нивните објекти, по примерот што го реализираше ФЕРОИНВЕСТ, кој е ексклузивен застапник за Македонија на батериите од глобалниот бренд WHES (WEIHENG).
Инженерскиот тим на саемот ги запозна инвеститорите со искуството од првите недели на работењето на батеријата, кое покажа дека е постигната двојно повисока цена за продажба на електричната енергија, во споредба со фотонапонска електрана без батерија. Ова значи дека инвестицијата во батеријата ќе се исплати за само три години, а дополнително ќе ја подобри вкупната исплатливост на електраната.
Батеријата овозможува складирање на електричната енергија во текот на денот, кога има високо производство од сонце, а пазарните цени се ниски, и користење или продажба во ноќните часови, кога нема сончево производство, а побарувачката и цените се значително повисоки.
На овој начин, батериите создаваат добивка за производителот, односно за електраната, а истовремено му помагаат на електроенергетскиот систем на Македонија, штитејќи го од преоптоварување со прекумерни количини енергија во критичните часови од денот.
Овој тренд, кој произлегува како последица од инсталирањето на поголем капацитет на фотоволтаични електрани од реално потребниот, ФЕРОИНВЕСТ го согледа уште пред две и пол години и започна со истражување и инвестирање во развој на батериски системи.
Батерискиот систем на фотонапонската електрана во Гиновце претставува првата батерија во Македонија која има градежна дозвола, согласност за приклучок на мрежа и лиценца за складирање електрична енергија, согласно новите законски одредби што ја уредуваат оваа нова област на енергетската транзиција во земјава.
Батерискиот систем е поставен на фотонапонската електрана во Гиновце, во близина на Крива Паланка.
Електраната има инсталирана моќност од 4,5 MW (мегавати) и батериски систем со капацитет од 6,1 MWh (мегаватчаса), со кој секојдневно управува ФЕРОИНВЕСТ преку сопствен систем за програмирање и контрола.
(ПР)

