Регион
Ципрас преговара со црквата за финансиска помош
Левичарскиот премиер Алексис Ципрас изјави во четвртокот во Атина дека ќе покрене дијалог со моќната Грчка православна црка која и понуди на државата дел од своето богатство за финансирање на јавните потреби.
Премиерот, како што рече, од „срце “ му заблагодарил на поглаварот на Грчката православна црква, Архиепископот Јеронимос, кој минатата недела изјави дека црквените добра и ги става на располагање на државата да го отплати јавниот долг.
Православната црква е најголем поединечен земјопоседник и поседник на недвижности во Грција, па дури и државата од црквата изнајмува згради во Атина за потреби на министерствата и за разни други служби. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Српски медиуми: Еден од осомничените за убиството на малата Данка повеќе нема да се брани со молчење
Срѓан Јанковиќ, осомничениот за убиството на двегодишната Данка Илиќ, повеќе нема да се брани со молчење, туку реши да зборува за случајот со девојчето чиешто тело се’ уште не е пронајдено два месеци по нејзиното исчезнување, дознава „Блиц“.
Според неофицијалните информации на српскиот портал, тој размислувал дали ќе даде исказ во Вишото јавно обвинителство во Зајечар и на крајот решил да го прекине молкот.
За потсетување, двегодишното девојче од Данска исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор во Србија, а полицијата 10 дена по претресот ги уапси Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ од Бор. Се сомневаат дека девојчето го удриле со автомобил, го ставиле телото во багажникот и го однеле на депонија.
Полицијата ги приведе таткото и братот на Дејан Драгијевиќ. Таткото по два месеци излезе од притвор, а истрагата за случајот е во сенка на насилната смрт на братот на Дејан Драгијевиќ – Далибор. Имено, тој починал во притвор, а од МУП соопштија дека му се слошило. Но, според извештајот од обдукцијата, кој го објави српскиот портал „Радар“, тој наводно бил претепан во затвор.
Новинарите од порталот „Србија Данас“ ја посетија мајката на девојчето. Таа не сакаше да го коментира ослободувањето на таткото на Дејан Драгијевиќ од притвор.
„Сум слушнала различни приказни, дека е виновен и дека не е, а од полицијата немам информации“.
Рекла дека била шокирана и разочарана од приказните на нејзините соседи од Бор. Велат дека се шири лагата дека заминала во Германија.
„Не отидов никаде, тука сум. Луѓето ми се јавуваа во два часот по полноќ и ме малтретираа и ми се закануваа. Морав да го сменам бројот неколку пати“, рекла таа.
Телото на двегодишната Данка се уште не е пронајдено.
Регион
Уште една сообраќајна несреќа кај Младеновац: се запали автомобил недалеку од местото на кое утрово се судрија автобус и автомобил
Недалеку од местото на кое утрово се случи несреќата, во која загина Милош Н. (34), по судир меѓу автобус и џип, само неколку часа подоцна се случила уште една сообраќајна незгода.
Според „Нова.рс“, едно возило се запалило и целосно изгорело.
Пожарникарите и полицијата се на терен.
Несреќата се случила во правец од Младеновац кон приклучокот кон автопатот Белград – Ниш.
Регион
15-годишно девојче застрелано на Калемегдан
Околу 8 часот утринава со воздушна пушка е застрелано 15-годишно девојче кај Калемегдан.
Детето било застрелано во бутот кога тргнало на училиште.
Според српските медиуми, девојчето тргнало на училиште, а во првиот момент кога било рането, помислила дека ја удрила топка во ногата. Неколку секунди подоцна забележала крв.
Девојчето е пренесено во Институтот за мајка и дете и чека операција.
Тинејџерката добила прострелна рана во бутот.
Инцидентот бил пријавен во полиција по 8 часот, а истрагата е во тек.