Црна хроника
Поднесено обвинение за убиство во Велес-убил старец за 50 денари
Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинение против бездомникот кој во јули минатата година уби старец во дворот на гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес и му украде 50 денари од џебот.
„Надлежниот обвинител поднесе и предлог за продолжување на мерката притвор против обвинетиот до Основниот суд во Велес, сметајќи дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на обвинетото лице доколку му се дозволи да се брани од слобода“ соопштуваат од Обвинителството.Убиството се случи на 17 јули минатата година, кога четириесет и осумгодишниот бездомник му пришол од зад грб и го удрил деведесетгодишниот старец со камен по главата. Старецот паднал, а осомничениот го удрил со камен по главата уште неколку пати.Украл 50 денари од левиот преден џеб на старецот и избегал. По неколку дена, убиецот беше приведен и во службен разговор во целост го признал делото и ги опишал околностите и деталите од убиството. /крај/со/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Прво ја нападнале жената, па меѓусебно се истепале и кршеле покуќнина – двајца приведени во Штип
Полицијата во Штип вчера ги приведе 35-годишниот В.Д. и 33-годишниот С.Д., обајцата од Штип, по претходна пријава поднесена од 29-годишната Ѓ.М.
Според пријавеното, В.Д. физички ја нападнал Ѓ.М., по што тој и С.Д. меѓусебно се пресметале, при што користеле разни предмети и оштетиле дел од покуќнината во домот.
Полицијата работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Ограбена сендвичара на Бит Пазар – украдени пари од касата
Утрото на 21 ноември во скопската полиција било пријавено дека во периодот меѓу 00:30 и 07:15 часот била ограбена сендвичара на подрачјето на Бит Пазар во Скопје.
Според пријавеното, непознат сторител со употреба на физичка сила и алат успеал да влезе во објектот и да одземе пари од касата.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Mигрант почина во Комплексот клиники, бил хоспитализиран на нефрологија
Клиниката за нефрологија при Клиничкиот комплекс Мајка Тереза вчера пријавила во скопската полиција дека кај нив бил донесен 41-годишниот Л.Ш., мигрант, кој имал потреба од итна лекарска помош.
Мигрантот бил примен на 20 ноември, a починал следното утро, на 21 ноември, во 06:48 часот.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

