Контакт

Надворешна политика

Бесими: Европските вредности се и вредности на граѓаните на Македонија

Објавено пред

Денес ја славиме шеесет и пет годишнината од Европското обединување, момент во поновата историја кој ги има променето на подобро животите на сите европјани, во мир и напредок, но сепак не треба да заборивме дека беа потребни многу храброст и отвореност на лидерите на членките основачи за да го направат овој чекор, изјави вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими во вторникот на традиционалниот ЕУ појадокот со амбасадорите на земјите од ЕУ, организиран по повод 9-ти мај, Денот на Европа.

dobivaj vesti na viber

 

„Како што стои во Уставниот договор на ЕУ, „Унијата се заснова на вредностите за почитување на човековото достоинство, слобода, демократија, еднаквост, владеење на правото и почитување на човековите права…”. Европските вредности кои исто така се поврзани со традициите, убедувањата и верувањата на граѓаните на Македонија. Но треба да имаме предвид дека ништо во целокупната историја и во нашите кратки човечки животи не се одвива глатко и лесно или без соочување со индивидуални или колективни предизвици. Секој чекор е борба за вашите верувања, за вашата визија и за вашата иднина“, изјави Бесими.

 

Според него, низ Европа веќе имаше неколку кризи и предизвици, кои се гледаат и чувствуваат околу нас секој ден, но Европската унија излегуваше од тие кризи, посилна, поотпорна и пообединета од кога било.

 

„Еден од основоположниците на денешната Европска унија, Жан Моне,  беше поттикнат во своите мемоари да предупреди дека „Европа ќе биде изградена низ кризи“ и ќе биде „збир на нивните решенија“. Процесот на проширување кон Југоисточна Европа и Западен Балкан се одвива доста долг период и може да се оцени дека сѐ уште е во тек, процесот не треба да заврши и не може да се смета за целосно успешен. Се надевам дека ќе се согласите со еден од основачите на Европската унија, В. Черчил, кој рече „Не смееме да се стремиме кон ништо помалку од Унија на Европа како целина, и се радуваме однапред со верба на денот кога ќе се постигне Унијата“, порача вицепремиерот за евроинтеграции.

 

Според извештаите за напредок на Европската комисија, од 2009 година наваму, Македонија ги има исполнето критериумите за отпочнување на преговорите за членство, а фактот што официјалните преговори сѐ уште не се отпочнати не треба да ги обесхрабрува нашите стремежи, ниту пак треба да стане изговор за да не се спроведуваат потребните реформи, смета Бесими.

 

„Нашата политички стратешка евро-атлантска определба не смее да се промени. Иако има намалување на јавната поддршка, мнозинството од народот (76 проценти, декември 2014 година) сѐ уште го поддржуваат нашето членство во ЕУ. Ова нѐ охрабрува и треба да биде наша обврска! Македонија постојано ја повторува својата заложба за влез во Европската унија. Ние сме свесни дека желбата и посветеноста не се доволни ако тие не се поткрепени со конкретни активности и испорака на резултати. Не криеме дека моменталната политичка ситуација има катастрофални последици за процесот на интеграција во ЕУ. Таа има повеќекратни последици за интеграцијата во ЕУ, меѓуетничките односи и економската перспектива на земјата. Тоа треба да се реши навреме, инклузивно и на одржлив начин. Со платформата ќе треба да се постават политички решенија, правни можности и одлуки, како и институционална поставеност како основа за мерките за градење на довербата со почитување на владеењето на правото, фундаменталните човекови права и начелата на отчетност, одговорност и транспарентност“, порача Бесими.

 

Тој додаде дека поддршката од Европската унија за надминување на овие предизвици е критична овие денови, а од големо значење е и ангажманот на Унијата за олеснувањето на процесот од страна на ЕП за политички дијалог. Исто така, заклучоците на Советот од април 2015 година кои го потврдија интересот на ЕУ за европска иднина на Македонија, а кои обезбедија насоки за областите кои треба да бидат приоритет за земјата во овој период, особено во однос на политичките кризи. 

 

„Мое видување е дека овие политички тешки времиња ќе мора да поминат колку што е можно поскоро. Единствен избор за нас е да продолжиме со нашата ЕУ Агенда и целосно почитување на Евро-атлантските демократски вредности. Како што имам кажано многу пати, за мултиетничко општество како што е нашето, евро- атлантската перспектива е единствената алтернатива која обединува!“, е ставот на Бесими, кој додаде дека повеќе од јасно е дека земјата треба да остане фокусирана на спроведување на реформите од ЕУ Агендата, за решавање на прашања во клучните области како што се политичкиот дијалог, слободата на изразување и човековите права, судството и борбата против корупција, меѓуетничките односи, јавната администрација, реформи за добрососедските односи и на тој начин да докаже дека навистина припаѓа во ЕУ./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет8 часа

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Регион9 часа

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија12 часа

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет13 часа

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија15 часа

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија17 часа

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет1 ден

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија1 ден

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија1 ден

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија2 дена

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет2 дена

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија2 дена

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет2 дена

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Регион2 дена

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија2 дена

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија2 дена

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет3 дена

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија3 дена

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...