Црна хроника
Лице со хендикеп исчезнало од прифатен центар
Триесет иседумгодишно лице од Скопје изчезнало од прифатниот центар за помош на лица со хендикеп „Порака“ во с.Волково.
Случајот во полиција го пријавила вработена во центарот, која навела дека на 10.04.2015 година од прифатниот центар во непознат правац се оддалечило лицето Ш.Н.(37) од Скопје.
Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Краделе од училиште во Криволак: уапсени две лица
Полициски службеници од ОВР Неготино вчера во 10.50 часот и во 13.00 часот, ги лишиле од слобода Д.Н.(19) и Ф.М.(21), двајцата од село Криволак, неготинско.
Тие се сомничат дека во периодот од 29.12.2024 до 30.12.2024 одзеле повеќе предмети од општинско основно училиште во село Криволак.
Предметите биле пронајдени и вратени во училиштето. Д.Н. и Ф.М. биле приведени, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Двајца повредени во сообраќајна несреќа на патот Радовиш – Струмица
Синоќа во 20.35 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат Радовиш – Струмица, делница помеѓу крстосница за село Василево и Струмица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.П.(47) од село Градашорци, струмичко и патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(21) од село Владевци, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Т., а со телесни повреди се здобил возачот О.П., констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
Црна хроника
Прегазена 61-годишна битолчанка
Вчера во 13.24 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Карпош“ во Битола, патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(47) од Битола, удрило во З.Д.(61) од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Д., констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Битола.