Надворешна политика
Котески – Николов: Бугарија и натаму ја поддржува Македонија на патот кон НАТО
Со високи воени почести во Генералштабот на Армијат ана Република Македонија (АРМ) во вторникот беше пречекана високата делегација на Вооружените сили (ВС) на Република Бугарија, предводена од началникот на бугарскиот Генералштаб; Румен Николов кој се наоѓа во тридневна официјална посета на АРМ.
Со високи воени почести во Генералштабот на Армијат ана Република Македонија (АРМ) во вторникот беше пречекана високата делегација на Вооружените сили (ВС) на Република Бугарија, предводена од началникот на бугарскиот Генералштаб; Румен Николов кој се наоѓа во тридневна официјална посета на АРМ.
Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески ја истакна соработката со бугарските вооружени сили како исклучително значајна и која се одвива во духот на одличните добрососедски односи на двете држави.
Изразувајќи благодарност кон гостинот за сестраната поддршка кон Македонија и АРМ, генералот Котески изрази очекување дека соработката меѓу двете армии ќе се проширува, укажувајќи на можноста за обука на припадници на вооружените сили на Бугарија во Центарот за обука на пилоти, Регионалниот центар за односи со јавноста, како и организирање на заеднички вежби на Армискиот полигон „Криволак“.
Котески оцени дека поддршката која АРМ ја добива од страна на бугарските колеги во регионалните иницијативи и форуми, претставува силен импулс кон јакнењето на безбедноста во регионот.
Адмиралот Николов соработката меѓу двете армии ја оцени како успешна, при што нагласи дека во наредниот период таа ќе се интензивира со учеството на кадети од Бугарија на „Летниот кампус“ на Армискиот полигон „Криволак“, како и во делот на воено-техничката соработка.
Началникот на Генералштабот на бугарската армија понуди и можност за заедничка обука на припадниците на АРМ на полигонот „Ново Село“ во Бугарија, каде покрај припадниците на бугарските сили, обука изведуваат и армиите на САД и Романија. Гостинот од Бугарија потенцираше дека неговата земја и натаму ќе продолжи да ја поддржува Македонија и АРМ на патот кон полноправното членство во НАТО, кое како што истакна е сосема заслужено.
Министерот за одбрана Зоран Јолевски, на средбата со првиот човек на бугарскиот Генералштабот, искажа задоволство од соработката на полето на одбраната со Бугарија, која во наредниот период ќе се интензивира. Јолевски кон адмиралот Николов изрази благодарност за поддршката кон евроатланските интеграции, која нашава држава ја добива од Бугарија.
На средбата во Генералштабот на АРМ, покрај унапредувањето на билатералната воена соработка, се разговараше и за трансформација на АРМ и искуствата од учеството во меѓународните мисии за поддршка на мирот.
За време на престојот во Македонија, адмиралот Николов ќе посети дел од командите и единиците на АРМ, каде ќе се запознае со нивната мисијата, задачи и обука, а ќе има можност да посети и дел од културно-историските споменици во земјава/крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.