Скопје
Жерновски секоја прва среда во месецот ќе има средби со инвеститорите
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски во петокот најави дека секоја прва среда во месецот ќе има редовна комуникација со инвеститорите кои работат со општината.
На средбите, инвеститорите ќе го запознаат градоначалникот со реалните проблеми кои ги мачат во комуникацијата со општинската администрација.
Со ова ќе се забрза процедурата на вадење документи и целата постапка околу отпочнување со градба, што е взаемен интерес и на општината и на инвеститорите.
Првата средба предвидено е да се одржи на 01.10.2014(среда) од 12 до 14 часот во кабинетот на градоначалникот Жерновски.
Ова е нова комуникација и остварување на транспарентноста на општината. Секоја последна среда во месецот се одржуваат средби на Жерновски и неговиот тим со граѓаните, а редовно се оди на директни средби во населбите во Центар, се вели во соопшението./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.

