Контакт

Дијаспора

Конгресната група пријатели на Македонија доби четири нови членови

Објавено пред

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со задоволство информира дека конгресменот Пол Кук, републиканец од Калифорнија, конгресменот Дон Бејер, демократ од Вирџинија, конгресменот Курт Клосон, републиканец од Флорида и конгресменот Брендон Бојл, демократ од Пенсилванија, се приклучија во Конгресната група пријатели на Македонија и Американци со македонско потелко, со што оваа група сега брои 24 конгресмени, т.е. 6 повеќе од почетокот на оваа година. Конгресната група пријатели на Македонија и Американци со македонско потелко има членови од 14 од вкупно 50 сојузни држави во САД и еден федерален дистрикт, а 13 се републиканци, 11 демократи.

dobivaj vesti na viber

„Овој успех е производ од зголемениот активизам на американците со македонско потелко како и растечката поддршка од членови на американскиот Конгрес кои ја разбираат важноста на односите помеѓу САД и Македонија. Пристапувањето на четирите нови конгресмени кон оваа група претставува подобрување на можностите да се обезбеди објективен дијалог за прашања од значење за Македонија и американци со македонско потелко” изјави претседателот на ОМД, Методија А. Колоски.

Конгресменот Кук е претставник на 8-от дистрикт на Калифорнија. Пред да стане конгресмен, 26 години служел во американската армија и има добиено бројни награди меѓу кои две Пурпини срца и бронзениот медал за храброст. Во амерканскиот Конгрес, тој е член на Комитетот за вооружени служби, Комитетот за надворешни работи и Комитетот за природни ресурси. Конгресменот Кук е коспонзор на конгресната резолуцијата 56, како и потписник на Турнер-Енгел писмото до државниот секретар на САД, Џон Кери, во кои изразува голема поддршка за пристапување на Македонија во НАТО.

Конгресменот Бејер го извршува својот прв мандат како претставник на 8-от дистрикт на Вирџинија. Пред тоа, тој беше амбасадор на САД во Швајцарија и Лихтештајн, а од 1990 до 1998 беше вршител на должноста лутенант-гувернер на Вирџинија. Како амбасадор, Бејер се залагаше за построги санкции кон Иран со цел да се изнуди дискусија за нуклеарно разоружување, и беше еден од клучните играчи во напорите на американскиот Департмент за правда да ја спречи злоупотребата на швајцарската банкарска тајна од страна на богатите Американци.

Конгресменот Клосон е претставник на 19-от дистрикт на Флорида и е член во Комитетот за надворешни работи и Комитетот за домашна безбедност. Тој е коспонзор на конгресната резолуцијата 56 и е голем поддржувач за членство на Македонија во НАТО. Тој е поранешен кошаркар на универзитетот Пурдју и е извршен директор на Хејс Лемерз.

Конгресменот Бојл го извршува својот прв мандат како претставник на 13-от дистрикт на Пенсилванија. Како син на ирски имигрант, Бојл е роден и израснат во Пенсилванија и е првиот член во неговото семејство кој има завршено факултетско образование. Тој има завршено на факултетот за политички науки на Нотре Даме, а неговите магистарски студии ги има завршено на Харвард. Пред преземањето на функцијата како конгресмен, тој, заедно со неговиот брат Кевин Бојл, работеше во Претставничкиот дом на сојузната држава Пенсилванија. Конгресменот Бојл е член на Комитетот за надворешни работи и е ко-спонзор на конгресната резолуција 56./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Дијаспора

Муцунски се сретна со македонските иселеници  во Шведска

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во дводневна работна посета на Кралството Шведска. Фокусот на првиот ден од посетата беше ставен на бројната македонска дијаспора – при што ја посети и присуствуваше на литургија во македонската православна црква „Св. Наум Охридски“, се сретна со претставници на дијаспората и со македонски стопанственици кои работат и инвестираат во Шведска.

dobivaj vesti na viber

„Посетата на црквата ’Св. Наум Охридски’ во Малме и средбата со македонската заедница, како прв министер за надворешни работи кој присуствувал на утринска литургија во оваа црква, беа можност за разговор за нивните иницијативи, предизвици и очекувања. Се разговараше и за владините политики насочени кон унапредување на односите со дијаспората, при што беше потврден значајниот придонес на македонската заедница во јакнењето на односите меѓу двете држави. Во шведскиот град Трелеборг, во организација на Обединетата Македонска Дијаспора, министерот Муцунски се сретна со македонски стопанственици кои успешно делуваат во Шведска. Во фокусот на средбата беа можностите за инвестирање во Република Северна Македонија, јакнењето на економската соработка и активната улога на дијаспората во економскиот развој на државата“, известија од Министерството за надворешни работи.

Утре министерот Муцунски предвидено е да има средба со министерката за надворешни работи на Шведска, Мариа Малмер Стенергрард.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

Муцунски се сретна со претставници на македонската дијаспора во Австралија

Објавено пред

Во рамки на работната посета на Австралија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, присуствуваше и се обрати на натпревар на Престон Лајонс, еден од најуспешните македонски фудбалски клубови во Австралија. Клубот претставува спортски симбол на македонската заедница и ја негува традицијата и врските со татковината преку спортот.

„Во црвено-жолта боја, тука од Мелбурн навивавме за тимот кој е гордост на македонската заедница, успешен спортски модел и симбол на спортскиот дух во Австралија,“ напиша Муцунски во објавата на социјалните мрежи. Тој натпреварот го проследи заедно со неколку успешни македонски стопанственици, кои со својата поддршка придонесуваат за зачувување на македонскиот спортски и културен идентитет во дијаспората.

Посетата на Австралија е можност за зајакнување на врските со нашите иселеници, кои имаат значајна улога во градењето мостови на соработка. Во рамки на посетата, министерот Муцунски го посети и македонскиот манастир Св. Климент Охридски – најстариот македонски манастир во дијаспората, како и соборниот храм Раѓањето на Пресвета Богородица во Мелбурн, истакнувајќи дека црквите се важен столб за зачувување на македонскиот идентитет, култура и традиција.

Дополнително, министерот Муцунски оствари средба со претставници на Македонското здружение за благосостојба на заедницата (MCWA), водечка организација во Австралија посветена на обезбедување индивидуализирана грижа за постари лица, со акцент на културната компетентност и инклузивноста. Како заеднички ориентирана организација, MCWA нуди широк спектар на услуги, вклучувајќи програми за добросостојба и рехабилитација, следејќи ги најдобрите практики и регулаторни стандарди.

dobivaj vesti na viber

 

Прикажи повеќе...

Дијаспора

Османи однесе втора, мобилна, станица за пасоши во Берн, Швајцарија

Објавено пред

Во продолжение на серијата посети на дипломатско-конзуларни претставништва на Република Северна Македонија со значително зголемен обем на конзуларна работа, денеска, министерот за надворешни работи Бујар Османи престојува во Амбасадата во Берн, Швајцарија.

dobivaj vesti na viber

Во оваа Амбасада покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку базната станица се врши фотографирање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи, а од денес паралелно со базната станица се става во функција и дополнителна мобилна станица.

 “Дојдов овде за да ги охрабрам дипломатите кои им служат на околу 300 наши државјани дневно, но и да гледам како тече процесот на издавање на нови патни исправи. Донесов уште една мобилна станица за фотографирање, што значи дека и овде во Берн работиме со два пункта паралелно, што значи два тима паралелно фотографираат и врачуваат нови патни исправи” истакна Османи.

 Амбасадата во Берн e една од најоповарените амбасади во Европа во кои има базна станица. Како и во нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Брисел, Бон и Берлин, и Амбасадата во Берн ја реаорганизираше својата работа во конзуларниот дел со цел да се скрати времето на давање услуги и нашите граѓани во најбрз можен рок да се снабдат со документи за патување.

 “Предизвиците продолжуваат секаде поради вонредната ситуација. Олеснувачки фактор претставува одлуката на Швајцарија да им дозволи на нашите државјани патување и со старите патни исправи. Како и да е, сме се реорганизирале со дополнителни дипломати, работа во две смени и работа за време на викенд”, заклучи Министерот.

 Од Швајцарија, Османи продолжува за претставништвото во Венеција, со цел запознавање од блиску со ситуацијата и спроведување на реорганизацијата за да им се излезе во пресрет на интересите на нашите државјани во Италија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Имало три нови обиди за палење на „Дрисла“, Ангелов најави засилено обезбедување, полицијата разговара со вработените

Криминалистичката полиција разговара со вработените за можни потпалувачи, чадењето сè уште активно.  Криминалистичката полиција денеска разговара со вработени во ЈП...

Македонија5 часа

Собранието ја усвои Декларацијата за фер, слободни и демократски избори

Собранието на денешната пленарна седница ја усвои Декларацијата за одржување фер, слободни и демократски избори за членови на советите на...

Свет7 часа

Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши...

Свет7 часа

Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк. Клучна...

Свет7 часа

Таткото на убиецот на Кирк имал клучна улога за апсењето, го препознал синот и пријавил

Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврди дека осомничениот е 22-годишниот Тајлер Робинсон, кој разговарал со членовите на семејството на вечера...

Топ10 часа

Комбето со работници паднало од мостот во реката: ОЈО изврши увид по тешката несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш

Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место на експресниот пат Штип-Радовиш, каде комбе со петмина патници излета од...

Македонија10 часа

ДУИ: Со амин на Бујаре Абази од „Вреди“, српска банка навлегува во сржта на финансискиот систем на Македонија

Демократската унија за интеграција изразува, како што велат, длабока загриженост во врска со потврдата на планот за навлегување на српскиот...

Македонија11 часа

(Видео) Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања го повика премиерот Мицкоски да одговори...

Македонија11 часа

„Вардариште“ е обезбедено, останува „Дрисла“, проблемот ќе биде саниран за една недела, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјавата за промоција на изборната коалиција за претстојните локални избори на новинарско прашање во...

Топ12 часа

Тројца загинати и двајца повредени: тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш

Три лица загинаа а двајца се повредени, меѓу нив возачот на возилото кое денеска излета од патот Штип-Радовиш. Според МВР...

Македонија15 часа

Се уште има чадење од Дрисла, но во помал обем, дивата депонија Вардариште е целосно изгасната, вели Ангелов

Чадењето од депонијата Дрисла е се уште присутно, но во многу помал обем и не е причина за маглата, вели...

Европа16 часа

(Видео) Огромен украински напад врз Русија: Москва е исто така цел, испратени десетици дронови

Масовен напад со беспилотни летала беше извршен ноќва во неколку региони во Русија, насочени кон Москва и Санкт Петербург, објавија...

Свет16 часа

(Видео) Венс ја држеше раката на ковчегот на Кирк додека војниците го качуваа во авионот

Ковчегот со телото на Чарли Кирк пристигна во неговата матична држава Аризона со „Air Force Two“. Уша, сопругата на американскиот...

Свет17 часа

Болсонаро осуден на 27 години затвор

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е осуден на 27 години и три месеци затвор за заговор за воен удар за...

Свет17 часа

Трамп: Вдовицата на Кирк е скршена, напаѓачот е левичарски лудак и животно

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите на јужниот тревник на Белата куќа пред да полета за Њујорк. Фокусот на...

Свет17 часа

(Видео) Објавена првата снимка од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Објавено е првото видео од осомничениот за убиството на најистакнатиот американски десничарски активист Чарли Кирк, јавува Си-ен-ен. Видеото, објавено од...

Регион1 ден

Трагедија во Црна Гора: девојка од Србија се удави во близина на Тиват

Попладнево во морето кај Луштица, Црна Гора, нуркачи и членови на Пловечката единица безуспешно се обидуваа да го пронајдат и...

Европа1 ден

Франција и Германија се мобилизираат; Макрон: Му дадов ветување на Туск

Франција денес соопшти дека одлучила да мобилизира три борбени авиони „Рафал“ за заштита на полскиот воздушен простор и источна Европа...

Свет1 ден

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк. „Бараме помош од јавноста за идентификување на ова лице од...

Свет1 ден

ФБИ: Ја пронајдовме пушката со која беше затрелан Кирк, имаме и снимки и отпечатоци

Оружјето за кое се верува дека е употребено во вчерашното пукање врз Чарли Кирк е пронајдено, но осомничениот е сè...