Црна хроника
Пронајдени заталканите планинари на Бистра

Полициски службеници во понеделникот изутрина ги пронајдоа двајцата планинари кои во неделата вечерта за загубија во близина на највисокиот врв на планината Бистра, Меденица.
Полициски службеници во понеделникот изутрина ги пронајдоа двајцата планинари кои во неделата вечерта за загубија во близина на највисокиот врв на планината Бистра, Меденица.
Планинарите М.О.(29) и М.Т.(35) од Скопје во неделата попладне телефонски се јавиле во полициската во Ростуше и известиле дека планинарејќи по планината Бистра, со намера да се спуштат до манастирот Св.„Јован Бигорски“ изгубиле ориентација и залутале.
Двајцата скопјани ноќта ја поминале на отворено и во постојан телефонски контакт со полицијата од Ростуше, а полициски службеници изутрината организирале патрола по што ги пронашле во месноста „Сенечки ливади“, а потоа со возило ги пренесле кон Маврово. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанка пријавила во МВР дека бистата со ликот на нејзиниот покоен брат била украдена од гробишта

Седумдесет и петгодишна скопјанка во МВР пријавила дека од гробно место во селото Орешани, општина Зелениково, била украдена биста со ликот на нејзиниот починат брат.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата за случајот.
Црна хроника
Матурант со автомобил удри во скопјанец, пешакот е тешко повреден

Сообраќајна несреќа се случи вчера на сервисна улица која ги поврзува булеварите Никола Карев и Крсте Мисирков.
„Автомобил ‘фолксваген лупо’ со скопски регистарски ознаки, управуван од Л.Ј.(18) од сeлото Сарај, скопско, удрил во И.Б.(67) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’ Скопје“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Во две сообраќајки во Македонија вчера повредени пет тинејџери

Петмина млади луѓе се здобиле со повреди во сообраќајни несреќи во текот на вчерашниот ден во Куманово и Неготино.
Во првата, околу полноќ, на улицата 523“во Куманово, автомобил управуван од Н.М.(26) од селото Герман, општина Ранковце, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и 15-годишна сопатничка, додека со телесни повреди се здобиле 14-годишна сопатничка и 16-годишен сопатник, сите од Куманово.
Втората несреќа се случила на патот Кавадарци-Неготино, кога патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.Н.(18) од с.Сирково, општина Росоман, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишната сопатничка, додека со телесни повреди Д.А.(19), двете од с.Сирково, констатирани во Итната медицинска помош Неготино.
Извршен е увид, соопшти МВР.