Надворешна политика
Патријархот Вартоломеј ќе ја посети Македонија откако ќе се реши црковниот спор со Белград
Цариградскиот патријарх Вартоломеј нема да ја посети Македонија додека спорот меѓу Македонската православна црква – Охридска архиепископија и Српската православна црква не биде решен, бидејќи нема да може да се служи заедничка литургија, изјави патријархот п опоканата за посета на земјата од страна на спикерот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски кој престојува во посета на Турција.
Цариградскиот патријарх Вартоломеј нема да ја посети Македонија додека спорот меѓу Македонската православна црква – Охридска архиепископија и Српската православна црква не биде решен, бидејќи нема да може да се служи заедничка литургија, изјави патријархот п опоканата за посета на земјата од страна на спикерот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски кој престојува во посета на Турција.
„Пред да се реши проблемот не би сакал да доаѓам. Не ќе може да реализираме заедничка литургија. Се надевам дека во кратка иднина ќе имаме решение“, рече Вартоломеј на денешната средба со претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски, одговарајќи на неговата покана да ја посети Македонија.
Вељаноски, пренесувајќи ги поздравите од архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, изрази надеж дека патријархот Вартоломеј ќе даде свој придонес за МПЦ-ОА да го најде соодветното место во православниот свет, јави известувачот на МИА. „Православните христијани во Македонија се за решавање на црковниот проблем“, рекол Вељаноски.
Патријархот Вартоломеј рече дека за време на минатогодишната прослава во Ниш, претствници на СПЦ повториле дека спорот меѓу МПЦ-ОА и нивната црква има врска со ослободувањето на Јован Вранишковски. „Нашите српски браќа постојано повторуваат дека ова има врска со ослободување од затвор на владиката Јован. Без да се ослободи на оваа тема не може подлабоко да се разговара. Вашиот одговор го знам, но доколку има добра намера од двете страни ова ќе може да се надмине“, смета Вартоломеј.
Претседателот на македонското Собрание посочил дека доколку постои волја сите прашања се решаваат и оти е потребна малку волја од двете страни за да се надмине ова прашање. За средбата со цариградскиот патријарх Вартоломеј, Вељаноски во изјава за медиумите рече дека тој изразил надеж дека во догледно време ќе се реши црковниот спор и оти како што католичката и православната црква се зближуваат така и е добро тоа да се случи и во целиот православен свет, пренесе службата за односи со јавноста на Собранието на РМ
Средбата со патријархот Вартоломеј во саботата, всушност беше последната активност на Вељноски во рамките на неговата официјалната посета на Турција.
„Република Турција е искрен пријател на Република Македонија. Можам да констатирам дека со Турција имаме извонредни односи и на политички и на економски план. Најбитно и најважно кај што Турција може да помогне е за голем број странски инвестиции во Македонија“, оценува Вељаноски.
Во рамки на официјалната посета на Турција, Вељаноски имаше средби со претседателот на Големото национално Собрание Џемил Чичек, со турскиот претседател Абдула Ѓул и со потпретседателот на турската Влада, Булент Аринч./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.