Регион
Околу илјада мигранти ја минаа границата меѓу Србија и Унгарија

Околу илјада мигранти кои изминатиот викенд од Македонија минаа во Србија, успеале ноќта меѓу понеделникот и вторникот да влезат во Унгарија, пренесуваат агенциите.
Оваа голема група мигранти и бегалци во Унгарија од Србија влегла одејќи по железничката пруга која оди крај границата, во близина на село во Рожке во јужна Унгарија.
Тие успеаја да влезат во оваа земја неколку дена пред Унгарија да успее да го доврши ѕидот кој го гради за да го спречи неконтролираното влегување на мигрантите. Ѕидот ќе биде завршен на 31-ви август, според најавата на владата во Будимпешта, а ќе биде висок четири метри и долг 175 километри.
Групата во којашто најбројни се Сиријците, стигнала до преминот кој сé уште не е затворен со ѕидот. Била прифатена од унгарската полиција која ги препратила до блискиот центар за регистрација на мигрантите. Повеќето од нив изјавиле дека дошле директно од границата меѓу Македонија и Грција, пренесува AFP.
Северот на српската покраина Војводина на границата со Унгарија е во исчекување на големиот бран бегалци. Се очекува дека од вторникот на подрачјето на Војводина бројот на пристигнатите мигранти повеќекратно ќе се зголеми, откако македонската полиција и војска во текот на викендот одлучија да ги дозволат нивното масовно минување./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Додик се сретна со Нетанјаху

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска во Ерусалим се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Додик го поздрави и разговараше со израелскиот премиер Нетанјаху, кој е говорник на Меѓународната конференција за борба против антисемитизмот, на која присуствува и претседателот на Република Српска, пренесува РТРС.
Претходно на конференцијата Додик зборуваше за пораките за поддршка од Република Српска за Израел и рече дека високиот претставник за Босна и Херцеговина Кристијан Шмит се обидел да го спречи неговото доаѓање на конференцијата.
Регион
Вучиќ: Во понеделник ќе почнам со консултации за составот на новата влада

Претседателот Вучиќ вечерва најави дека во понеделник ќе ги започне консултациите за составот на новата влада.
„Ќе видиме што ќе кажат тие што го имаат мнозинството, дали сакаат да формираат влада или сакаат да одат на избори. Чекам прво да ми кажат претставниците на мнозинството, тие што имаат гласови да изберат нова влада, дали ја сакаат таа влада или сакаат да истече времето и да одат на избори. Значи, има две опции“, рече тој.
Тој посочи дека штом му кажат дека обезбедиле мнозинство за мандатарот, негова уставна обврска е да им даде мандат.
Штом ќе ме убеди опозицијата дека имаат 126 гласа, јас ќе им дадам мандат. Значи, тие доаѓаат кај мене, велат имаме 126 гласа за таа влада, во тој момент добивате мандат“, рече Вучиќ.
Регион
Три земјотреси за еден час: се тресеше во Грција

Три земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, денеска ја погодија Патра, на западот на Грција, јавува „Катимерини“.
Сите три земјотреси се случиле за речиси еден час, а епицентарот бил на околу пет километри од општината Еримонтос.
Според податоците на Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, првиот земјотрес се случил во 12.21 часот со измерени 2,9 степена според Рихтеровата скала.
Вториот земјотрес се случи во 13.11 часот со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, а третиот земјотрес е регистриран во 13.14 часот и беше со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала.