Македонија
Почина 25-годишен пациент од свински грип во Скопје
Почина 25-годишниот пациент, кој во многу тешка состојба беше донесен на Клиниката за инфективни болести на 28 ноември. Уште четворица пациенти се на респиратор
„Починатиот пациент навреме е пратен на Клиниката. Во последното деноноќие на Клиниката се прегледани 34 пациенти со симптоми на новиот грип од кои 13 се хоспитализирани. Кај 50 отсто од нив има влошување на основната постоечка болест што ја имаат, а тоа е хронична опструктивна белодробна болест која бара кислородна поддршка“, изјави доктор Жаклина Шопова од Клиниката за инфективни болести. Таа посочи дека моментно четворица се наоѓаат на респиратор и имаат засегање на респираторниот систем. На респиратор, рече таа, се двајца мажи на возраст од 28 и 55 години и две жени со 32 и 51 година.„Апелирам до сите граѓани да ги следат сите упатства дадени од Министерството за здравство и ако имаат симптом кој не е адекватен од она кое е назначено за симптоми на грип, ќе треба да се упатат кај својот матичен лекар кој ќе ги испрати до сооветна институција“, додаде Шопова.Претседателот на Комисијата за пандемски грип Јованка Костовска вели дека според податоците на Институтот за јавно здравје, клинички за грип за минатата недела пријавени се 2.770, но бројот е многу поголем бидејќи има многу лица кои се лекуваат дома.
Само минатата недела хоспитализирани 140 лица„Претходната недела во Македонија беа хоспитализирани 140 лица во инфективните одделенија. Во моментот на Клиника за инфективни болести во Скопје се хоспитализирани 113 лица, во Воена болница 24 лица, на Детска клиника 74 лица и на Институтот за белодробни заболувања Козле околу 40 лица“, вели Костовска.
До сега вакцинирани се 1.540 лица од кои 800 се здравствени работници, а 740 се од ризичните групи. Од овие 740 вакцинирани најголемиот број се од Скопје. Во текот на викендот се вакцинирани 200 лица, а само денеска до 12 часот околу 60.
„Во вакцинацијата за ризичните групи предничат големите градови и освен Скопје тоа се Битола, Велес, Куманово. Во однос на вакцинацијата на деца многу е помал нивниот број, пет до 10 деца се вакцинирани. Најголемиот број вакцинирани се лица над 60-годишна возраст, а останатите се од 30 до 60-годишна возраст. Досега немаме пријавено ниедна несакана реакција од вакцинираните. Луѓето се свесни дека треба да се вакцинираат и очекувам дека наредните денови ќе биде поголем одзивот“, рече Костовска.Таа упати апел до населението да се вакцинира, бидејќи, како што појасни, тоа е единствена мерка во моментов што може да ги заштити од грипот посебно ризичните групи бидејќи вакцините се наменети за нив. Нема податоци за вакцинирани бремени жени.
При пандемија ќе се затворат училиштата„Ако навистина има епидемиолошка состојба со голем број заболени, можно е Комисијата за пандемски грип да одлучи распустот за учениците да започне од Нова година со Божиќните празници и понатаму. Многу е битно дали тогаш ќе биде пикот, дали треба понатаму да биде подолг распуст или токму пред Нова година. Ќе ја следиме состојбата, се уште е рано до 20 и 25 декември за таква одлука. Ќе ја следиме состојбата и во градинките“, истакна Костовска.
Поголеми капацитети во болниците
Според Костовска, Воената болница се проширува со дополнителни одделнија и можеби од утре веќе ќе почне да функционира со кадар од останатите клиники во државата.
„Простор и опрема има и со дополнителен кадар од останатите клиники, таму може таму да се згрижуваат и возрасни лица. Во оперативнот план е зацртано и ако тоа не е доволно ќе се ослободат дополнитлени клиники- може да биде пулмологија, реуматологија, кожно-венерични итн. и сите оние што не е неопходно да се лекуваат во болница во тој момент да се испуштат во домашни сулови за да се пренаменат тие оддели за лекување на заболени од грип, додаде Костовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

