Контакт

Општество

СЕММ: Потпишале Повелба за етика, но не се придржуваат кон неа

Објавено пред

Советот за етика во медиумите, од почетокот на годинава примил речиси 90 жалби за необјективно и неетичко известување од страна на дел од медиумите.

dobivaj vesti na viber

Во најголем дел станува збор за портали, а од Советот очекуваат оваа непопуларна практика да продолжи и во предизборието.„Подобро самите да се регулираме, отколку некој друг да нѐ регулира“, порача до медиумите Драган Антоновски, претседател на Советот за етика на медиумите во Македонија на прес-конференција во понеделникот, на која ги повика медиумите да известуваат објективно и професионално, особено во предизборниот период. За таа цел, СЕММ изготви посебна Повелба за етичко известување, која беше презентирана пред новинарите, а до сега Повелбата ја потпишале дури 92 медиуми, но многу од нив не се придржуваат до неа.„Најголем дел од жалбите се однесуваат на отсуство на второ мислење во текстот, мешање на мислења и факти, како и коментирање во текстот. Исто така, говорот на омраза и натаму е присутен“, рече Мирче Адамчевски од СЕММ.Дел од медиумте се опоменати, некои допрва ќе бидат опоменати, а оние кои нема да се придржуваат до правилата ќе бидат исклучени од СЕММ како што се случувало и во минатото.Повелбата бара од новинарите да почитуваат осум принципи: принципот на вистинитост и објективност, принципот на избалансираност, на јасна дистинкција меѓу информациите и коментарите, потоа чесност и неутралност, професионална солидарност, уредувачка независност и професионален интегритет, почит и толерантност и слобода и одговорност./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства

Објавено пред

Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.

Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Поплавувања и штети од пороен дожд и град во Куманово, Старо Нагоричане и Липково, се очекува зголемување на водостојот на Лепенец

Центарот за управување со кризи информира дека заради локалните врнежи на дожд има пријави за поплавувања и штети од град...

Македонија8 часа

Осомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски – Палчо, спроведен во Кривичниот суд: одреден му е притвор од 30 дена

Осомничениот за двојното убиство во Скопје и Велес од ноември минатата година, Љ.П. кој на 15.05.2024 година беше екстрадиран од...

Македонија8 часа

30-дневен притвор за судијата Наќе Георгиев

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал...

Македонија9 часа

Одземање на пасошот и мерки за претпазливост за Иџет Мемети, бара Обвинителството

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот...

Македонија12 часа

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, им забрани на вработените на Клиниката за токсикологија да даваат медиумиски изјави...

Македонија12 часа

Повеќе од 100 отсто зголемен бројот на претставки за дискриминација во 2023 година, Комисијата се жали на ограничен буџет и малкумина вработени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација минатата година добила двојно повеќе претставки во однос на 2022 година. Денес, Комисијата...

Топ13 часа

Загина маж во Кичевско: со возилото излетал од патот

Вчера во 13.00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Трапчин Дол, кичевско, патничко возило...

Топ13 часа

Тело на маж извлечено од Вардар кај Камениот мост – засега не е познат неговиот идентитет

Вчера, околу 20 часот, тело на машко лице било забележано од водите на реката Вардар во Скопје. Според изјавите на...

Македонија14 часа

Одземен имунитетот на судијата Наќе Георгиев, Обвинителството отвори истрага и против Мемети, но за него не се бара притвор

Обвинителството отвори истрага за врховниот судија Наќе Георгиев и за членот на Советот на јавните обвинители, Иџет Мемети, кои се...

Македонија14 часа

МВР утврди неправилности: забавниот парк со панорамско тркало во Карпош ќе биде отстранет

Постапувајќи по допрен глас дека во Скопје, на подрачјето на општина Карпош, поточно пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, без соодветни...

Свет14 часа

Франција го поддржува Хаг во повикот за налог за апсење на Нетанјаху

Министерството за надворешни работи на Франција соопшти дека ја поддржува независноста на Меѓународниот кривичен суд и неговата борба против неказнивоста...

Македонија15 часа

Претрес и кај Иџет Мемети во случајот со барањето поткуп

Синоќа, по наредба на судија на претходна постапка, извршен е претрес во домот на членот на Советот на јавните обвинители,...

Свет16 часа

Најмоќната серија земјотреси во последните 40 години: јужна Италија за пет часа регистрира 150 потреси

Речиси 150 земјотреси, најсилни во последните 40 години, се регистрирани вчеравечер и утринава на полињата Флегра во близина на Неапол...

Свет17 часа

Едно лице загина во напад со украинско беспилотно летало во регионот на Белгород

Една жена загина, а три лица се повредени во напад со дрон на Вооружените сили на Украина врз автомобил во...

Свет17 часа

Најмалку 10 лица повредени од удар на гром во Дрезден

Најмалку десет лица се повредени, од кои четворица потешко, во удар на гром за време на краткото, но силно невреме...

Свет17 часа

Во Полска уапсени девет лица за акти на саботажа во име на Русија

Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека полицијата уапсила девет лица кои извршиле саботажа во Полска за услугите на Русија. „Во...

Македонија1 ден

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Врховниот судија Наке Георгиев е уапсен поради сомнеж за примање поткуп. „Денеска 20 мај, лишен од слобода е судија од...

Свет1 ден

Нови детали за трагедијата во Иран: технички дефект е причина за падот на хеликоптерот, јавуваат иранските медиуми

Причината за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото, јавува иранската...

Топ1 ден

За пари, син со нож му се заканувал на таткото во Велешко

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело загрозување...

Македонија1 ден

Шверцувале мигранти од Босна и Херцеговина во Хрватска: на цариниците им плаќале по 1.500 евра

По спроведена истрага, УСКОК поднесе обвинение пред судот во Осиек против групата, во која беа вклучени двајца царински службеници, осомничени...