Регион
Над 40 членови на PKK уапсени во Турција за тероризам

Турската полиција спровела операција во југоисточната провинција Ширнак, во која се уапсени 43 лица кои се осомничени за припадност на подмладокот забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), поради наводна подготовка на атентати.
Според полициски извори на коишто се повикува весникот Hurriyet, уапсените се осомничени дека подготвувале низа терористички напади на 7-ми јуни, кога во Турција ќе се одржуваат парламентарни избори, за кои се смета дека се значајни и оти ќе покажат дали владејачката конзервативно-исламиска Партија на правдата и развојот (AKP) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган сé уште ја има поддршката од значителното мнозинство избирачи.
Седумнаесет лица, од кои четири малолетни, биле уапсени во градот Силопи во мугрите во средата, на чии улици се појавиле и оклопни возила, а 26 во други области на покраината Ширнак, и сите се осомничени за припадност на Патриотското револуционерно младинско движење (YDG-H), кое се смета за огранок на PKK која е ставена на листата терористички организации во Турција, ЕУ и САД.
Во операцијата биле ангажирани голем број полициски полицајци под маски, а во текот на приведувањата се слушнале и истрели. Според турските власти, акцијата била насочена против лица кои учествувале во повеќе насилни улични протести во минатото, а се планирале напади за денот на изборите. Налози за притвор биле издадени за уште 37 лица, по коишто полицијата трага, рекле соговорниците на весникот.
Во октомври 2012 година турските власти започнаа мировни преговори со лидерот на РКК, Абдула Оџалан, кој е заточен на доживотна робија откако беше уапсен и грабнат од припадниците на турските тајни служби во Кенија во февруари 1999 година. Во јуни истата година, тој беше осуден на смрт за тероризам и предавство и затворен на островот во Мраморно Море. Казната подоцна под притисок на меѓународната заедница беше заменета со доживотен затвор без право на помилување на островот Имрали во Мраморното Море јужно од Истанбул, откако под притисок на меѓународната јавност му беше заменета смртната казна. Со овие преговори требаше да се дојде до решавање на триесет ипетгодишниот турско-курдски судир за автономија на Курдите во кој загинаа над 40 илјади луѓе.
Според планот двете страни преземаа обврски, со кои требаше да се стави крај на долготрајниот конфликт. Дел од обврските беа исполнети, и во согласност со планот, PKK официјално прогласи прекин на огнот од 21-ви март 2012 година, кога се прославува курдската Нова година. Повлекувањето на курдските милитанти од турската територија кон планината Кандил во северен Ирак требаше да заврши на 15-ти август 2013 година. Наведениот датум зависеше од тоа дали Турција ќе ги усвои реформите со коишто ќе гарантира поголеми права за курдското малцинство, коешто според процените го има околу 15 милиони, што претставува 20 отсто од вкупното населени на Турција коешто брои 76 милиони луѓе. Курдските борци ја прекинаа таа операција пред една година, оценувајќи дека владата во Анкара не ги одржала ветувањата за реформите во полза на курдското малцинство.
Процесот на решавањето на курдското прашање беше загрозен и со протестите на курдското население откако џихадистите од Исламската држава преземаа повеќемесечна офанзива за заземање на Кобани, третиот по големина курдски град во соседна Сирија, а турските власти не дозволуваа пребеганите курдски борци или доброволци да се вратат и да го бранат градот. Во тој период зачестија и нападите врз турските војници. Во март година Оџалан ги повика своите поддржувачи да одржат конгрес на кој ќе се расправа за мирно решавање на курдското прашање./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Тројца загинати и седум лица во тешка состојба по превртување на автобус кај Сремска Митровица

Состојбата на повредените во тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Сремска Митровица, во која животот го загубија три лица, и понатаму е сериозна, изјави денеска директорот на Општата болница во Сремска Митровица, д-р Војислав Мирниќ.
„Хоспитализирани се 39 пациенти. Од нив, седум се со потешки повреди и се наоѓаат на одделенијата за интензивна нега, додека 15 пациенти се подготвени за отпуст,“ рече Мирниќ.
Тој прецизираше дека 13 пациенти од Одделението за општа хирургија и двајца од Одделението за ортопедија се во стабилна состојба и наскоро ќе бидат пуштени дома.
„Се врши дополнителна дијагностика за сите пациенти, а во наредните 48 часа очекуваме уште дел од нив да бидат подготвени за отпуст. Посетите во болницата се дозволени од 14 до 16 часот,“ додаде Мирниќ.
Во несреќата, која се случила на патот меѓу Сремска Митровица и селото Јарак, загинале три лица – две на самото место и едно во болница, од последици на тешките повреди.
Вкупно 61 патник бил прегледан во митровачката болница, а 39 лица биле задржани на лекување. Осуммина се на интензивна нега, дваесетмина на општа хирургија, а единаесетмина на ортопедија.
Еден пациент е префрлен во Ургентниот центар во Нови Сад, а друг во Белград на понатамошно лекување.
Автобусот на превозникот „Сирмиум бус“, кој превезувал работници, под засега непознати околности излетал од патот и се превртел. Возачот на автобусот, Д. К. (1955), е уапсен поради сомнение дека ја предизвикал несреќата во која загинаа три лица. Нему му е одредено задржување до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежното обвинителство со кривична пријава.
Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.